Да ја имав таа моќ на наспаност,наутро свежа полна со живот и тоа паметно функционирање на мозокот насабајле многу повеќе ќе успеев у животот.
Горда сум на себе, за денешниот кец по физичко бидејќи не знаев дали треба да се пишува. Иди европо, не не чекај нас. Среќен 8ми Март.
Среќен 8 март?! СРЕЌЕН?! 8-март е кога баба ми дојде во 9 на сред дневен состанок оти морала да ми честита 8ми март, па мора да ме бакне и да каже "среќен празник", па почнуваат да шушкаат ќеси и да вади папучи и да ми ги става на нозе додека јас зборам да види дали "ми се точни". УПМ Не е да и се развикаш, не е да ќутиш... луди луѓе...
Не знаеме уште колку време ни останало од иднината за да ја трошиме залудно мислејќи на минатото. Минатото било и поминало заборавете го. Фокусирајте се на иднината. Среќен 8ми Март
Јасно ми е значењето на овој датум ама не ми е јасно зошто се слави. Го нарекувате денот на жената, а и денес, како и секој ден, многу жени живеат како робинки, тепани и силувани од говедата што ги нарекуваат нивни мажи. Милиони жени немаат никакво право на збор, немаат право на образование, немаат право на избор и се третирани полошо и од животни. Јас тука не гледам причина за славење, ниту потреба од некоја глупава китка добиена од тој истиот што вечер пијан пак ќе ве вреѓа како вие сте неспособни, мрзливи и глупави. Глупости.
Среќен 8-ми март Цаца. И на сите Цациња кои лани ни ja донесоа чумата поради отсуство на докторска етика и одговорност. Среќно скијање.
Ау ау ау па тоа припаѓање за честит 8 Март, па ружи, па куровмиленче трескање од земја за жени со поезија од која ми се сере. Истите што ги плукаа девојчињата во јавна соба, што ги прашуваа што праќале такви слики, истите тие што жртвите на силување ги прашуваат што носат, истите тие што кажуваат пресмешки и викаат седи ќути барем пари ти носи на жени што се искршени од ќотек. Вие ли најдовте 8ми Март да честитате, о вие богови на лицемерието. Или политичариве, гледам еднаквост и правда, жениве одма со честитки, натопорени први да си ја покажат унијата силна. Да ви се измочам на унијата, ниту една не не поддржа тогаш кога беше најмногу тешко, а тоа е пред нешто повеќе од 1 месец кога секоја жена во државава беше на тапет. Ниту една политичарка не дојде со нас на протест, ниту една политичарка барем писмено не се огласи. Нит да ми честитате, нит па ме заболе дундава за вашите честитки кои би требало денес да ми направат мој ден. Среќен 8ми Март за секое девојче што се најде во јавна соба, за претепаните девојки, за сите вие на форумов што се жалите од семејно насилство, за сите вие што имате невозможни сопрузи и сите вие што сте вистински феминистки и вистински борци за еден ден сонцето да свети исто за сите. И извинете што толку можевме со тие скандали и не добивте правда. Другите да ми се мавнете, очи не сакам да ви видам.
Среќен 8 Март за да нема поќе јавни соби, за да не се става морал на жени на пиедестал, да не се гледаат жените како ефтина купо- продажна стока, да не се прават асоцијации со објекти и да не се третираат како објекти. Среќен 8 Март за безбедни улици за движење, за немање страв ако сме свои и ако правиме шо не прај среќни, за имање вистински избор без осуда. Среќен 8 Март кон подобра иднина, секоја година поќе, пошто јбг, долг е процесот.
Обично не сум тип на човек што ќе споделува слики со светки, ружи и чудни цитати за Денот на мајката. Да, има и такви луѓе. Случајно начекав вести, се изреволтирав. Имаше сцени од анкета во врска со празникот, кој како и дали мисли дека треба да се слави и грубо кажано беше нешто како: ,,Жената е за дома фамилијата, да се грижи за домот, децата, а не како сега вака, жената на работа, мажот на работа децата никој не ги гледа." И да, секако дека беше кажано од жена. Други велат дека е клише, трети дека е непотребно... Сфаќам да не сакаш огромни прослави за било кој повод (не сакам ни јас), сфаќам да не сакаш да го одбележуваш денот на којзнае каков начин, ама да се дрзнеш онакво нешто на ТВ да изјавиш- НЕ. Можеби предолго трае сето тоа омаловажување, угнетување и ускратување права, па како да се навикнаа многумина на ваквата тажна реалност што уште има обиди да се нормализира ова. Ќе им посакам на сите жени не да добиваат ружи, парфеми, престилка за в кујна, тенџериња, миксери и слично на овој ден секоја година, туку цела година да бидат почитувани и ценети поради она што се, а не да е вака само додека готват за сите, чистат, а на крај немаат време ни кафе човечки да се напијат. Ќе посакам за сите полека да мрднеме од мртва точка и да има промени кон подобро.
Последниве 10 години им докажувам на луѓево околу мене дека 8 Март е денот на жената а не на мајката ... Често пати кога ќе честитав ми викаа ама јас не сум мајка не сум ни жена станата сеуште ... Така беше и вчера со пријателките кои бев излезена а и сабајлево со баба ми ... Среќен 8 Март друштво.
Среќен 8-ми март. Не знам што да пишам друго, па само ќе посакам сите да дочекаме ден каде што жените нема да се напаѓаат меѓусебно, туку ќе си даваме поддршка.