1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Тато секогаш за роденден не прашува што сакаме,до лани секогаш имав одговор,но овој 12ти роденден реков ништо дека не сакам,да сме живи и здрави сите,другото е не битно,но тој ми купи телефон,кој го расипав по 3 месеци. :rofl:
    И сега го праша брат ми што сакал за роденден,брат ми кажа голема кола на далечинско и ајде одиме во Џамбо сега да купиме таква кола.
    И најдовме една голема убава на далечинско,скапа,небитно колку беше и сега едно детенце со мајка му исто бараа некоја кола,ама детето на возраст на брат ми,запна да му ја купат таа кола како брат ми што купуваше.И мајката му вика на детето,ама јас немам пари за таква кола,остави ја таа,ќе најдеме поубава.Детето кога почна да вришти да ја тепа мајка му зошто не му ја купува колата,јас ја земав колата од брат ми,му кажав дека оваа кола не е е убава и ќе најдеме поубава,брат ми ми рече добро и отидов до детето и му реков:-,,И брат ми нема да ја купи колата,не е убава,ќе најдеме поубава" и детето ме послуша,најдовме една кола,многу поефитна од претходната,исто на далечинско,пластична и малечка и брат ми и детето купија таква.Брат ми не беше многу задоволен,ама сега што да му правам. :D
    Кога плативме на каса,жената ми се заблагодари дека сум и помогнала да го убеди син и и да не ја брука низ продавницата и јас и реков нема проблем,ама секако бев многу задоволна,затоа што сакам да помагам многу на луѓето. :)
    А исто така,завчера со мама сите работи од плакарите што не ни беа точни,мали ги собравме во ќеси и тато ги однесе на луѓе што им се потребни. :)
     
    На rose60, hermosa, SparkyAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас не ја љубам зимата не заради снегот, мразот, ниските температури и фактот што градов изгледа мртов. Туку затоа што секој ден губам по 15 минути од животот за да си го најдам капутот на семејната закачалка!
     
    На Anna-Banana, Adi888, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    класот ни е многу немирен и недисциплиниран, а јас слушам и ќутам на час...па свикале совет и на сите поведенијата ни ги намалија...е да бе, оти и мене ко стално ќутам...е баш ни чини системот...
     
    На sofija.rey му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Вчера - лејдис најт! Другарка ми наполни 32 години, седенка во еден ланч бар, нешто слично на ирски паб, друштво од 8 разгракани жени, алкохол во умерени дози, висококалорична вечера, стрв за дружба, паѓање во несвест од смеа, се на се, прекрасна вечер. И фативме една тема, онака без врска, дека ја раситнуваме четириесетката, дека кај повеќето од нас почнуваат да се јавуваат првите седи влакна и едната од девојките искоментира: „Па што очекувате кога сме стари?“ И за момент настана еден непријатен молк, како секоја да се задлабочи во своите мисли и да сакаше да размисли колку од зацртаните цели изреализирала досега и дали веќе за исполнување на некои од истите е доцна. Ја прекинав тишината со коментар дека воопшто не се чувствувам остарено, но на лицата на повеќето се забележуваше како некој тап грч на нелагодност. Секоја од нас се обидуваше да направи шега на своја сметка, но забележливо беше дека погледите им бегаа завидливо на другата маса, каде што седеше друштво на отприлика дваесетина години.Вечерта ја завршивме со по еден топло-ладно десерт иако верувам дека добар дел од моите лепотици се чувствуваа исто како колачот, со топли, ладни и нагризани чувства.
    Денеска направив една анализа на вчерашната констатација и неможев да си објаснам зошто ни една не се спротистави на коментарот, како сите да се согласуваа со изјавата или им беше страв да отворат дебата. Јас се чувствувам созреано, поискусно, поисполнето, но никако остарено. Дваесетгодишничките до нас секако имаа подобро тело, можеби и помазна кожа, иако според мене и тоа е релативно и предиспозиција на наследниот фактор, имаа убава облека, симпатични додворувачи, ништо повеќе немаа од нас, единствено што имаа помалку, беа само годините. Се во свое време, секоја животна доба има своја убавина, зошто наместо да се радуваме, почнавме да се плашиме од родендените? Годините се само бројка, а младоста се чувствува во духот што со себе го носиме.Се додека имам причина да живеам и додека имам кој да ме радува, ќе се чувтвувам полна со елан и енергија. И никогаш нема да престанам да сакам туфни... :emo:
     
    На rose60, bittersweet, senza.parole и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Значи неможам да поверувам колку лоши луѓе постоеле во светот :x
    Многу тешко да најдеш некој кој ке ти помогне и ке биде вистински пријател со тебе а не да биде дволичен и само да те лаже гледајќи те во очите ..
    Некогаш помислувам дека нема да имам никаква корист да бидам добра со сите, а и веќе нема да бидам добра со сите па потоа да се чувствувам искористена ,само да те бараат кога им требаш а мене кога ми треба помош тие не се тука или немаат време .
    Е готово неможе така!
     
    На hermosa, eliesaab, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Било па поминало-минато е, но траумата е сеуште тука ..
    Далечна 2007 кога имав 9 години немав страв од тетките и чичковците во бели мантили и слободно им давав да ми го прегледаат грлцето да не е црвено, и кога ми велеа дека сум најхрабторо девојче кое не се плаши од белиот мантил а јас слатко се смеев и си ветував дека секогаш ќе бидам таква.
    Поминаа 7 години а јас сега имам невиден страв од нив и се плашам како сега да имамм 9 години а не 16.
    Одам денеска да си ја проверам крвта, чиста проверка а јас цела бледа и не можам да поднесам да гледам како ми ја вадат сопствената крв :fubar:
    Таа ден пред 7 години ми го промени гледиштето кон животот, ме нарпави по слаба и храброста како да ја изгубив. Немаше да биде толку лошо истото да не се повтореше уште еднаш, и уште еднаш да се уверев колку се лоши условите во нашето здравство и како докторите може да се зафркаваат со вас.
    Лошо е да одете по лавиринтите на нашето здравство бидејќи знам од сопствено искуство какви услови имаме ние во Македонија. Секој кој има желба во нашата држава се запишува на медицина но важно е да имаш и цврсто :l: . Јас имам голема желба да учам медицина но неможам да издржам да гледам повредени лица рани, крв или други работи со кои се соочуваат докторите во својата работа.
    Не дека не сум храбра во животот, се борам и никогаш не се одкажувам, не сум храбра само во едно нешто одењето на лекар, и гледањето крв. Од тој страв од лекар почнав да пијам секаков чај, а пред тоа не ни го помирисував а сега не можам да си го замислам денот без да се напијам чај. Како растам стравот е поголем а јас немоќна во тоа поле наместо апче за стомак кога ме боле пијам чајче ...
    Најважно во животот е да имаме здравје другото само ќе си дојде :)
     
    На rose60, vinozito1, Dobie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Се плашам дека веќе никогаш нема да го почуствувам за некој друг ова што го чувствувам за тебе...Се плашам дека на никој веќе нема да му дозволам да ми се доближи толку многу како ти што успеа и повторно да ми го скрши срцето... ;(
     
  8. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Ana Jones got a job :) :makeup: :dance: :party: :rock: :nod: :^: :d: :muscle:
    Ana Jones got a job!!!!!!!!!

    :* Поздрав до сите и не губете надеж!
     
    На Trnche, anggell, Buttterfly и 38 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    40.003
    Пол:
    Женски
    Хасефе се омажи, а јас уште во врска, ццц :D
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Што има толку интересно во мешање во мојот живот?Сите ги интересира што се случува,како...Моите најблиски ги кажуваат моите тајни и сл.,сите се чудат од мене.И после ми викаат "Многу си сменета"..епа имај го мојот живот па не се менувај ! :@ :@
    Што се тиче мени сите во затвор би ги ставила..
    Но и покрај ужасниот ден,ги видов тие прекрасни сини очи пробуваа да кажат нешто,ахх ке видиме :$ :inlove:
     
    На rose60 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  11. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    што ме следиш по форумов ? :^) па јас не сум крива што те остави бившијот како партал искинат и што си ја најде сречата кај мене :lol: м.м.м.м.м :inlove: милина
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.315
    Пол:
    Женски
    Е богами нема никоја таква како мене :D Твојата класна да ти каже дека не е Нобелова Награда тоа што се и Гинисови рекорди,кога ти ке ги измешаш.Бруки,хаха. :lol: :rofl:
     
    На summer-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе иам една фиока за свашта,ама буквално свашта,и више 20 минути барам црн лак внатре,ама слабо.Све,све и свашта најдов,дури и беџот што ми го немаше некни.А црн лак нигде!Све превртев ебаго.А таа па под неа не се отвара од што е преполна,дека ги средував некни нели.:wasntme: Може и таму да е лакот,којзнае.
    Значи буквално можам се да ископам освен тоа.Отвараш и гледаш кожна ташница с'рајфишлус(педеруша),бријаќи прибор-комада 1,пешкириќ,наочари без лево окно-комада 1,решо с'гајтан- комада 1..
    Нигде лак,нигдееееееееее! Ќумрам.
    Најсериозно! :|
     
    На Gea, Elennaa и sweet-star им се допаѓа ова.
  14. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    На Gea и zalosna им се допаѓа ова.
  15. hurrem

    hurrem Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Од утре ќе почнам да излегувам, да се дружам и да не милсам на лоши работи. Сакам да си го вратам стариот живот. Ќе се стокмам убаво и одам во град :rofl:
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Се` што го правите со љубов и посветеност, е лесно и предизвикува насмевка на лицето.
    A не е потребно многу, само мал гест на љубов и внимание за да израдувате некого. ^_^
    Затоа и многу сакам подготвување на такви мали, но убави изненадувања. Не мора да има некоја посебна причина, посебен датум за да изнудите насмевка кај некој близок, особено некоја драга личност со која одамна не сте се виделе... :sun:
    И така, со среќа новава тема, само весели и убави работи да читаме. :D
    Ариведерчи, имајте убав викенд. :*
     
    На bittersweet, Gea, Antoninaaa и 14 други им се допаѓа ова.
  17. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Бреејј која плачка сум значи денес. За најмала ситница се расплакав. Добро, бар ќе си се олеснам.
     
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Лошата страна кога гледаш крими серии и програми како ID е тоа што кога се враќаш од некаде сама дома а поготово кога веќе е ноќ, ти поминуваат мал милион работи низ глава и си мислиш дали и ти ќе завршиш како онаа од епизодата што беше сношти. :wasntme: Поминуваат автомобили а мене секој еден од нив ме сецнува затоа што се си мислам дека подзастанува позади мене, секој со кој што ќе се разминам или подолго време ми оди зад петици си мислам дека е некој што ме следи. Абе параноја ме фаќа луѓе!
    Да не се разбереме погрешно, не дека јас стварно сум убедена дека ќе ми се деси нешто ама почнува да ме тепа психа затоа што едно месец дена само вакви некои крими работи гледам навечер и еве го резултатот, се си мислам има некоја теорија на заговор против мене, па се замислувам едно сто пати дневно кој каков пријател ми е, кој што може да ми стори зад грб и еден куп вакви слични мисли.
    А кога ќе седнам малце со ладна глава и ќе размислам, прво што правам е менувам канал и си се смеам на самата себеси какви работи дозволувам да ми влијаат.
    Ама тоа ми е најголемиот страв, да завршам убиена, силувана и фрлена на некое буниште. Не ми е страв од духови, демони или такви некои натприродни сили од кои се плашат повеќето луѓе од проста причина што не верувам во нив. Ама во човековата злоба верувам и тоа многу. Лоши луѓе за жал се повеќе има околу нас и си признавам дека они ми се најголемиот страв.
    Лоши теми почнав вечерва, ама сепак неможам да си избегам од мојата пасија спрема вакви криминачистички серии. Толку имам изгледано што секојпат кога ќе пуштам ID другарка ми ми вика дека планирам совршено убиство. :lol:
    Ми почнува емисијата, не ви препорачувам да ја гледате за да не почнете да трипате како мене.
    Имајте убава ноќ.
     
    На rose60, Gea, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Едно од најубавите чувства е кога ќе успееш да се протнеш во старите фармерки и да ти бидат комотни. :rock:
     
    На anuskaNESTLE, Gea и Elennaa им се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    88.205
    Пол:
    Женски
    Велат дека моментите на вистинска среќа траат кратко и се ретки но јас не верувам во тоа .
    Среќен човек за мене е оној кој има насмевка на лицето,човек со позитивни мислења ,што ги разбира сите работи во оваа наше бурно време ,што се соочува со се на најлесен начин ,што има семејство што го сака,човек кој што го сака животот што ужива во секој момент.Човек кој со својата ведрина и добра душа успее да насмее и да развесели се што ќе се доближи во негова близина .
    Позанавам неколку такви среќни луѓе, :) баш такви како што овде ги обишав и среќна сум што ги има во мојот живот .... :angel:
    ... сепак покрај се животот е убав колку и да имаме падови секој од нас добива нова шанса за да продолжи понатаму ...
    Ако сте ја добиле таа втора шанса не дозволувајте повторно самите да се разочарате и да ги повредите другите околу вас ,нека ви биде на ум дека среќата е најубавото чуство што човекот може да го осети.

    Имајте добра ноќ :*
     
    На Kaylie, vitomir, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.