Тогаш нека бидам аматер претеравте со белиот крем ми се пријаде сега инаку и ја сум по белото, не крем само, ванила, кокос, бело чоколадо
Ова намерно сега а шала на страна, внимавам со благото, бев на рестрикции со месеци а сега од време на време зимам по нешто
Ќе излезат еднаш со тебе или ќе слушнат нешто за тебе и одма даваат заклучок. За човек добро да го знаеш треба да седне да направиш нормален длабок разговор и да го сослушаш а не така.
Многу тешко ми падна денес кога видов како човек, бос, проси. Седнат покрај семафорите кај Бисер и Капитол.... Мн тажна слика. Срце ми се скина. Дали некој има информации за човекот..? Дајте да помогнеме. Гревота е.
Роденден ми е денес и мислев дека ќе се чувствувам исто како што се чувствував сите овие денови, дека денов ќе ми помине како и сите други, ама една другарка толку ме изненади, искрено не очекував.. Ми пиша и ми се јави точно во 12, зошто минатата година ми го промаши роденденот за еден ден, мислела дека ми е на 27ми и еве ја една година покасно уште ми се извинува за тоа. Иако е негде на гости, се затвори во вц и пола саат ми збореше, ми кажа дека исто како на неа оваа година ќе ми биде најубава за разлика од претходнава (and I sure hope so), ми кажа планови за во иднина, што да правам во животот, дека се ќе биде ок, ме викна наредната година со неа во Лисабон. И толку ми даде сила, волја и надеж дека се ќе биде подобро, дека едноставно некои работи ми се стопирани во животот заради короната но дека за некој месец ќе тргне, и жими се и верувам. Колку само може една ситна работа да ти го направи денот.. А вас ве частам торта, сокче, алкохол кој каков сака, слики нема, ме мрзеше да барам по нет ама ќе прикачам слика од тортата кога ќе ми стигне во соодветната тема, виртуелно да ве насладам.
Никогаш ама баш никогаш не ги делете луѓето на сиромашни и богати... Никогаш не бирајте другар/ка, партнер/ка, маж/жена.. по тоа колку има, на кого е дете и од која класа друштво спаѓа... Секој човек е од месо и крв, секој човек исто тагува и исто се радува... Да... баш од оние што ги нарекувате "ниски и сиромашни" ете од нив можете да го добиете она што со никоја пара не се купува... Внимание, љубов, сочувствителност, поддршка, рамо за плачење ќе ви бидат, причина за радост... ќе го разбереш тоа тогаш кога ќе имаш некој моќен маж ама сите овие работи ќе ти фалат што предходно ти ги набројав... Парите не топлат колку што знае да стопли една искрена прегратка на две души на кои им е посладок сувиот леб зачинет со љубов и разбирање отколку луксузната маса со најскапа храна зачинета со грутка во грлото... П.С. Сакајте го човекот по душата, немојте по длабочината на џебот... Џебот се празни а карактерот, почитта и љубовта остануваат вечно... Вие бирате
убав ден, јас наспана после 5 години се надевам нема некој да ми го расипе денов Ви посакувам на сите да имате исполнет ден со среќа и насмевка на вашите лица и околу вас. П.с. ќе се почастам со чоколадо (1 ред, не цело ) да ми биде уште поубав денот
Кога гладот тропа на врата, љубовта бега низ прозор. И не значи дека богат маж по дифолт е лош како партнер. Напротив, има уште толку можности да си дозволи да ја направи жената среќна и задоволна. Зашо судите според вашето искуство? Не се сите луѓе исти, јбг. Има и богати среќни и несреќни, има и сиромашни. Има и богати добри и лоши, има и сиромашни добри и лоши. Не е грев да не сакаш да се задоволиш со сув леб. Или пред да се заљубиме треба изводи од банка да бараме, па ако е сиромашен океј може, ако е богат, нееее бегај подалеку ти зло на денешницата...
Епа не му беше тоа поентата де. Каде тоа рече дека треба да бираш сиромашен пред богат или обратно?! Треба еднаков да ти биде третманот кон двете категории луѓе. Ако нема пари не значи дека нема мозок и дека нема желба за подобар живот, амбиција за да постигне нешто или респект и почит кон тебе. И обратно.
Мн погрешно си го разбрала мојот пост за жал.Оние кој вистински се сакаат,неможе сиромаштија да ги раздели.Членката убаво објасни погоре,да не се повторувам.
Сончев, пријатен ден. Петок. А јас? Јас часови имам. Ама уште малку. Ќе издржам. Потоа викенд, јеееј!!
Во каква држава живееме ние човече. Добро, тоа на сите ни е јасно, ама секој ден се поблиску сме до дивиот запад. Размазен тинејџер управувал со возило кое согласно возраста немал право да го управува и согазил човек, кој патем е еден од најдобрите хирурзи во државата. Професор за пример и човек со племенито срце. Едно од најубавите полагања го имав кај него. Не ми е јасно бе. Какви се овие родители кои им дозволуваат на своите сеуште малолетни деца да управуваат со возило?! Да, одговорноста треба да се бара кај тие што дозволиле 16 годишник да управува со BMW. Денеска е докторот, утре некој друг човек. И така здрав, прав, работоспособен ќе те собере некоја будала со здивени хормони и ќе ти го сврти животот наопаку. Каков ужас човече! Родители, отворете очи еј!!! Искрено се надевам дека ќе се опорави професорот. Навистина, еден од ретките на медицински факултет, сталожен, смирен и коректен.
Ретки се луѓето кои мислат дека љубовта секогаш поведува. Не мислам само кога се во прашање пари, туку општо - се'. Понекогаш и јас сфаќам дека не е така. Друго, често знаеме ради сопствени комплекси да ја бараме вината во друг. Еве пример: ќе го изнервирам дм, ќе ми возврати и одма си мислам леле дека сум грда или дека сум глупа вака се однесува. А нема врска, така се однесува оти 2 дена му се качувам на глава. Е сега, не те познавам и не те напаѓам да не ме сфатиш грешно. Пишувам општо, бидејќи често во темата ја има дебатата за пари, па да не охрабриме некој уште повеќе да мисли дека парите се единствена светиња и единствен проблем. Ништо лично.