Јас сум една од тие. Едноставно повеќе ми текнува на англиски, отколку на македонски, а и немаме доволно изрази за секакви предмети и ситуации. Всушност англискиот јазик брои околу 500,000 зборови, додека македонскиот 65,000 зборови. You do the math. Нашиот јазик, од друга страна е всушност јазик со предвидување. Пример, дај ми го онаквото од онде да го онадам. Така да, подобро да се вметне било каков збор за да се укаже кон нештото, отколку да решаваш кванта физика во мозокот, што му треба и сака да каже писателот.
Ти можеби вметнуваш фрази или зборови за кои нема соодветен превод во нашиот јазик, секако сите го правиме тоа од време на време, ама јас зборувам за буквално испревртување на речениците, односно замена на најобични и прости глаголи и именки со истите на англиски, во секоја нова реченица.Тоа е само недостаток на основни познавања или големо влагање во филм.
И мене ме нервираше оваа појава да ти кажам се додека наша колешка шо се дружиме многу не ме зарази со по некое зборче така и се повеќе и повеќе ми доаѓаат англиски фрази особено со неа кога збориме зошто и она така си уфрла англиски фрази. Заразно е. А и мене ме нервира. Како да не знам на мој јазик да си зборам. Најтрагично ми е кога не ми текнува зборот на македонски како е. А, не дека не ни е богат јазикот, според мене имаме зборови доста ама некако дали дека се слушаме на англиски околу нас, па еве и вака некој што се дружиме ќе збори така и се си станува навика. Мене за србизмите ме караа, сум ги заразувала да зборат така. И ова ме нервира али ете несвесно... Ако некој знае како да се прекине со ваква навика да се уфрлаат зборови за работи што може да се кажат на македонски нека сподели. Се полоша ми е заразава.
Ова е бидејќи гледаме многу американски филмови и серии и на тој начин ги слушаме секојдневно, и при разговор ако дојде прилика да се изразиш поубаво на англиски со некоја фраза станува сосем нормално. А со менување на едно зборче пр. Наместо "дај ми го полначот" - "дај ми го чарџерот" тогаш ми е пресмешно и ме потсетува на сите роднини кои ги имам во Америка, кои ги користат редовно кога зборуваат македонски и ги разбирам зошто повеќе го зборуваат англискиот од македонскиот, ама нашиве за ова не ги разбирам.
Јас пак. Пред некое време објавив молба за донација, но немаше телефонски броеви, сега има. Па доколку некој може и сака
Не можам никако да им го сфатам мисловниот процес на овие што се ситат на земјотресот во Грција, што викаат дека арно им било, дури и полошо од ова да било, господ така им враќал. Од каде сета оваа лошотија, апатија, од каде олку отров за фрлање во еден човек? Ти го мислиш нормален, тој ти коментира вакви гадости. Значи некои настани дефинитивно го вадат најтрулото и најгнасното од некои луѓе.
Некоја будала ни го скршила прозорот во викендичката и се испревртел внатре .. Синоќа ми кажа комшијата, денес дојдов... и се јавив на 192... ми рекоа ќе пратиме на увид.. ОК.. 2 часа и 25мин подоцна...уште праќаат ѕвонев одново, на 8миот пат ги добив...им кажувам - вака и вака.. Ми викаат - Седете таму ќе дојдат.. Абе будало, мислиш имам време на претек па треба 4 саати да ги чекам полицајците да дојдат?! Дали ако пријавев убиство или силување ќе чекав со саати? Или семејно насилство?! Глупа тупа држава... е во таква живееме.. Си реков - ќе ги чекам уште пола саат и ќе си одам..ќе им пишам ливче, јас ве чекав вас ве немаше... После си викам - за да ми стегнат некоја прекршочна одма ќе најдат според кој член... Македонијо..земјо упропастена..
Вчера баш читав еден твит и употребен зборот “контрибјутне”... Сигурно ова не е дека немаме збор на македонски. Исто, налетав на “рилејтнете”. Конкретно, имаме и “придонесе” и “ќе се согласите” и употребата на ваквите измишљотини за мене е влегување во филм.
Ми се слушаат плочите од татко ми на грамофон. На пример да го слушнам она треперењето на грамофонот и да почне некоја мелодија од типот на Dosao sam da ti kazem da odlazim. Спојлер Инаку со сликава пораснав, да
Дали само јас сѐ уште јадам животинско царство чоколатчиња? Ептен ми се убави, ниедна друга чоколада не ми е толку убава.
Купуваш Chipsy Sticks оти ги сакаш, а бонус е што има наградна игра. Го пушташ кодот што е испечатен во внатрешноста на кесичката и добиваш порака дека кодот е искористен .
Читав за користење на англицизми па да се надоврзам на муабетов. Јас често користам зборчиња на англиски, или изрази затоа што едноставно некогаш полесно ми е да се изразам на англиски, а и некои работи поубаво звучат така. Не е дека не знам да се изразам македонски, имам прочитано толку многу литература што навистина сакам да мислам дека речникот ми е барем колку толку богат. Ама за децава/тинејџери сегашни не можам да го кажам истото. Факт е дека многу мал дел од младите читаат литература. Од мали години гледаат цртани на англиски. Користат технологија на англиски. После почнуваат со игри, филмови, серии на англиски. Братучетка ми на 7 години потечно зборуваше англиски него македонски. За тоа се криви родителите пред се. И убаво е да да се флуенти на два јазици од мали фала богу, ама барем нашиот јазик малку повеќе да си го негуваме. И да апсолутно пресмешно ми е кога ќе биде само еден збор на англиски во реченицата, ко едни нашинци од Аустралија во Грција на плажа коа се дереа леле овде има ли шаркооој
Четиво за размислување, го цититам затоа што е интервју со луѓе кои работат на зборообразувањето и објаснуваат зошто е комплексна работа. https://www.radiomof.mk/selfi-samos...hi-za-zboroobrazuvanjeto-na-makedonski-jazik/ Инаку, воопшто не е соодветно да се споредуваат англискиот и македонскиот јазик, имаат дијаметрално различен број корисници, значителна е разликата, да не речам баби и жаби
Никогаш не сум сакала да бидам од оној тип на луѓе што зборуваат како навистина се сами, и како немаат вистински пријатели,но како што созревам мојата слика за вистинското пријателство полека се руши , и сфаќам дека изгледа без разлика колку тие луѓе ми звучеле негативно и одбивно,сепак биле во право.И вечерва размислувам баш на оваа тема-дали премногу си ги сфаќам лично работите ,или навистина треба да се помирам со фактот дека нема секогаш да бидат тука кога ми се потребни