Ако немаш ништо научено, запамтено како год, и ако очекуваш молитва да упали, тогаш ништо не функционира.
Се можам да сватам, ама не можам само едно - како бе со години глумите дека некој сакате. Јас кога не сакам јадење - не го јадам, не па човек да трпам и да £&#@@!
Искрено многу често слушам тинејџери и луѓе на моја возраст како не знаат да кажат една целосна реченица на македонски без да вметнат англиски збор во замена за соодветниот македонски збор и немам баш убав коментар за појавава.
Ова: А кога сме кај Форбс, фор д рекорд, сето се плаќа за да си таму. Како што нашите плаќаат за да бидат дел од некои успешни 30 до 30 години, 20 до 20 години, бла бла. Или менаџер/ка на годината, најдобар претприемач и слично. Лаги, ПР, маркетинг и пропаганда... плаќаш за да си таму. Имав прилика да видам...
Јас ќе ви кажам кој е посилниот пол. Да требаше мажите да носат бебиња и да раѓаат, ќе изумревме како вид.
Концептот „посилен пол“ е тешка глупост, никој не е посилен, само компатибилен. Еволуција! Симетрија!
Не да ми фали, цело време се надевам дека ќе ја видам од некаде да пише и да даде поддршка кога треба, совет кога некој бара и убави муабети кога најмногу се потребни. Другарке ако не читаш чкртни ни некогаш, премногу фалиш.
Поголема глупост неможев да стресам денес, шо ме најде...? му реков дека сум заљубена во него, ми рече тоа било многу лошо.. е ај, зини земјо голтниме
Кажи му дали сака да види нешто што е уште по лошо и после не му пиши повеќе и најди си друг шо ќе те цени.
Крајно сум револтирана Семејството ми го малтретираат Не стигнале да платат сметка за струја (на работа, со обврски, гужви...) и по некаков "основ" ги исклучуваат. Ок, чудно им паднало, ама отишле платиле... И сега не им прават приклучок. Причина, камата од пред 8 години, која е застарена. Сега го приморуваат татко ми да потпише договор дека ќе ја плати за да му направат повторен приклучок. Тотално незаконски, тотално дрско и безобразно. Зборувам со ЕВН, молчеа кога прашав по кој основ тие може ова да го прават. Од Регулаторна комисија сѐ уште чекам одговор, ама очигледно утре ќе отидам таму зашто по меил не враќаат. Не може да си поигруваат со корисниците, тие мислат дека секој еден граѓанин е правно неук па тоа ќе го искористат, ама го погрешиле човекот. Моите се нервозни, јас сум надвор од себе... „Браво“ за безобразлукот, ги поминавте сите граници, ќе се гледаме во суд изгледа
Е, ај ега научи ги да не споредуваат кој бил 'посилен', па нема да има потреба од 'мерење во песокта'.
Јас не можам да одговарам за целиот машки род, како што ти не можеш ни за целиот женски. Да можев да ги научам, да бев способен до толку, би ги научил, со задоволство!
и како да се извадам сеа за глупоста? не не, не му праам муабет појке ко ке го видам, ми доаѓаше вземја да си потонам
Ова! Има и онакви што цел муабет го прават на англиски... Супер што знаат, ама не ги сфаќам зошто? It's annoying as fuck!