Бада бууууум. Расположење на нивоу. За 2 дена влагам во ПМС па ќе се смени... ама за сеа стабилно е. Читам во јуник, за еден тест, да пробаш да издржиш 10 дена без да се жалиш за било шо. На почеток банално ми звучеше, но, ме стаи во размишљање да се пробам...па којзнае.. Не се сметам за гњаватор, ама сум се приметила на форумов редовно промрчувам за нешто, а посебно за себе. Шо знам, може и не е лоша идејава.. Со другарките се жалиме еднакво, ниедна не отскокнува поише од било која друга валда, си се ограничуваме шо ќе изнесеме на маса, со оглед на тоа, шо ниедна не е поштедена од проблеми... ********* Јас сум од оние личности шо обожуваат дожд, шо на дождливо време се полни позитивна енергија, додека пак на сонце венат. И додека сите се жалат кога врне, јас се жалам кога има сонце. А деновиве се како создадени само за мене... Го почнувам тестот во овој момент.... 3...2...1 !!! п.с. тоа шо ќе ме стегне ПМС наскоро, очекувам да ми се простат мали отстапки, ако ги има.
Сакам да кажам дека сум многу среќна. Конечно коцките си дојдоа на свое место, се будам со насмевка на моето лице, а не со вакво . И на сета оваа среќа, Квин мора да направи некоја глупост. Не мине еден ден ако не направам некоја глупост, НЕ МИНЕ! Ми рече мајка ми да направам палачинки, да си ја заблажи душичката. Јас се согласив. Ја направив првата, ја направив втората, третата и четвртата.... плассс на земја. До сега чистев, нозете како ме болат, јазк.
Јас сум дефинитивно магнет за неволји Денеска на списокот на уништени апаратури го додавам продолжниот кабел од мојата соба,кутриот ја имал несреќата кај мене да се најде Втора апаратура-стариот компјутер.Стар,ама си работеше доста добро.Досега. Се деформира целиот,пикселите му се изместија на екранот,а кутијата брмчи ли брмчи. Трета уништена „апаратура“-УСБ портот на лаптопот.Зошто? -Бидејќи Мароса одлучи да јаде сладолед,да и капне на бирото и да го замачка лаптопот и притоа сладоледот да навлезе внатре Вакви работи мислам дека само на мене ми се случуваат Сега си мислам дали да си облечам после ново фустанче,може да истурам нешто што никогаш нема да се исчисти,дека ми тргна денот вака наопаку,на лева нога. А кога не можам да станам со десна,што да правам?
кога ништо друго во животот не ми е средено барем старото друштво кооонечно реши да се reunited again се надевам дека ќе си поминеме супер ....искрено не ми е потребно уште едно разочарување немам големи очекувања , за среќа научив дека не треба да ги имам -односно остарев вечер ке ја намонтирам најголемата насмевка од седмица до седмица пардон осмица нема да обрнам внимание на ни една провокација и ќе си поминам супер зошто заслужувам да си поминам супер...
Влагам на форумов по 1 и пол месец и почнав да си ги читам постарите мислења и точно ми текнува што ми се случило и што сум мислела кога сум го пишувала секое мислење... ако земеш да си ги читаш мислењата на темава сдк сфаќаш дека приличува на некој вид на дневник Хмм што да се пофалам, што да се пожалам... па се е по старо Сега вака без никакви обврски, по цели денови спиење гледање серии и навечер излагање, ама што знам некако поубаво се чувствувам кога имам некоја обврска, некоја цел... не дека ми е лошо вака ама сепак И секој ден имам се поголема желба за да одам негде, да се одморам, да се оддалечам од секојдневиево... Ајде да се обидам во овие поновиве мислења помалку да се жалам од поранешните (ама ништо не ветувам) Има пак малку нервози, има убави моменти, има насмевки, а има и солзи... има нови личности, но и оние старите не се забораваат, нови размислувања, нови чувства, а и старите се сеуште тука, многу дилеми што е правилно, многу прашања што е подобро... Па да, тоа би било се Имајте убава вечер
СДК дека голема маана ми е тоа што колку и да сум уморна не знам да легнам макар еден ден порано. Излеговме со дечко ми да се видиме со пријатели (уште еден пар) и девојкава си јадеше десерт и си пиеше сокче, а јас со маживе пиво, и тоа две големи кригли (исто колку нив) и за исто време ги испив. Да ви кажам право се гордеам со себе што сум таква, како сакате речете ама јас се чувствувам преубаво. Никогаш не ми било убаво ни со другарките кои се прави женски од типот „леле не можам, доста ми е, па не пијам јас алкохол....“. Дечко ми не пие многу алкохол, ама кога пиеме и двајцата пиеме и пиеме исто, со тоа што ако се работи за винце јас обавезно би го надминала. Како и да е, мислам дека нема машко што не сака девојка му/жена му да е способна да го следи во пиење, едноставно да бидат еднакви. Кое машко не сака дома да има и љубовница и другар и домаќинка? Не верувам дека постои таков. Затоа ќе се осмелам да кажам дека имам дарба за тоа и немам намера да ја занемарам за да се вклопам со другите женски. Сакам машко друштво и убаво ми е со нив. Сите негови другари/колеги ми се воодушевуваат, еден му има кажано и дека му завидува. Насмеана, спремна за дружба и муабет на секоја тема, пиење без проблем. Да, тоа сум јас. Колку и да сум чувствителна и знам да се оптеретам со глупости, пред други сум најнасмеаната и најбезгрижната. Всушност, ова со чувствата ни е заедничка страна со дечко ми. Чувствителни сме ама само еден со друг го знаеме тоа најдобро, зашто само еден од друг не ги криеме чувствата во никоја ситуација. Ај да скратам да не помислите се фалам, ама темава едноставно понекогаш ја користам како муабет со некого и искажување на чувствата и мислите. Супер си поминавме, ама очигледно две кригли пиво ни беа доволни за да ни се приспие, тој си легна уште пред два саати. Сакам дружење во парови, ама секако највеќе кога некој ми одговара за дружење. Сега би преминала на уште нешто. Зошто по секоја цена носат облека која не им стои? Само бидејќи шорцевите им се релативно неизносени а непланирано се здебелиле, треба да шетаат во нив иако им се пикнати во месо и целулитот владее на сите страни? Па невкусно е стварно, не за мене ама лично за вас..... јас не би се осмелила така да излезам на улица, малку ако не се чувствувам пријатно и сметам дека нешто не ми стои, кај и да одам не можам да се опуштам и да си поминам убаво. И јас еден период кога качив некое килце и имав целулит, можев да влезам во старите шорцеви но не сакав, се чувствував несигурно. Зарем е побитно да ја задоволам личната ЛАЖНА сатисфакција дека сум во ред бидејќи сеуште ме собираат, а кој и да помине да ми се смее? Не фала, подобро ќе се покријам. Сакам шорцеви, но ако сакам убаво да ми стојат прво се ослободувам од се што сум стекнала по слави и празници зимоска. Толку. Ако се чувствувате пријатно, шетајте така. Ама се, не е за секого. Да беше така и најдебелите ќе најдат шорцеви што ги собираат и ќе ги носат. Битно се закопчуваат, нели? Добра ноќ на сите.
Дали има тема во која можеш да прочиташ повеќе глупости од оваа? Веднаш ќе ви одговорам без да барате, нема. Овде лугето ја сватиле толку широко темава па букално си раскажуваат од утро до мрак што им се случува. Значи што луге сме ако не ни се стави ограничување толку знаеме да ја растегнеме темата па да си пишуваме како што некои ја сваќаат темата како дневник. Незнам дали ќе ја откријам Америка, но во компјутерот има таква опција да можеш колку ти душа сака да си пишуваш дневник без никого да малтретораш, замислете и тоа го има. Ама, не бре ние сме ти таков народ, ако гаките, не ги закачиме на жица цел комшилук да види џабе сме ги купиле. Гаките како и некои работи што се пишуваат овде се интимна работа и никој не треба да ги види, ама не бре, пусти тој наш вроден егзипиционизам еден ден ќе не убие. Би требало кај секој од нас да е вградено едно „копче“ што се нарекува осет, кое трба да профункционира кога ќе претераш ама изгледа кај голем дел од нас цркнало уште при раѓање. Не критикувам никого, само се обидувам гасно да размислувам.
Сакам да имам таква моќ и да можам да знам што им се врти во глава на сите !!! Сакам да знам што мислат за мене,дали навистина ме сакаат,дали на вистина ми веруваат..Сакам да знам СЕ ! Само ми е страв да не испадне дека не се такви како што се претставуваат.
„ Сагласавам се, не се сагласавам, да, не, не , да , не, да, не. Да! Е ај не! “ Што ќе прајш, кога двајца се караат, а третиот ги гледа и им се смешкат
Кога ќе се фатиш на оро или 1. ќе го изиграш со ќеф до крај или 2. ќе ти стане мачно ама ќе се трудиш да издржиш до крај или 3. ќе се пуштиш и нема да доиграш. Во моментов толку силно сакам да се пуштам од орото ама никако не бива, сум го почнала, сум се надевала дека добро ќе ми оди, дека нема да ми стане многу тешко ама ете, се изморив, немам сили веќе, а не можам да запрам тука. Незнам од каде да соберам сила, но морам да го доиграм што побрзо и да заврши веќе.
Во светот речиси за се постојат двојни стандарди. Нема дискусија ако не ја гледате другата верзија на приказната. Многумина го перцепираат детството како најсреќен и најбезгрижен период од животот, радо би се вратиле во тоа време, на таа безгрижност. Јас не сум од оние луѓе што постојано негодува околу животот во светот на возрасните и одговорностите со кои се соочувам. Мислам дека спаѓам во онаа категорија на луѓе кои еднај чекале да пораснат, да станат независни, авторитентни и конечно да можат работите да ги имаат во свои раце, полна контрола. За мене детството можеби и не беше најсреќен период. И никогаш немав голема моќ да го сменам тоа, се чувствував беспомошно и немоќно. Баш пред некој ден, стандард мелахнолични мисли ми го преокупираа мозоков, ми го силуваа поточно. И се сетив дека секогаш двигателен мотиватор ми беше дека некој ден, ќе имам толку години (точно колку што имам сега) и ќе ја имам моќта да одлучувам за себе. Се гледам себеси како личност сега, и сум задоволна од тоа што го постигнав. Зборувам карактерно, како личност. Задоволна сум од себеси денес, но не сум среќна заради начинот на кој стигнав тука. Погрешни патокази, кривини и скратени патишта, долги години лутање, погрешни дестинации и долги паузи на погрешни адреси. Me челичеа дури ме кршеа, и созреав и разбрав дека во светот на возрасните се гази преку лешеви, и друг пат нема. Многу луѓе имаат погрешна замисла за тоа колку години имам. Премногу.
Се чувствувам глупаво и наивно, да не можам да си ги разграничам чувствата и да сфатам што навистина чувствувам. А тоа скоро секогаш ми поаѓало од рака. Знам, едноставно знам дека ова не е љубов, не можеш да бидеш заљубен во некој што одвај еднаш си имал еден допир-рака за рака, си немал со него физички и поважно, психички контакт. Но, се прашувам какво е ова чувство што не ми дава мир, ме опседнува, мислиш на тоа секој слободен дел од денот, што веднаш ти црта насмевка на лице а како да знаеш дека само и на тоа ќе остане... фантазија некаде во моите мисли. Знаеш дека е погрешно, и ќе имаш грижа на совест а од друга страна мислиш дека срцето конечно ќе ти дојде на место и светот ќе е твој. За жал, едно машко не го прави светот. А јас, ќе треба тоа конечно да го сфатам и да си го ставам во глава, и да одлучам - да или не. Овојпат, се на моја одговорност. 15 дена само за размислување..
Теорија број еден, нивото на простоќа е право пропорционално со децибелите на зборување. Не знам колку уште треба да бидам поуморна за да се комирам, очигледно спиење по 5 часа со активност од 19 не е доволна за да ги пригуши звуците од околината. Не се жалам од работа, никако, него сакам малце тишина кога ќе се приберам, чисто мозокот да ми се одмори и да не слушам константно глупости. Добрата вест е што колената ми се оправија, да не ги подречам, сега половината ме мавна ама ајде уште месец и нешто ќе се работи турбо. Од страв дека ќе ми биде предосадно во Скопје, почнав да пополнувам апликации за работа, и надежно ќе почнам брзо по враќањето. ЦВ-то да боде полно на 21 година. Не ги сфаќам, посебно по второ лето вакво, како и што прават дома пет месеци, само пред тв и компјутер, и на фејсбук штракаат, како да нема утре. Зошто? Мене не треба ништо да ми докажувате и покажувате, стварно ми е супер. Тука на мои години фирми отвараат, овие не знаат чинијата да си ја кренат по јадење. Кога сме веќе на тема идиоштина, ај да сфатам дека ми се пушта типов, да ја разберам реакцијата на женска му притоа, да пробам да разберам дека ме гушка малце посилно и ме иштипа на секое минење и ме истегна за сите прсти кои не си ги пазев и ме облета, у реду е, ќе пробам да сфатам. Мажи што работат премногу, пиење и спицкани моми. Моментот што не го сфаќам е како пробува да те легне додека на два метри до ситуацијата гореспоменатата особа од женски род спие како заклана од којзнае кои не алкохолски бомби. Нели малце ќе се чукнеш во тимбата? И ме заебаваат овие по дома, додека едниов ме враќа дома, другиот чека да си дојдам ама не дочекува. Мажи, пак ќе речам, насмеј им се и трепкај и толку им треба. А мене ми е прекрасно кога се мајтапам, колку повеќе се мајтапиш толку повеќе се збираат, фасцинантна е мистеријата на машкиот мозок. Од друга страна, го имаш женскиот и америчка картичка од банка. Добро те најдов, интернет шопинг. Си седнуваш на дебелиот газ, отвораш акаунт за пет секунди, разгледуваш пет саата и за петнаесет минути отпосле ја полниш кошничката со не така потребни работи. Ама на попуст се. Евентуално на едно плус едно гратис. Некогаш и на три за десет долари, или мал број на опции. А да, и имаш книги, многу книги на попуст, а моментално чекам две да пристигнат во секој момент. Е, па, само се молам да испадне се како што треба и да се вратам пак догодина. Колку сум поуморна, толку повеќе пишувам. Добро утро за вас, добра ноќ за мене...
СДК најпрво Добро утро! Никогаш преку распуст не станувам олку рано...да не ве лажам, всушност јас воопшто не склопив око,толку ме изнервира синоќешната ,,бура" ...ухх Само што си легнав и размислував како ќе го поминам денот со саканите на Водно,ооп кога засветка што ли ќе? Помина сe',ама како? Цела вечер си седев под ќебе...узми дубоко водух и под ќебе. Ама не бива,ќе се угушам! И така Рејчел ја преброди оваа бурна ноќ и никого не остави на раат да спие... али шта чеш,една сум им. И повторно СДК: имајте убав ден. П.С -Кој рано рани,цел ден му се спие. Ајт со здравје.
Глупости се ова што ти си го напишала... Ако сакаш да си пишуваш дневник слоболно никој не те присилува тука... Ако не ти се допаѓа темата и форумот слободоно девојко немораш да пишуваш повеке... Ама вакви мислења како твоето секојдневно сретнувам , и знаеш што е нај интересно ? Тие таквите на крајот најмногу напишале во темата
Сите овци ми се на број Јас тоа најмалото, си трепкам ли си трепкам и важна се правам роденденска торта ќе јадам. Неделно пуштив срце и не е лажно другарството ако е искрено е важно. Докторите велат насмевката лечи и калории тенчи. Денес повеќе утре ќе намалиш, средина ќе фатиш и тераш даље све до наредно свитање. Жена без облини не е жена. А гладна е кучка. Кучињата сакаат коски. Така ќе си се тешиш кога вагата ќе ти каже дека пак си ги начукала тие пет проблематични. Маме им - ај да не речам што Некој вели дека мажите се палат на таква но на крај ќе изберат ваква. Со малку мевце де Па дами мои насмевнете се - лепо ви стои и на срце годи
Сакам да давам совети, да ми се обрати некој кога има некој проблем, па ќе сторам се што можам за да помогнам, ако не со друго барем со зборови. Знам да проценам како се чувствува тој некој тогаш и можам да се задлабочам во проблемот, па целосно да се активирам во наоѓање на некакво решение како и причините поради кои е настанат. Знам кога човек непотребно се грижи и бирам зборови со кои би му укажала на тоа, и како тоа да го искорени. Уште да знаев ова на мене да си го применувам. ама тогаш се е друга приказна. Можам да паднам во депресија поради флека што не се чисти и некои такви безвезни работи. Лесно се нервирам за глупости, и тогаш не можам да си ги најдам тие утехи, не можам да се убедам себеси дека не е во ред да правам така. Тешко ми влијаат и туѓите зборови, тогаш се за мене нема смисла и си останувам задлабочена во некоја дупка што мозоков сам си ја креирал. Смешно ми е сега Тешко е кога си во свесно - несвесна ситуација И така ти велам ким, смири се сега, за што се замараш бе човек, луда си ти Е сега би требало да е полесно
Денов многу убаво ми почна,абе преубаво. Само што станав од спиење,уште нерасонета,не сум прогледала,излегувам на тераса да видам што прави онаа шмизлана моја(мачката),бидејќи е многу палава,за овие 3дена откако ја зедовме само глупости прави,па мора да ја контролираме...Излегов и се расонив уште во истата секунда.Гледам ја турнала саксијата и цела тераса лом направена. Па ајде после чистев...А мачкава како од страна да си седи и да ми се подсмева мене,арно ќе беше да можеше да ми помогне во чистењето Mајка ми кога ќе го види цвеќето растурено којзнае што ќе биде Како што ми почна денов,со инстантно расонување,Бог знае како ќе заврши,се молам да не се прислучи уште нешто онакво,па живците да ги искинам. За малку ќе почнев да и викам на мачката,божем ќе ме разбере.Комшииве или ќе ме мислат ретардирана или па Анабел станала cat whisperer :geek: Да не должам многу,имајте убав ден,не дозволувајте една растурена саксија и палава мачка да ви расипе се.