Го слушам Влатко Ѓорчев на прес и набројува села по Србија кои се вакцинирале, очекувам да викне у секој момент "Пирот, и таму победуваме". Каков лигав лик.
Ставиле на контејнерите пред зграда знак дека ги замолуваат луѓето да не фрлаат тука фотелји и бела техника. Си викам која будала ќе фати тука столици да фрла, па после ми текна дека од Охридско пред некој месец се извадија шпорети, радијатори, зарѓани апарати за домаќинство, па искинати ќебиња, постелнини, па тоа ѓубре што не ни можеш да помислиш дека некој ќе фати и у езеро ќе го фрли. 30 кубици ѓубре искочи бе, т р и е с е т к у б и ц и. Некојпат вака на момент ќе се занесам дека може тука да има подобро утре и после ќе ми текне дека некој памперси посрани у река фрла и одма освестувачки врел шамар добивам. Ти ебам стоката од народ ти ебам.
Една година +/- од ко "станав" како од тунел и сум во криза и имам ментален и емоционален распад. Частење на мене. Сакам да вервам дека е средновечна криза оти ако е 1/4 значи дека имам уште многу.
Со уличните кучиња стварно треба да се реши, што со нив, каде, како. Мора надлежните да смислат нешто! Има многу агресивни, знам ќе речат ги малтретирале па такви станале, тоа разбирам ама мора да се реши. Опасно е стварно. А и стравот е голем. Може да настрада дете, возрасен, милениче било кој. Денес ме нападна додека возев велосипед, пред некое време во двор ми влезе улично куче и го давеше моето куче. Сакам животни, многу, не се плашам ама кога ќе се ссне некое на тебе не знам колку можеш да не се исплашиш
Пред некој ден шетаме со децата кога ни се ссна едно куче и тоа одеднаш излезе пред нас, жива се стресов а тек па децата. Затоа навечер не сакаат да шетаме, се плашат од кучињата, особено кога се во група по 5-6. Мора проблемот со нив да се реши, но очигледно никој не се замара!!
Среќен 8ми март на сите жени, мајки, кралици Секоја си е посебна и убава на свој начин. Секоја да си се облекува како сака,да излегува со кого сака, да спие и откачи кого сака. Океј е и да се биде без шминка, со шминка, да се исплаче, некогаш поднапие,да си каже што си сака, да се изнавика,да биде нечија најголема поддршка, да спие по цел ден,да работи цел ден... Жената може и треба да прави што сака.
"Here's to strong women. May we know them. May we be them. May we raise them." Среќен 8ми март на сите припаднички на посилниот пол и оние кои се осеќаат така. A real woman is whatever the hell she wants to be.
Подалечни роднини, дури еден месец после раѓањето на нивната трета ќерка, ја соопштија "радосната" вест со нас. Дали ќе беше исто ако детето беше машко? Или тогаш наместо молк ќе слушавме истрели од пиштол? Среќен празник жени
Среќен осми март девојчиња,женички,кралици.Бидете сакани,почитувани и мазени и денес и секој нареден ден.
Ти се спие - не ти се спие, сабајле секако нема да можеш да станеш. Туку чудна работа, јас баш кога сум најуморна не можам да заспијам.