Не ми се верува на какви несигурни, љубоморни и завидливи луѓе-другарки сум им дозволувала да ми влеваат сомнеж во себе и чувство на вина секој пат кога сум била полна со самодоверба.Проста.
Од старт му кажав дека немам интерес романтичен/ сексуален. Ми рече, јас со тебе пишам за муабетот. Ок. Не пишев за да не добие грешна идеја оти натаму ојде муабетот претходно и зато тргнав граница. Ми пиша пак, ми рече дека немал корист да збора со мене, шо била целта. Го блокнав. Поентата ми е, dudes, it's not cute.
Дејтинг сега е многу често во lose- lose ситуација ако си незаинтересирана. Да резимирам зошто пошто моментално ги гледам сите знаци и немам како да постапам и веќе полека се помирвам со фактот дека ќе изгубам пријателство ради моја незаинтересираност. Па да ми олесни. Кога од старт некој ми пиши пробвам да не претпоставам зошто. Најчесто то шо ми е скроз назад онака во мисла е точно. Се пушта. Шо е океј, секој има право на то. Се однесувам кон сите како шо би се однесувала кон било кој кој го запознавам и ми е потенцијален пријател/ка. Момент кога трга накај романтично и сексуално, и јас го сетам то, тргам граница оти неќам да дам шанса. Према мене ова е точниот начин да се постапи во ваква ситуација после многу шарање како да искажам незаинтересираност. Е сега тука се повлекват две подситуации. Често ми се вели: „Е зошто не ми кажа порано и ми даде лажна надеж?“ моето пријателство не е лажна надеж. Ако одбивав да прам муабет со сите од старт, немаше да имам ни еден другар во животот. И многу пати ме јадела мислава и почнав да кажвам од старт. Ако јас ти прам муабет како кон друго живо суштество, не значи дека ќе те примам в гаќи. Ти прам муабет, не те секстам. Ако те секстам - океј. Имаш право да заклучиш дека сум заинтересирана. То ме носи до втората ситуација: Ако кажиш од старт дека немаш заинтересираност романтично или сексуално одма е „ама јас така не мислев, јас сум тука само за муабет“ и после оние мимс: (А: здраво; Б: дЕчКо ИмАм). И ок си ко, вистина и јас глупа дирек му тргам граница дека сум незаинтересирана. За муабет е. Инаку така прај ситуацијата да се осеќаме, сите свесни сме дека не е само за муабет. И после почнува да ти се пушта. И треба пак да го одбиеш. И пак си ти крива оти го одбиваш и то по втор пат срамој, оти си му дала надеж. Цел круг. Генерално ако си девојка и незаинтересирана за некој, наеднаш си крената. Со памет в облаци. Сигурно одиш само за пари со некој. Курва. Даваш грешна надеж. Не знајш шо пропушташ. Објект си за кој нема веќе интерес. Сигурно мислиш дека си прејака оти одбиваш некој. Кузнај колку имаш одбиено и шо мислиш дека си. Не си вредна ни за муабет пошто немаш таква функција. Не чиниш. Тој само за разонода ти пишел. Не вредиш. Мислиш дека си интересна? Не. Не си. Тој, дотичниот, е тука да ти кажи дека сега зошто ти не си заинтересирана за него, веќе не си интересна. Ако одбиеш пијачка в кафич ти си крива шо одбива „добар гест“. Ако прифатиш пијачката, по автоматизам „должиш“ нешто. Инаку си сите набројани работи погоре. Јас не мислам дека било која е од набројаните работи од погоре. Јас сметам дека секоја смеј да кажи „НЕ“ и треба да кажи „НЕ“ и да тргни граница кога што мисли и не должи на никој заинтересираност. Не должи на никој да кажи „да“ или да прифати пијачка или да излези на дејт. Ништо од то не должи. Ти ме избра мене ко ме виде, оти не ми даваш шанса и јас да изберам некој ко ќе видам и ми се допадни? Али сфаќам. Девојките се површни ако одберат некој симпатичен, али ти шо ме избра мене, неа, таа другата, онаа онде - не си површен јер ги избра на изглед. Ако си заинтересирана стварно не е тешко сем нели ако не функционира и после си курва шо легнала на прв дејт ( скроз нерелеватно било дека и дотичниот легнал на прв дејт али #двојнистандарди и како жени секогаш некој ќе ни замерва). Али ко ќе не си заинтересирана постојано ти се лепат етикети, целосното искуство е lose- lose ситуација. Девојки, не сте вие тоа што gaslighting фразиве пробваат да ви речат дека сте. Чувствата на вина кои ги осеќате - не треба да ги осеќате. Се е илузија на нежни ега. Ми олесна.
Денес трчаше една типка и маж вика колку била секси, му викам колку е само стара, вика не е стара, викам како не 30 години има, маж вика е ај повтори пак, викам стара е 30 има, а оно и ние да сме остареле и маж има 30 години. Леле кога викав за тие по 30 дека се стари, а кај и да е и јас ќе ‘остарам’. Кога летна времето? Кога им се обраќав со тетка и чичко? Се плашам. Се плашам дека така ќе бидам блиску до 40, па до 50... Најмногу од се се плашам од тоа да имам 30,40 или 50, а да немам постигнато многу, да сум цели децении во мртва точка. Како наближувам до 30 се повеќе се запрашувам и размислувам што направив јас до сега и си задавам список уште барем тоа тоа тоа и тоа до 30. #не сакам да пораснам # не сакам да остарам # ама и не сакам да умрам
Disclaimer: уште еден хејт од мене. Не можам, а да не изреагирам, но во последно време забележувам дека одредени зборчиња не се членуваат во реченица кога треба... На пример ,,на маж му треба нова работа" или ,,на бебе му се спие" и ме вади од такт! Што побогу е ова, обид за деминутив? Не го касапете јазикот...
Абе неќам да ви ширам негативизам ама да се олеснам негден морам, мн ми е хаос животов моментално ама ќе му е**м матер ја него, незнам како ама ќе морам да станам нанози пошто има и полошо од ова, така се тешам. Поздрав другари и е***е го животот не дозволувајте тој да ве е*е вас.
Јас денес плачев 1 саат без престан. Сега се чувствувам ко полесна за 2кг Исплачи се слободно, никогаш не е лошо тоа, си постои со причина.
Јас вака пишувам оти ме мрзи да членувам. Инаку многу убаво зборувам, штета што не можете да ме чуете. Знаеш ли ти што е деминутив?