Седам и читам некоја статија по порталиве, во изобилие политика преовладува па често гасам кога ќе видам лош превод или лошо сврзана проста реченица. Порано не ми сметаше, не знам зошто веројатно не преферирав да читам нешто, сега да отворам да прочитам нешто квалитетно, со убаво избрани зборови сврзани многу тешко може да се најде. Разочарувачки е што денес за новинари и текстописци се сметаат луѓе кои не го усовршиле знаењето добро. Сите можат денес да купат домен и веб сајт и да направат сајт и да се наречат новинари. Изобилуваат глупи наслови за прегледност и сметаат дека прегледноста се исплати. Краток текст и слика и глуп наслов е еднакво на театарска претстава,некоја смешна со квази глумци кои мислат дека имаат талент за глума. ___________________________________ Државата ни ја газат луѓе без моралитет со чест на исклучоци. Невини луѓе паѓаат додека оние вистинските се смеат од страна. Македонија не е тоа што беше пред години и години,повлечена и тивка самостална земја. Не прифаќањето на фактичката состојба дека влезот во Еу е далеку подолг трнлив пат за одење доведе до притисок на посилните страни да одбиваа согласност. Секоја година месец,ден, минута им одѕвонува во глава за Еу да се прошири за уште едно место. Со такви долгови до гуша влезот во Еу Мкд ќе ја доведе до банкрот, економската сила ќе доживее колапс, а сиот тој притисок веќе и ја влече полека кон дното. Да се дозволи протест на друга нација која се населила пред многу години и да се дозволи веење на туѓо знаме, да се дозволи вовед на втор мајчин јазик,да се дозволи некој мерак предложен а подложен под притисок од источниот сосед е еднакво на пропалитет. За брзо нема ништо да постои, нема ни да се сеќаваат нашите деца на малата Македонија, природна убавина. Дојдоа трујачите, ја отруја своите отровни пипки, го избркаа својот народ, му забранија да се нарекува Македонец, му го ускратија право говор и правото на правда. Правда збор што е силен позади анонимност, додека во реалност е познат како мито и корупција. Ех, моја земјо Македонска каде израснав и созреав, што ти сторија!
Сите овие што протестираат заслужуваат казна доживотен затвор!!!!! Со кое лице?! Многу се прават силни, со знамиња на Голема Албанија, што сакаат, да убиваат луѓе по пат да не бидат казнувани?! Многу ми е жал што никој ништо не превзема за ова, што им е дозволено!
Секаде може да се случи. Дома, на работа, во пријателство, во љубовна врска, во родниндка врска...било каде.
Ми се јави желба за турско кафе Си сварив, полека си пиев, без моб, без нет, само јас и кафето и не мислев на ништо. Некоја минута немав мисли, тоа е напредок
Нервозна сум, лута сум, емотивна сум, бесна сум, брбливка сум уста не затварам, напати откачена сум стрвна сум по солена храна, жедна сум, подувана во стомакот сум, И ДА ВО ПМС СУМ!! урлам
Секогаш се чуствувам добро кога ке напишам тука дел од тешкиот период. Не знам зашто али јас така се чуствувам тука, има секогаш некој што може и знае да ме разбере, исто и да ми помогне. Никогаш не сум се срамела да го напишам тоа што ме мачи, или да го напишам мојот проблем тука, бидејки секој совет мене добро ми доаѓа овде...Драго ми е што сум тука, никогаш не се покајав што го направив профилов, затоа што од тука исто многу драги луге запознав во живо, исто запознав луге што ми помогнале, тоа никогаш нема да им го заборавам. Уште еднаш драго ми е што сум дел од форумот, научив доста вредни работи од тука
Во последно време гледам повеќе запросувања, регистрации на личности кои ги знам. Може не ми се блиски, ама искрено, од срце се радувам за нив. Многу ми е мило кога ќе видам дека постои вистинска љубов меѓу нив и дошло момент да си ја крунисаат љубовта. Тоа ме исполнува со многу позитивна енергија. Денот магично ми станува убав и среќен. Нека има што повеќе вакви убави вести кои ќе ми го исполнуваат со среќа срцето Нема ништо поубаво од тоа искрено да се радуваш на туѓата среќа
Кога веќе лажете на форумот држете се до лагата. Не планирам да ви вадам минати мислења за да ве демантирам. Не ми се троши време на измислени светови.
Некој да ми кажеше дека ќе почнам да ја слушам Мајли... Ама периодов не знам колку пати ги пуштив Midnight sky и Night Crawling (Били Ајдол ). Од тотално антипатична до тотално beloved. Исто, текстот и спотот на Mother`s Daughter! Неофицијалната „химна“ на протестите во Полска. „DON`T F*CK WITH MY FREEDOM!“
Лоша мајка сум и детето го оставам на таблет колку време сака. Јбг. Ама едно ми е. Са ќе го разгалвам, разгалвам. :с
Сдк 1: Понекогаш на Фејсбук наидувам на видеа со животни спасени од улица, напуштени, затворени или врзани некаде и потоа вдомени, тоа е едно од најубавите работи што можат да се видат. Како животот им се променува, од исплашени и несреќни стануваат среќни, благодарни. Или најдени повредени животни или малечки бебиња животни кои од некоја причина останале сами, па биле згрижени додека не' се опорават и вратени назад во нивното природно живеалиште. Толку многу љубов. А не како што, за жал, повеќето постапуваат: убивање, труење, мачење на животни. Човекот треба да биде таков како во првиот пример: да пружа нега и да помага, оти сите души на овој свет се еднакви. Но, човекот многу често себеси се смета за Бог. Тој други луѓе ги гледа како суштества испод негово ниво, а не па животни. Навистина ми е многу жал што ова морам да го пишам, ама човекот станал најголем ѕвер што шета на Земјава. Не требаше да биде така. Човекот се претвори во зло. Среќа, се' уште има добри луѓе што влеваат надеж, инаку официјално ќе беше дека се' е отидено по ѓаволите. Сдк 2: 2021 година и луѓето се' уште не ја сфаќаат сериозно депресијата како болест. Ќе слушнат вест дека некој си го одзел животот и му се чудат. А кога тоа ќе го направи некој близок, си викаш како, зошто, кога не знаевме ни дека има некој проблем. Не слушавте, не гледавте, затоа. А има сигнали ама незабележани и несфатени сериозно.