Утра сплотени од мирис на кафе, море и зимзелена шума. Не постои ништо поубаво од тоа да се будиш и заспиваш покриен со спокојство.
^ ма можам јас да ги разберам фотките, чекирањето и "из травелинг ту", ама никако да разберам зошто некои личности чувствуаат потреба да го носат часовникот додека се бањаат... Едно е што ниту водата, ниту песокот, ниту сонцето не му можат ништо, воедно часовникот е нов (читај часовникот е и скап), ама нема ли да ви пречи неисончаниот дел на раката? Сериозно?!
Не бе значење на тебе, на Саша Ковачевиќ мислев, дека е многу популарен и познат. Ако не сакаш ти, ќе најдам друга женска да ја сликам со него, ама ќе се каеш, ти губиш, уште малку време остана за размислување, многу мациња се заинтересирани
До кога со вакво намуртено и облачно време. Ова веќе не личи на лето -.-. Барем не ми е криво што деновиве ми минуваат учејки.
Мислам, крајно време е да темата- Дали сум бремена? се премести во категорија- Насмевка. Нaјдобро ке биде така, за сите поубаво ке биде
http://www.youtube.com/watch?v=42_WBvxjtTI Клипов е љубов.И моите така се смешкаа кога ги мазев. Патем зошто некои лоши работи имаат убави имиња.На пример циклонов Клара,најново бактеријава ЛИСТЕРИЈА.Како име на грофица. Денес се скарав и со вагава,не се качувам веќе на неа.
Mи фали времето на писмата.Kога сите се радуваа на поштарот. Сега ретко кој му се радува и го очекува оти носи само сметки за плаќање. Епа затоа јас се распишував писма. Овој месец речиси секој ден сум во пошта.Потрошив некој денар плус, но затоа сега пак секој ден го проверувам поштенското сандаче и го очекувам поштарот. Велат перото и зборовите се најсилното оружје.Затоа решив да пишувам, да барам правдина, ама на старомоден начин. Оти модерниот ама ич не ми се допаѓа. Којзнае може моите писма ќе сменат нешто? Ако не одам на пораки. Спојлер Не сум му фрлила мерак на поштарот туку ми се пишуваат писма
До денес, 6 години откако почина дедо ми. И уште не ми се верува, како баба ми воопшто стои на нозе. 89 години, 4 деца и уште е силна. Уште се грижи за нас, уште со сестра ми си игра, трчкаат околку двор. Во мои очи, таа е пример за бабите на нејзината воздраст. Сите треба да бидеме силни додека можеме, без разлика на сите пречки кои ни ги дава животот.
Среќна сум и задоволна. Цела куќа ми мириса на зачини и на готвено... Рибата во речна се печи а мирисот е на завидливо ниво. Палачинките се веќе намачкани и чекаат некој да ги изеде... Мајками изненадена бидејки не ни очекуваше дека ке добие торта за роденден... Сакав да ја изненадам па порачав торта и само динг донг на врата и оп торта а мајками ваква се израдува бе Боже многу е среќна... Не ни замислуваше дека на врата ке ја дочека торта Среќен роденден мами да си жива и здрава и секогаш топла , мила , радосна , насмена и уште сто такви убавини.... Кога готвам се чувствувам среќна... Мојот омилен мирис е мирисот низ цела куќа што се шири на готвено јадење....Зачините и вкусното јадење СЛАВИМЕ РОДЕНДЕН НА МАМА
Дека сите си ги сликаат нозете со апостолки или сандали и со море во позадина,јас годинава со мартинки ќе го направам тоа. Затоа што апостолки се ту мејнстрим!
Не бе значење на тебе, на Саша Ковачевиќ мислев, дека е многу популарен и познат. Ако не сакаш ти, ќе најдам друга женска да ја сликам со него, ама ќе се каеш, ти губиш, уште малку време остана за размислување, многу мациња се заинтересирани [/quote] Маци ај олабавиме, не ме личи да се глупирам на сајтов со толку постара личност од мене.
СДК... Кога еден збор постојано се употребува во разговорниот јазик ја губи острината. Патем,зошто луѓето чувствуваат неприкосновена потреба да го изговорот зборот сфаќаш во секој контекст од вербалната комуникација? Пренагласеното потенцирање на интелектуалниот капацитет во смисла колку тие сфаќаат,за разлика од соговорникот колку тој не сфаќа ја минимализира суштината на разговорот доведувајќи го на пиедестал личното его со пропратени фрустрации...
Секогаш е така, ретко кога некој се гледа себе си, почесто кога некој му е поважно што другиот прави, а единствено што прави е си троши време залудно.Во животот има попаметни работи, отколку следење на туѓ живот.
Јас не го тупам вечерва многу Онака безгрижно ќе си кажам, па нека изгорам ако лажам Секоја домаќинка си има своја сукалка Една која и лежи на рака, а друга со која прави чуда во кујна Пмс е крив за се
Ту бре, да не се разбирало шала Не за друго, сега ти пишувам од мобилен со камерата во раце, зад една грмушка, ловам плен. Барем си признаваш дека се глупираш , а јас само се шалев, има разлика. Да не знае некој како паднала Лепа Брена додека појадувала па си ги скршила двете раце? Не дека се потсмевам, ама никако не можам да разберам како паднала при доручкување, дали седела на балкон па од него паднала на долниот спрат или како? Ако има видео сакам линк. Па и одма семејството со слатки насмевки споделува слика на твитер, па дури и секој веб сајт ја пренесе веста. Исто дознав и дека Марко и Лима планирале да се смират, да си го спасат бракот, па затоа сега се во хотел во Црна Гора, пола хотел резервирале за да добијат приватност, а после ќе оделе на Хаваи . А јас цела недела висок притисок и инсомнија до раните утрински часови, цело време ги мислам дали ќе се смират. Исто и газот на Курникова е тема, а газот на Кардашијан веќе нешто видено и досадно како дијареа. На македонскиве веб сајтови не можеш да прочиташ нормална вест, интересна, поучна, само некои вакви глупости. Само се копираат едни со други (дури ги копираат и правописните грешки), а па кога ќе видам некоја бајата вест од вистина.мк споделена на фб, а го напишале насловот во стил како-шокантна вест, до сега невидено!! и задолжително со некој туѓ збор или правописна грешка, Интернетот како и телевизијата, па и радиото во земјава, се обично срање.
^ А бе постара жена е Лепа Брена, ништо чудно да имала остеопороза. Лесно се кршат коски на тие години. ************** Каква нервоза ме фати од пишуванцииве, крајот одамна се гледа, ама никако да стигнам до него. Ми иде лаптопов да го изедам од нервоза. Знае некој колку калории има во 100 грама лаптоп?
Кога конечно помислив дека среќата ми се ближи, дека сите неспокојни денови поминати во исчекување на нешто им се ближи крајот, и дека коцкичките во животот ќе се спојат и ќе тргне на добро тогаш судбината застана на сцена и рече НЕ СЕУШТЕ !
Абе колкава магарица скока по спотови со црнци, па за незгода при доручек е чудно, затоа сакав некаде да има некој опис на настанот. Освен ако не прикриваат семејно насилство дека Боба ја бутнал по скали Магистерската ја пишуваш? Ајде бе па нека те мотивира тоа дека си чекор до крајот. А и ако го изедеш лаптопот ќе те фати запек Ако треба помош само кажи, да смениме малку рутина од можни бремености при петинг, да се свртиме кон образовна помош