Стар човек се меша но кажи и така не си ми ни мајка ни татко да одлучуваш .Кај нас баба абе последниот денар го даваше за мене а дедо за факултетот ми помагаше ,како втори родители.За мажење исто имаше реплики но видеа не видеа ме пуштија на мир.Тоа не е нејзината работа кажи и својата да си ја гледа ,и родителите твои да и ја затнат устата
Абе 100 пати и е објаснето, и од мене, и од моите родители ама џабе. Секоја прилика што може истото го повторува и секој пат се поголема и поголема нервоза ми прави. Не можеме да ја замолчиме и готово.. Дури и кажуваат и они дека сама си плаќам а она „како не, не знам јас“. Нема разбирачка, а упорно 6 месеци истото ми го вергла.
Претпоставувам живеете заедно ,кажи и бабо во дом ќе те пратиме со парите мои не за џабе ќе ги диплам парите.Не ќе те чуваме дома врати и со истата мера и нервирај ја ти.Па да осети какво е ,и секако не ја ставај на срце до толку
Те разбирам како ти е. Зборот ми е не троши нерви и енергија да и објаснуваш. Не зависиш никако од неа па така низ едно уво влегува, низ друго излегува. Нема потреба да се замараш.
Колку е ова жално... А сѐ почесто е присутно. Баба ми покојна и душата ја даде за мене во буквална смисла. Сѐ би дала уште еднаш да ја гушнам и да ѝ кажам колку ја сакам и ми недостига.
Oстави, нема што да и се правдаш нејзе, она ти дава пари за школување? Не, така? Терај како тебе ти се допаѓа, твој живот твои правила, никому нема да погодиш. Како ти одговара тебе така прави.
@LovelyGirl3 Колку иритираат вакви луѓе... Да не се искочело од минатото. Кажи ѝ дека тоа време поминало и дека ти си возрасна и само ти можеш да одлучуваш за себе. Друг не смее да ти се меша.
Едноставно не враќај и, сама нека зборува. Ако живеете во иста куќа, оди во друга соба дури престане. Од докажување нема никаков резултат.
@LovelyGirl3 се согласувам со сите коментари пред мене. Нема потреба ниту поента да се докажуваш, оди си по патот што сама си го избрала и не дозволувај на кого било да те натера да се откажеш од твоите планови и желби. Игнорирај. Тоа е единственото разумно решение тука.
Денес го добив најдирекното пуштање на фб - типов ми пиша само - дојди. Самодоверба до небо. Хаххаха се изнасмеав.
Стварно ме интересира кој е бенефитот за одредени личности ако искоментираат дека си „си пуштил меше машала“ или „си се исушил скроз“. На овој начин се тешите ако сте во слична ситуација за да не се чувствувате како единствени на кои тоа им се случува, имате комплекси поради ситуацијава или? Дно. Ама преблаг збор е ова.
Знам колку фрустрира... Едната баба ми беше злато (рано почина) додека другава е отров иста да не речам ко баба ти ,среќа не живеевме заедно. Кажи и важи еве сега ќе откажам ,само ти биди среќна. И не и збори веќе ,наредно ко ќе почне со тоа речи не ме пуштаат ,сакав јас ама ми рекоа не може сега.
Ви благодарам на сите за советите и да, во право сте. Нормално дека нема да се откажам ид моите планови и дека си терам по свое, имам поддршка од родителите и секако тие не мислат така, но на баба ми било што да и кажам џабе е, пак си тера по свое. И тоа ме фрустрира. И да го направам тоа што го сака пак нема да биде задоволна додека не се омажам и не заминам од куќата. Со секого има проблем, сака само таа да кажува и да наредува, и едноставно така ќе остане, среќа никој не ја слуша. И јас имам две баби, едната е злато, сите внуци не сака и не поддржува и фали, ама ете до човекот е. И јас имам среќа што имам барем една таква, а другава со која што живеам за несреќа е тотална спротивност.
Си го врзале седумгодишното дете со ланци заради тоа што било агресивно и истото тоа дете загинало во пожар кој избил во станот. Дали е можно?! Причината, т.е. изговорот зошто детето било врзано со синџир е "агресивно било". Врзувањето со ланец не би било адекватна мерка за "агресијата" ниту за најагресивното животно, а не па ли за сопственото дете. Значи, со секој одминат ден се повеќе се застрашувам од тоа што се' некои психопати - родители се способни да направат. Друга вест на денот, постар човек, позитивен на сарс-ков-2, дијабетичар, со сатурација 80 се шета од болница во болница, со саати чека по ходници за да биде хоспитализиран, ама немало место! Па, нели секој ден се објаснува дека има толку и толку слободни кревети во државата? Па, кај се тие слободни кревети тогаш?! А нас најголем проблем ни е националноста и сексуалната определба на претставникот за Евровизија. Ех, на кое дереџе спаднавме.
Од Евровизија требаше да се откажеме многу порано ,а најкасно во моментот кога тамарче изјави дека би било глупо да купуваме амбулантни возила наместо што отиде таа на Евровизија ( дека многу успех постигна ). А за останатото ,креветите изгледа невидливи... Родителите не сакам да ги коментирам. Синџири -доживотно и нив и ако имало запознаени со случајов (цср,полиција,комшии ,роднини сеедно ) исто. И секој пар откако ќе стапи во брак да се разгледа дали е способен во мозокот за деца