Како може да биде некој толку досаден, гледаш упорно дека не сакаш да ти пишува, ама како да му кажеш глупо доага од твоја страна, да не свати погрешно, или можда ке свати...Не знам..А сам не свака дека чим не ми одговараат темите за пишување, значи си досаден. Секој ден све едно исто пишување, здр, како си, и што има ново..што може да има ново секој ден. Ама баш ништо...И сам не свака ете дека не сакам да пишувам. Ах црна дамо
Кога ќе ти пише пак кажи му „не сум заинтересирана“. Од такви досадни луѓенца боже сачувај. После на крај тебе ќе ти каже дека му досадуваш, а тој цело време добива син од твоја страна. Кажи му директно, колку порано толку подобро. Скоро со таков си имав работа и верувај сега кога ќе се размислам вака би постапила.
Да ги има многу, и не си никако да кажеш ајде ке речеш срамота е како мене еве. Сам да свати нема шанси и тоа го знам исто. Па не оставам сеен, гледам да вратам секогаш барем од чиста култура што се вика, ајде и мене ме нервира знам сеен да ме остави некој. А има период не ти се пишува те мрзи. Ама следен пат ке напишам како што ми кажа фала ти.
Знам, те сфаќам пошто иста сум и јас некогаш така. Ама, тоа некој да ти пишува упорно иако е на син ми е без осет. Виртуелно ти ствараат притисок и немаат осет за простор и време, не па во живо. Биди директна искрено нема да згрешиш пошто стварно тие пишуваат колку да пополнат време. А, не дека стварно се заинтересирани. Извини за рефератите, ама стварно спрема вакви персони најдобро е вака да се постапува.
Точно така се согласувам со тебе, имаш право. Да такви се без осет што мразам највеке тоа во животот, да ти се тупне пишувајки цел ден све едно исто. Ке морам така да постапувам од сега искрено. Нема проблем све убаво си напиша, фала ти уште еднаш
Чекај сега не можам, премногу имам за учење за 2 дена полагам. *Во меѓувреме гледам видеа поврзани со градинарство, а дома заборавам да ги полеам и тие 2 цвеќиња што ги имам*
Еднаш исто имав за полагање, ама секако пред полагање се' друго ти е поинтересно од учењето, и се загледав некои глупости на yt. Сум заспала така со слушалките, и ко се разбудив едно 5 видеа имав свртено за сецкање кромид.. Продуктивно потрошено време.
Лелеее, прв пат го слушам тоа, не верувај на човек што спие со чорапи. Јас цел живот спијам со чорапи, дури и летно време
Зборувајќи за спиење со/без чорапи, јас не можам без нив да спијам освен среде лето. Не знам ете, нозете камен ми се да сум боса без разлика со колку ќебиња сум се покрила. Нема поубаво чувство од она кога долната пижама ја ставаш в чорапи а горната пижама во долната.
Јас обратно,не можам да спијам со чорапи саклет ме фаќа а често имам ладни стапала бидејќи имам проблеми со циркулацијата
Нема шанси да заспијам без чорапи само летоска кога е екстремно жешко сум без чорапи . Еднаш одлучив да спијам без чорапи и се разбудив среде ноќ премрзната да барам чорапи
Amen Ако е екстра жешко ги соблекувам и тоа пак ќе легнам со чорапи и ако ептен осетам дека ми е жешко ќе спијам без нив..некогаш само нога вадење над ќебе врши работа, колку да се освежам.
Ете, и мене ми е саклет да спијам со чорапи. Значи не дека не сум пробала. Неколку пати, ама не иде и не иде. Или ќе заспијам со чорапи и ќе ги соблечам после пола час. Ама по цела ноќ нема шанси. А камоли во лето.
Јас секогаш со чорапи спијам, било лето или зима. Ме подзамисли со она не им верувајте на таквите ко мене, недоверливи сме толку?