Тивките луѓе газат полека и не прават врева за да не вознемируваат никого. Имаат и тие своја бука и врева, но ја носат длабоко во себе.
Пролет, природа, сонце - рај за душа и тело. Денес излегов да прошетам надвор и да го искористам сончевиот ден. Место кое ме исполнува, ме опушта и ме враќа во живот е дефинитивно природата.
Не знам зошто, но имам фобија од зборење на телефон. Само кога ќе слушнам рингтон ми се темни. Ако ме сакаш, те молам комуницирај со мене преку пораки.
Не ги разбирам луѓево што уште седат во кафичи. Мислам океј е, напикајте се сите во еден кафич и после мрчете дека имало многу заразени.
Kога некој ќе ви каже уз муабет, на фемина вака пишуваше, на фемина нака пишуваше, а јас целата ваква.
Сакам да сум на море и јас, ама вечно таму да си живеам. Ќе си земам мачките, најдобрата другарка и ќе ловиме мачори хаха Здивев, дома веќе не издржувам колку е toxic
Па намерно така пишуваме, нема што да се навредиме Надвор од тие теми очигледно пишуваме како што треба, не е дека сме неписмени
Денес наместо да прочитам автобуска станица прочитав психијатриска болница. Доволен знак дека ми треба сон. Не гледам каде одам, не гледам што читам. Е точаче... Арно девојче си беше, шо ти стана?