Уште сега кога го гледам ова нозете ми се пресекуваат. https://www.instagram.com/p/CMr1BJLBPDV/?igshid=y2ilrudpd5up
СДК си добив најдобар роденденски поклон! I I (позитивен тест , ама не за ковид) Иако Март ми донесе многу лоши работи изминативе две години, нема да го заборавам никогаш
Потребна е храброст и неверојатна ментална сила, да се појавиме во светот такви какви што вистински сме.
Од комплименти, одамна немав слушнато некој да ми рече "You're on fire". Сега ништо не може да ме запре.
Времето е ко разгалена тинејџерка што раскинала со дечкото, се фатила со друг што и е трет братучед од татко па се вратила на љубовта од градинка.
Леле какви поети стануваат луѓево кои коментараат за да добијат подарок на giveaway. Вака нешто изгледа тоа: огромна чест е да се биде дел од вашата страница, да бидам ваш фан, да учам од вас и да сте моја инспирација (ти се чини којзнае за што зборува, а не за обична продавница за облека). Или ова: богат е тој што секогаш дава, оној кој знае да ти пружи поддршка секогаш кога ти е потребно, а баш тоа е тајната на успехот и уште многу вакви примери.... Мене ова ми е пресмешно, како демек некој ќе седне да чита кој каква "поезија" напишал и според тоа ќе одлучи кој ќе го добие giveaway-от.
Секој ден се спремам дома да украсам за пролет и никако... Нека излезе сонце малце, ми иде елка да накитам место цвеќе да ставам! А да и прв преглед на гинеколог, 5та недела
Не сум нервен возач, но од работи што ме нервираат кога возам: 1. Пешаци кои мислат дека ако смеат да преминат на пешачки премин тоа значи дека може 500000 саати да се влечкаат: нема проблем кралу/кралице, ние сме тука да дремеме за Вие ноншалантно да дефилирате. 2. Пешаци кои не преминуваат на пешачки, но не чекаат да преминат кога колите се подалеку, туку се втурнуваат кога ќе им текне, и тоа без воопшто да фрлат поглед: „ќе застанат за мене оти знаат дека не смеат да ме изгазат". 3. Коли што упорно ти се пикаат пред тебе иако не сакаш да ги пуштиш. 4. Коли што се влечкаат на зелено светло кое трае прекратко време. 5. Коли што беспотребно возат неприродно бавно (и особено кога возат на сред пат, па не можеш да ги претекнеш), па си каскаме зад нив.
Светото тројство што секогаш го купуваш и упорно го немаш: лабело, упаљач и мастики. Да знаев каде се, ќе ископав 300к упаљачи, 100 лабела и 500к мастики. Оптичка илузија, теорија на заговор или едноставно несфатлива чаробност?!?
Сеа прочитав дека ќе се мења саатот викендов, дека најверојатно ќе останеме у летно сметање на време, односно нема да ги поместиме часовниците наназад следната есен. Една информација за тие што не знаат, зимското сметање на времето е природното (соларно). А летното е она измисленото. ЕУ ќе дозволи сите да бираат. И вероватно повеќето ќе изберат летно, сметајќи ги само економските придобивки. Ако останеме у летно, во зима во МК ќе се разденува многу касно... во 8 и нешто. Подолг ден за работа, помалку спиење, долгорочно ќе не утепаат.