Кога ќе кажам Гниди,ова е во превод... Некогаш цело Скопје се собирало на езеро Треска,а сега ѓубриште и чадови А ова се Вошките.... Дека реката била чиста да го означат местото Време е за музика..
Оу мен, сам тингс ар хард ту чејнџ... не знам зошто го заборавам ова често. Јер да, луѓето се менуваат, ама и не толку многу повеќето. А форумов долго време тера иста шема со иста постава. Јеп, тотали мај бед, не знам зошто се навраќам. Оваа навика треба да се отокорени, и треба да се откорени од вчера.
Пред некој ден собираа некои донации за некој дечко од Прилеп, мислам дека од Ковид беше болен. Имало кутија на сред плоштад и зеле ја украле со сите пари што беа собрани за него. И така...
Пред некој ден ме застанаа деца на улица и рекоа: ,,тетке продаваме стегачи за 20 денари, сакате ли?'' И ми текна ко мала дека продававме глупости од дома, но никој не ни купуваше... Штета што не носев пари во мене, баш ќе си купев. Дечиња...
Леле кај ме потсети Ние со братучетка ми продававме пред зграда на баба ми и дедо ми букетчиња така пролет/лето, па малце ќе ги украсевме и често ни купуваа познаници на баба и дедо. Еднаш собравме скоро 500ден. Што убаво частење беше тоа, смоки, благо и сокчиња за скоро цело друштво низ маало. Ех, времиња. Си мислевме 500ден кузне што богатство се и каква голема работа сме направиле ама смешно изгледаа букетите стварно... Кога пораснавме сфативме дека од култура ни купувале...
Јас продавав мастики. Ги купував 5, ги продавав 3. Уште тогаш се гледаше дека од мене бизнисменка не бива
Колку повеќе сакаш да им угодиш на луѓето околу тебе, толку поглупав излегуваш во нивните очи. Ќути си, трај си, терај си.
Тој е, починал денес. Нека остане ова најголемиот срам што му се случил на градот, да украдат кутија со пари за донации.
Спојлер Штета на форумот не можам да подзаметам. А неретко имам брејкдаунс, што би значело да пишувам на секои 2 сати. Многу често ќе напишам нешто, па уште неиспратено го бришам, затоа што знам дека ќе ми се смени расположението уште 10 пати. Во глобала и најдлабоките чувства сме ги напишале тука. Некогаш сакам да го оставам пасвордот како наследство, за да можат блиските да прочитаат што сум пишувала за нив, како сум се чувствувала. Во реален живот не сакам да ме знаат како таква, ич не изразувам љубов, сакам да ме знаат како силна личност која нема ниеден проблем и ништо не ја допира. Но тоа е само една маска со која не можам да се фалам. Ме инспирира сликава за пишење...уште ќе пишев ама ај, доста е. И да, имам брејкдаун сега.
Е не се можам. 3 дена по ред си кажував доста е, нема веќе. 2 пат ми забиваш нож во грб. И пак кога бев прашана, пак ја пофалив бе. Која глупача сум. А не дека заслужува, туку ете така, неможам да кудам некој.
кога цел викенд нема да си ја завршиш работата, па почнуваш да работиш во 2 по полноќ- посебно ниво на неодговорност во животот
Денеска го изгубив моето куче... Премногу боли, неописливо. Не можам да опишам колку ме скрши Ништо повеќе не ме болело во животот. Лута сум, гневна, се тресам. Како понатаму? Остана празнина во мене, како да ми го откорнале срцето. Боли