Ви благодарам многу, се надевам кога пандемијава ќе стивне ќе ја посетам и физички, дотогаш ќе си нарачувам од нет. Според сликите е прекрасна
Пред едно 6/7 години, дома бевме поделени во два табора: Мајка ми/сестра ми беа во табор турски серии. А, јас и татко ми во анти турските и стално имаше превласт за ТВ, иако имавме дури 3 телевизори дома. (1 сега е цркнат) Потоа јас се отселив и завладеа турското ропство во нашата куќа, 5 долги години, а татко ми секогаш бегаше во спална поради зулумите што му ги приредуваа. Потоа сестра ми се омажи, а јас поради сплет на околности се вратив дома и повторно завладеавме ние "комитите", па мајка ми беше таа која одеше на постариот тв во спална да гледа. Секоја зима, се случува "голема преселба на народите" , каде се селат со татко ми во дневна, поради тоа што спалната ни е толку грч ладнa што си ја користиме како фрижидер. И сега, мајка ми почна на вечер да гледа некоја турска серија, и татко ми, сакал, нејќел, почна да ја трпи... Вчера заспала мајка ми, не ја догледала, ама овој ја изгледал и денес и вика: "Еее да видиш вчера Зулејха и Идриз што направија..." Го гледам јас така, не ми се верува што зборува и му викам: - Зар и ти, Бруте почна турски?. - Не не. Јас така за мајка ти ја гледав, да и кажам што пропушти вчера... Денов треба да се памети како најголема издаја, ever. Tатко ми стана младотурец. To be continued...
Се чуствувам препородено. Буквално. Знаете чуство кога, се ви е црно, кај да се завртиш околу себе, црно... друга боја немаше за жал.... ден по ден, лека полека, минијатурни чекори, почнав да гледам сиво, за да денес кажам, дека се чуствувам препородено. Зарем поубаво нешто има од своите спомени, враќање во своето огниште, таму каде што бев јас, се смеев, имав луѓе, таму каде што се започна, каде што толку многу нспредував и учев, стануваб возрасна. Знаете како е чуството кога поминуваш по своето огниште? Го гледаш, ти се враќаат спомени, рој од пчели врз глава, се ветиш гледаш анализираш и мислиш, оживуваш се, толку големи огромни спомени НО на крај заминуваш, а се чуствуваш толку многу убаво таму, ти се топи и топли душата од милина, секогаш заминував НО сега нема да заминам, конечно ќе се чуствувам убаво, милно, сакано, препородено, освежено, полно со сонце, нешто како пролет после ладна зима. Е така се чуствувам, сум препородена. Имам на кого да ја подадам раката, да се смеам, да бидам јас, да разговарам, да се чуствувам топло. Сега веќе нема со наведната глава да си заминам Нека стои и нека трепка. Би сакала само повеќе среќни моменти во линијата - живот. Би сакала само повеќе здравје и живот. Топлина, мир и спокој
Денес се чуствувам уморно, донесов одлука да напрам генералка во мојот живот, избришав една личност од мојот живот што ми беше мн драга, ама повеќе не е, проронав солза али ќе помине... такви се денес луѓето, користољубиви, никакви, едноставно решив да го избришам ѓубрето од мојот живот...
Моментално сакам да сум во турска, и на една клупа покрај некое море да си пијам кафе...ова ми е најголемата желба во животот. И се надевам дека некогаш ке ми се исполни да ја видам турска, и да ми се исполни желбата
Оние спомени/ memories на фб кога ќе искочат или ми го разубавуваат денот или ми го кршат срцето. А некогаш и двете одеднаш. Моментот кога ќе ти искочи меморија од некој кој веќе го нема. Некој кого никогаш повеќе нема да по гушнеш, да го осетиш... А сакам да го гледам од страв да не заборавам. Зошто е толку тешко?
Слабо чоек... Јас кога праев 'чистка од луѓе' во група летаа... никогаш само еден. Ако. Ќе се осетиш полесно. А и се' е лекција.
Почнавме да гледаме норвешка серија (поздрав @Ahoy ). Се случува веројатно во јуни, јули, кога е најголем денот, прашање дали воопшто е ноќ во 24 саати. И така, си седат по џемпер, снег на планините, лето Сдк може не сум душа балканска, ама лето без топло е криминал. Едвај го чекам да дојде
Значи не знам како може да бидам ваков баксуз, три-четири пати го имам отворено бившиот, чисто од радозналост и сите можни пати има видено сегашниов дечко и се тоа сама си се издавам, несвесно да покажам нешто друго иии оооп во срч
Аха, снег Минатото лето (и те какво, 30°C во Осло ) Норвежаните беа постојано во море, јас не #неправда
Имам јас доста пријатели во Норвешка, баш една пријателка нон стоп ми викаше, рано ми е да заминам, собирам храброст, се убедувам сама со себе и слично.. дека беше таа блиц во Норвешка пред да замине засекогаш, вели, не знам навистина како би се навикнала на многу поразлично поднебје од нашето, тоа најмногу ме мачи, се мислам ужасно ми смета дождот, студот, општо времето. Многу се плашеше... На крај замина и таа, и уште 10 пријателки пред и после нејзе... Не сум разговарала но гледам дека се навикнаа, работат по струките што ги имаа, и обавезно стават куп слики кога има сонце, радосни дека сонце. Тешко е човек да се навикне да поразлично поднебје каде што растел и живеел најмалку 30 години, ама па се е и навика, жив човек се навикнува. Најважно ги гледам среќни и споени конечно. Јас на минус 20 како што велат они има да ме нема, да се смрзнам цело зимо. Не знам ни каква облека би купувала зимите ... дали би имала храброст да поѕрнам од врата
Мажот имал друга... -Епа жена му кој ќе ја истрпи, нек си тера човекот, со ваква ламја од жениште ни Господ не издржува. Жената имала друг... -Курва!!! Знаете што СДК