Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Сликај им ги табличките и ќе си платат казна :)
     
  2. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Навистина форумот полека го губи сјајот.Не сум долго време чланка но доволно долго за да ми недостасуваат некои талентирани Феминќи(најмногу Трендафилка ).
    Дури и на чет не е интересно како што беше, недостасуваат некои од старото друштво. :party: :party: :party: :party: :party: :party:
    Нели Поента ве потсетува на Трендафилка. :?:
     
    На kala21, QueenElena и poenta им се допаѓа ова.
  3. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Љубовта била хемија? Фак лав! :@
    Овој по хемија сите жички од мозок му имаат откачено. Ни бара некои чудни формули кои прв пат во живот ги среќаваме. Човеку, го нема во книгата, го нема на интернет, кај да го барам?
    Ама не му се секирам... гледам само јас кревам галама. Како за сите, така и за мене.
    Денес бев на кафица кај една другарка. Уште од градинка кога бев сме заедно. Не сме иста генерација, ама ептен си се слагаме. Како дадичка ми е. Се немавме подолго време видено, позборувано, како што знаевме порано. Ептен убаво ми дојде. И временцево прекрасно е, милина :inlove:
    Плус нов симпатија си имам. Убајни!
    Само хемијава ми квари филм, ама ако, ќе пројде, што сака тоа нека биде. Краток ми е животов да се замрам за некои онака, небитни работи.

    Што друго да ви кажам освен повеќе да сакате и помалку да мразите. И остајте малце напнатост, барем понекогаш здивнете, краток е животот. Уживајте, добро е и за здравјето кое патем е најбитно. Трудејќи се да градиме кариера, да правиме пари, забораваме да уживаме. Да живееме, а не да преживуваме. Не е се во материјалното, најбитен е душевниот мир. :hai:
     
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не ме потсетувај, многу недостасува Трендафилка. Некако празен е форумот без неа.
    Некако чувствувам дека Трендафилка не чита цело време, но не ни кажува... :wasntme:
    Можеби не сум во право. Сепак, се надевам дека ќе се врати некогаш.
     
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Па оставете место за новите членови. Стално кукате по старите.
    Знам дека ви фалат, и мене ми фалат. Ама сега решиле да заминат и крај, не мора толку прашина да се крева. Повеќе и не ми се пишува на форумот од тоа..
    Криво ми паѓа од секој ваков пост, морав да се изјаснам. :)
     
    На sweet-star, Lella, Viktorijaaa5 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    во право си.....а мене најмногу ме иритираат некои девојки кои се нон-стоп присутни за одредени теми, едни исти делат памет, не ми промашува ништо-сезнајни се од секој аспект и не оставаат некој друг да си каже свое мислење, ама напросто овие лица некако се најнаметливи....
     
    На bubamara12345 и kikiviki32 им се допаѓа ова.
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Се согласувам со Џенифер.А,и се си мислам дека не гледаат од некаде и за некое време ќе пишат. :D

    Инаку,како што си поминуваат деновите се повеќе сакам да останам дете(иако веќе не сум),сеуште си практикувам некои нешта кои ги правев како дете,сеуште ги сакам,мразам и критикувам некои,но и некои ги прифаќам.Бидејќи светот е голем и суров,животот-тежок,а луѓето се премногу лоши и почнуваат да те мразат ако не ги прифатиш.

    Во последно време почнав да засакувам кактуси.
    [​IMG] :wasntme:
    :f:
     
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е друга прича. Мене ме нервира тоа што цело време се жалат по тоа како „квалитетните членови“ престанале да пишуваат по форумот. Форумот се претворил во гламстик итн. Понекогаш чувствувам дека и воопшто нас не не читаат. Нели немаме ние големо цветче а тоа еднакво дека немаме квалитетни мислења. Дискриминација се прави и по форуми.. демек не е доволно надвор од него! :D
     
    На Lella и makedonkamak им се допаѓа ова.
  9. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    ВНИМАНИЕ!!!
    Во Македонија се појави нова религија...БУДАЛИЗАМ... :swear:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.744
    Пол:
    Женски
    Уште едно чекорче поблиску до целта. 8) Ова моево е полека, ама сигурно. Добро де, не баш полека, туку ултра полека, полека со темпо на полжав. Ама не е важно тоа, важно е дека нема да има крај на среќата потоа. Ќе се заборават сите солзи пролеани и сите ноќи неспиени.
    Ајде нека доаѓа летото веќе, зимава ме огрдува некако одвнатре, ми го убива хуморот.(Иако ретко кој ми го сфаќа, ама пак..)
    Срцето ми се радува кога ги гледам моите со насмевка од уво до уво, а посебно кога причината сум јас. Ех да го имав овој ум кога бев тинејџерка, немаше да им создавам толку нервози и проблеми. Ама ајде, ќе ми се врати преку моите деца. :rofl:
     
    На richgirl998, kala21, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Беше полноќ. Таа само што се врати дома и пополека се стрча во нејзината соба без да ја осетат. Влезе во собата и го запали светлото. Насекаде имаше алшта расфрлано. Таа влезе внатре и седна насмеана на креветот. Гледајќи наоколу се загледа во огледалото. Гледајќи се му се приближи. Неможеше да се препознае, тоа не беше таа. Таа никогаш порано не изгледала ваква. Огледувајќи се пополека нејзината насмевка ја снема. Еден непознат глас како да и прозборе “Не! Ова не си ти! Никогаш порано не си била ваква. Погледни се!„. Од нејзиното око потече една солза, всушност таа не беше среќна како што изгледаше. Сето тоа било лага, нејзината насмевка, нејзиното однесување, се било лажно. “Каде е ода бунтовно девојче? Случајно да не го замени со барбика?„ таа продолжи да се огледува. „Зошто секогаш несакаш да делиш? Зошто секогаш го правиш она што другите го прават? Ти си посебна! Ни сто “барбики„ нема да те заменат! Биди своја! Таа облека не е за тебе. Покажи им на другите всушност која си ти, не некоја девојка што глуми шмизла и е цела во розево.„ Гледајки си го лицето црно од шминката што беше растечена по нејзиното лице, се насмевна и ги избриша солзите. Ги тргна сите шноли од нејзе и ја распушти костенливата кадрава коса. Ги соблече алиштата од нејзе и ги облече пижамите. Отиде до купатилото, си го изми лицето и се врати со насмевка на нејзиното лице и го отвори прозорецот и се загледа во далечната темнина. „Да, тоа не бев јас.. Ни никогаш нема ни да бидам. Ова сум јас, “заостанатата„ убава девојка.. Чудната девојка во опшеството. Зошто морам да се трудам да бидам како другите? Не сум јас тоа, не сум јас за кремски кафичи, ниту пак за техно музика. А ни таква облека не е за мене.. Несакам да бидам тоа што не сум.“ Си одјде при себе и свати дека половина час размислувала гледајки во една точка. Погледна кон чистото небо полно со ѕвезди што силно светеа и се насмевна „Тој беше прекрасен вечерва! Тој.. Тој е различен од другите.. Тој е како мене.„
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      15 KB
      Прегледи:
      501
    На Mariangela, Dog-lover, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.731
    Допаѓања:
    162.549
    Добро само јас не ги сфаќам овие дружења и излегувања со парови?
    Има два типа. Два пара кои нон стоп се заедно и делат све и свашта во животот, имаат свој затворен и ограничен свет од кој ни чекор подалеку не се оди од тој круг.
    И круг од повеќе парови кои се оговараат едни со други (најчесто жените) и се во постојан стрес дали некои со некои се договорени, а тие не се викнати. Секогаш се оговарани тие кои отсуствуваат, па така сите доаѓаат на ред.

    Мислам УАТ ИС УРОНГ УИТ ЈУ ПИПЛ?
    Може да имаш супер пријателство со еден пар, другарство да не речам, ама да сте како петок и сабота, па тоа одења на одмори, секој викенд истите фаци? Никогаш нема да разберам...
    Колку е тешко со партнерот да си имате посебни пријателства и уанс ин а уајл ете во парови во име на другарството да излезете и при тоа основната конекција да си остане, не мора ако мажите се супер, одма и жените најбоље другарки да станат и обратно. Поштовање, молим лепо, јас со другарка ми ќе си го имам поштовањето засекогаш, дечките не мора да станат најдобри другари, ниту пак би сакала да се случи со некој негов другар.
    Селски работи.

    Мене ваквите дружења ми се нездрави. Кој како сака нека мисли, ама тотално чукнато ми е кога врската има своја врска... мислам нездраво ми се однесуваат луѓето. Имам запознаено и воопшто во околина имам неколку вакви појави, луѓето се ограничени и нездрави, ако се најдеш случајно меѓу нив, леле мајко, те гледаат со циничен поглед (особено жените де) и знаеш дека ќе ти горат уши од оговарање после.

    Као досадна ни е врската, немаме муда да си ја бараме среќата на друга страна, па дај да најдеме пар како нас и да се тешиме дека постојат и други очаи како нас... па заеднички да плеткаме конци оговарајќи други.
     
    На Monna.Monna, thelittle17, Trnche и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Колку е животов непредвидлив значи.Денес те има,утре не.Кога ќе се сетам на што се трошиме квалитетно време и нерви ми се врти во стомаков.Ќе бидеш добар,примерен,ќе гледаш само за децата да има,ќе се бориш со сите сили за нив дали било правилно или не.Ќе си ја извадиш душата работејќи во некоја дупка и за нечиј газ да си го пафка прдежот некаде по плажичиња,островчиња.Ќе си речиш конечно заврши се,се средив можам да издишам рајат и БУММ од никаде,гром од ведро небо рак.На ебени 29 години бре,две мали дечиња позади себе,живот пред тебе..Па незнам,незнам што да мислам веќе. :doh:

    п.с не зборувам за мене,за член во моето семејство.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.602
    Допаѓања:
    140.343
    Мислам дека луѓево околу мене се нерационални. Мислам дека се комплетно неспособни за свое видување. Имаат став, да, но секогаш сервиран од некој друг, или 100% спротивен од туѓиот. Никој не ги гледа работите од двете страни, оти само така ќе дојде до сржта. Никој не гледа како е од другата страна, секогаш се се сведува на бескрајно инатење без аргументи, без разлика дали е за(сервирано од друг) или е против на сервираното од друг. Се изгуби разумот помеѓу луѓето. Мислат дека се многу паметни ако се контраат едни на труги. Мислам дека зборот, те разбирам и поддржувам, денес доаѓа само од психолог, нормално, ако му платиш. И затоа ќе ти рече те разбирам, за да му кешираш 1000 денари, инаку, да не се тие, и тој би станал сноб и би ви се контрал.
    Од каде таа потреба да се најпаметни, не знам. Покорност, скромност и чудење, фалат многу.
    Никој не праша зошто е ова вака. Сите знаат оти е. Сите се родени филозофи, политиколози, правници, макроекономисти, а по потреба и микро, сите го знаат проблемот и решението, а никој не направил правилно.
    Егото е тешко да се нахрани. Тешко на тие што се храна.
     
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Многу глеаш Све за љубав. :D
     
    На Monna.Monna и machhe им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Внатрешната убавина на скромните луѓе највеќе ме разнежнува, ми прираснува за срце...
    Едноставно не може, а да не ти се мили такви личности, коишто покрај многуте постигнати успеси ги краси и големо срце. Луѓе кај коишто никогаш нема да видиш ароганција, кои и покрај своите способности и квалитети никогаш не се однесуваат супериорно кон никого.
    Кога ќе им кажеш некој убав збор за нивната добра душа и ќе ти одговорат со мила, скромна насмевка, искрено ми иде да ги изгушкам ваквите... :sun:
     
    На WarriorAngel, sweet-cherry, LittlePinky и 9 други им се допаѓа ова.
  17. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    За жал е така, многу жално но дефинитивно животот небира кој ке се разболе или кој прерано си заминуваат од нашите животи :(
     
    На Be-yO-nCe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    На Moonstone.17, Hipster, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  19. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    СДК сфакаш дека е економска криза, кога на роденден ќе те почастат со изветреана кока кола. :tmi: :geek:
     
  20. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Понекогаш стварно и се чудам на "интелегнцијата" што некои луѓе ја имаат. Неможиш и неможиш да им докажиш нешто, се фатиле ко слеп за стам за тоа нивно т.н. "мислење" и толку, крај. Јас па сум седнала и се расправам :fubar: Абе остај ги таму, ти криви дрини ќе исправаш.....
    http://www.youtube.com/watch?v=v5nUnMzxo-Q