Конечно уба вест. Ние од Битола велиме: абе чоек не мојш така да гледаш на работите. Со други зборој: се надевам дека си во право, оти зимското сметање на времето ми е депресивно, забранета тема и мене тоа на долг рок ме тепаше. Некако поиздржливо е да се раздени во 8, отколку да е темно во 16. Таман дури да испиеш кафе на работа, ќе се раздени.
Абе чоек, се е релативно Страшно е да се буниш во темница, ама и страшно е да се стемнува во 4 попладне. Некако да напраиме рамноденица да биде цело време
Размислував за ова и заклучив дека подепресивно е во 16ч. да се стемнува отколку да стануваш пред изгрејсонце. Ехе, колку пати сум станувала пред да изгрее сонце, дури се расониш и вратиш во реалноста се разденило. Вака барем нема да ми се плачи ко ќе гледам како во 15:30 сонцето се доближува до планина и се губи. Сериозно, премногу сакам сонце и не би го менувала за ништо. Некогаш се чудам како живеат луѓено горе на север во зима. Пари да ми плаќаат само за седење таму не би одела. Едвај чекам денот да е поголем.
Да си кажам и јас за мене, сеедно ми е и кога се разденува и кога се стемнува Само јас сакам вечно есен да е
Aма кога е денот поголем, таму е мнооогу поголем Ич не е нормално вечен ден, ништо претерано не е добро.
Епа за жал све е изместено од страна на модерното општество, капитализмот, и дрн дрн све остало. Теоретски да речеме дека и мене ми одговара летно на кратки стази, во лето. Ама цела година..., со тек на време се повеќе оддалечувме од природата. си играме играчки со нашиот биолошки часовник и други процеси во нашите тела врзани за ноќта. Денес за да се искористи денот се поместува часовникот, во минатото си го поместувал спиењето за да го искористиш денот. Затоа порано си легнувале во 8-9 и се буделе во 4-5. И на нив денот долго им траел, дури подолго и од нашиот ден. Ама денес иаме "европско работно време" во кое никој не почнува со работа пред 8-9 наутро, а се враќа дома во 4-5-6 кога веќе се стемнува. Замислете Работно време да ни е од 6 часот, колку подолг ќе би биде денот. Денес, еве за мене ќе си кажам, приморани сме 00:00 да ни биде вечер, момент пред кој 70% од нас не легнуваме да спиеме. Еве за мене во главата моја, кога некој ќе спомне вечер помислувам на времето од 10 до 01 часот ноќе. За сите постари вечер е од 6-9. Утро за мене е 8, за нив е 6... Тие живеат поблиску до "природата" отколку ние, без разлика дали сакаме да признаеме или не. Без разлика дали повеќе ни одговара вака или не. Едноставно се е до поставеноста на системот во кој живееме и општеството. Наместо ние да се прилагодиме на природата, ја прилагодуваме неа на нас. Така нема да потрае ниту природата, ниту пак ние. Едноставно би било ние нашиот ритам на живот да го поместиме на неколку часа наназад. Сте кампувале некогаш на отворено без никакви електронски уреди? Научно е докажано дека за 12 дена биолошкиот ритам на телото се враќа во нормала, и се прилагодуваат на денот. Се будиш пред изгрејсонце, денот изгледа огромен, се стемнува, и во 9 часот се чувствуваш како да е полноќ и ти се спие. Чувството на одмореност, наспаност, сила, енергија кога сум кампувал вака е ненадминливо. Едноставно имаш чувство дека така треба да биде нормално... Многу интересно
Во Осло, на лето се стемнува околу 1 по полноќ, во Април зајдисонце е во 23:30 отприлика, легнуваш да спиеш и гледаш магични бои надвор, потоа со тек на време сè подоцна и подоцна е зајдисонцето, до есен Вратете ме таму
Баш ми е мило! И фала за masterpiece-от! Да се надоврзам со уште една на the boss, и веќе кога е dark, да се изнаиграме во соба без никој да помисли дека сме полуделе... Уживај!
Не знам дали има некој што губи повеќе работи од мене. Последно изгубив капа, имам изгубено и јакна, не знам колку пара наочари, шминки, пари, што не..во земја ми пропаѓаат изгледа. Бтв се потсетив, на екскурзија во Виена ги имав оставено наочарите за сонце во еден ресторан и излегов од таму, после 5 минути пешачење еден човек, тотален странец кој го немав ни забележано во ресторанот видел дека сум ги оставила и после 5 минути од кога излегов човеков со трчање ми пристапи ми ги врати. А јас бев доста оддалечена од ресторанот веќе. Останав во шок, во таа гужва да ме бара и да ми ги врати. Се изненадив тогаш многу, овој е еден од најубавите гестови што некогаш ги имам доживеано.
Скоро два месеца откако почина баба ми. Мојата свест го прифати тоа, го прифатив нејзиното отусутво дека повеќе ја нема, но мојата потсвест поинаку кажува. Веќе два месеци немам сон, легнувам дури кога ќе се раздени, од моментот кога ќе останам сама во соба постојано си го премотувам филмот за се што се случуваше, секој момент со нејзе, незините последни зборови и се што е поврзано со нејзе, а кога ќе заспијам имам страшни кошмари и парализа во сон, во секој сон ја сонувам баба ми и го слушам нејзиниот глас. Знам дека ова е нормална реакција, бидејќи беше најважната личност во мојот живот, но понекогаш мислам дека ќе полудам.
Не знам со кои зборови би те утешила, тоа е нормално да, стареење, смрт, особено на постари личности и некогаш јас се тешам викам ајде барем да оди по ред како што викаат. Многу е брзо затоа ти е така, ке се стабилизираш и ќе живееш со убавите спомени за баба ти И мене ми недостигаат една баба и еден дедо, ме потсетуваат на детство, на нешто незавршено затоа што помалку памтам и не биле со мене додека растам....биди среќна што си ја имала до поголема возраст