Го кажваш ко да е лошо али ти си знајш. Неслучајно ријалити тв многу луѓе се интересираат. Не ради туѓ живот. Ради то шо му треба бегање од реалноста. Кога сум во најдолна точка ментално, последно гледав the circle & too hot to handle. Пола од сезоните на Кардашијанс ми се гледани во едно седење една депресивна седмица. Ефтина драма шо овозможва малку да избегаш од реалноста. Не ме оддалечи од то шо ми е важно доу, само ми даде сила да се вратам. И дур зборам за ријалити тв и темава е мн популарна: КАЈ ГЛЕДАТЕ 90 DAY FIANCE?? На јутуб не се целосни. На торент ги нема. На TLC не ми отвора. Шери ми даде една апп, ми кочи. Очајна сум. Плс. Инфо. Мсм дека само ова драма можи да ме извлечи од ова година. Фала.
Од постојано ставање акцент на проблемите боли глава. Ако не мислиме на ништо друго, ќе се испоболиме и ментално и секако, ќе бидеме загрижени и намуртени цело време. Нормално дека ќе се излуфтираме со нешто друго. Тоа не значи дека не ни е гајле за проблемите, само ете да поживееме и малку релаксирано.
Сонував дека требало некое дете да чувам, ама ми избегало и не сум можела да го најдам, сум лутала по некои чудни локации и сум прашувала рандом луѓе да не го виделе. Се си мислам дека тоа значи дека го губам "детето" во себе, и тоа ме загрижува.
Абе јас сонував дека сум мажена за Pedro Alonso ама сигурна сум дека не значи дека некад ќе ја имам таа среќа
Времето надвор е никакво, ама ова што ми излезе на Фејсбук е уште полошо. Извинете, а каде ни е местото? За другарка прашувам. Многумина кај нас и сега водат по овој глуп прирачник.
После толку време конечно да видам нешто на нашите тв канали во случајов МРТ а да тоа е интересно, занимливо, пријатно за гледање, и добро склопено. Емисијата е одлична, ја видов случајно и со уживање ја изгледав епизодата, а дефинитивно ќе ги изгледам и другите на нивнот Jутјуб канал. Тематиката е мода, начин и стил на живот... Одлично завршена работа, браво
Задоцнето, ама шо да правам... Ако дома не се справиш, не барај и од општеството. Сами сме програмирани да сме потиснати. https://buff.ly/38oEjUt Ако дома ја извојуваш битката, во општеството ќе ја освоиш и војната. Дома не славевме, еднакви сме. Од жени кои се жалат дека дома не им помагаат, сепак поносно кога ќе го спомнам "мојов", горди се бе некако дека дома не ги шајкарат, прави мажи имале де...А можда и не сум права домаќинка. Можда, не викам не, а и не сакам да сум. Ќе ме оставел. Ами ако, нека ме остави за друга која сака да бледнее додека го воспева, а успатно се жали кај другарките. Ами ако... така. И тивко, кроце, се спротиставив за правото на друга жена, ама не се пофалив, а можда требаше. Една мала борба против шовинистот и општеството каде да се стане мајка значи да си бескорисен зошто се мора да продолжи. И мора, и треба, ама на различен начин. Молкум, без драма, без публика, истерав. Сега, жал ми е што не кажав кај што треба, ама па сама си изаплаудирав. И така. Дома, а потоа надвор. Не сакам утрата да ги почнувам со запршка и смути за сите до крајот на животот. Сакам да поспијам, сакам да ме чека доручек, можда и ручек, да ме чека испрано и усисано, да ме чека мир. А сакам и него исто така, испреплетено во компромиси и договори.
Дека е рамно на идиотизам па не е и баш, ама големо губење на време е пример замарање во врска со теми за Меган и Хари од типот се преселија од Канада во ЛА, ама, ама никогаш немој да го израмнуваш со идиотизам занимавањето со изнесување факти кога имала суицидални мисли и сакала да замине од таму и било велено тоа може да наштети на угледот на фамилијата и не и била нудена никаква поддршка и помош, потоа самото покренување на прашања ( еве и од љубопитност нека биле поставени) каква би му била кожата на детето е толку дискриминирачко и последно но не и помалку значајно наметнувањето на однесувањето на жените во кралската фамилија каде што од нив се очекува да не ги засенуваат сопрузите на ниедно можно поле дури и на поле физикус (пример каде што Дијана е седнувана при фотографирање да изгледа пониска во однос на Чарлс бидејќи била со скоро иста висина како него, ама нели како жената да е иста со мажот) да бидат покорни, молчаливи и марионетки на тие што ги влечат коците околу нив со цел претставување дека се посебни, совршени, луѓе со '' сина крв ''. И некои ќе речат епа тие така функционираат, таа требала тоа да го знае, и да така е ама во 21ви век потребата од постоење на вакви структури, фамилии, луѓе и нивно им придавање на посебно место во светот мене лично ми е рамно на идиотизам, да не зборам пак за тоа колку од данокот на народот се издвојува да се одржуваат во живот е тоа не ми е идиотизам тоа ми е да се чудиш и да не ти се верува.
Ноќеска додека пробував да заспијам ми текна на еден разговор со другар пред скоро 2 години. Бев во очајна состојба, раскинав и бев повредена од дечко што навистина го сакав. За да не ја должам приказната со дечкото, ќе кажам само дека врската беше од типот "friends with benefits" па од тука сами знаете кој беше бенефитот. Кога му се отворив на другарот за ситуацијата, и он знаејќи каков тип на врска имав, ми кажа вака: многу брзо си имала односи, затоа може не сака ништо сериозно со тебе. Во тие моменти на очај, го сфатив сериозно. Вчера кога си го вратив филмот, си се чудам на паметот како не реагирав на ваквиот глуп муабет. Зошто девојката губи вредност ако има секс по неколку пати гледање? Или "уште полошо", на првото излегување со некој? Зошто девојките да "чекаат" одреден период пред да имаат секс а за машките е сеедно ако имаат и секоја ноќ? Зошто јас сум крива што и двајцата во моментот сме сакале да имаме односи? Зошто јас не заслужувам врска ако и тој го правел истото како и мене? Од толку што ми го всади ваквиот ненормален начин на размислување, бев со став дека со следниот дечко нема да имам однос одредено време за нели, да испаднам girlfriend material. Не ми се верува дека дозволив да ми е испран мозокот на најгрдиот можен начин. Но, среќа што се освестив, некои остануваат заглавени долго време со ваков начин на размислување, првенствено мажи но и жени на кои ова им го трубат вакви "мажи" ко мојов другар. Стварно се надевам дека во опкружување немам вакви "пријатели" повеќе.