Што со колеги манипулатори? Знам јас се во кој филм се влезени и не би им придавала значење, но што кога пробуваат да се издигнат и манипулираат пред претпоставените на моја штета. Ах, мразам вакви луѓе
Вчера си ја упропастив сама вечерта...од толку возбуда да објаснам што се случило дури нарачував поклон, на личноста за која поклонот е наменент и кажав и што е поклонот. Еве вака ми доаѓаше да си пропаднам и исчезнам. Сама како што можам да се изнервирам, никој не може.
Ко да најплатените во фирма ќе бидат .Ти работи си гледај за себе нив на игнор и само трпение ќе помине
Работам во државна институција, сите зимаме иста плата за иста позиција, сепак сакаат некои поени да добијат на подмол начин, непотребно, за задоволување на некои сопствени ега Работам ама имаше ситуација да каже дека нешто работам неправилно, а не беше така и отпосле сфати и се извини ама само пред мене а пред претпоставените ништо...
А,ќе кажував вака! Пролет , најубаво годишно време ,сѐ се буди ,а ние од дома не смееме да мрднеме. Не го замислував вака овој период , отсекогаш си велев кога ќе имам бебе ќе си го дотерувам ,ќе шеткаме е по цело време. Умирам да можеме да отидеме до Охрид ,Струга кафенце покрај вода. Наместо тоа маски сегде ,кафе само дома. Со паметен човек немам очи во очи муабет направено ,ме уби монотонија!
И јас мислев ќе дотерувам бебе, ќе шетаме сегде. Ќе се ужива. Ама јок, алиштата мои неносени останаа, а малото ми е како парталко, сабајле ќе го дотерам, до 12-13 ч од досада се валка со храна, мачка се живо и е облечен за никаде..
Исто,не се ни трудам пример да и е се комплет...ако извалка блузе само блузата ја менувам. Ако се панталони само нив....
Во цел ден дур сега најдов 5 минути да седнам. Толку сум уморна што ќе заспијам врз тастатура. Ама не се давам, имам книга за читање.