Се уште не е отворен...треба наесен да го отворат https://eastgate.mk/en/shopping/ Ќе имало многу нови продавници и марки, и најголемата Зара на Балканот ...
Уба си беше темата за тоа дали земјата е тркалезна или е рамна плоча. Во светот уште дебатираат за тоа. Битно тема за секоја од турските серии и ред други теми што рокот на траење им е 4 дена.
Има вистина во зборовите. Да , да , душевна болка од разни доживеани ситуации. На форумот како и во реалниот живот среќавам луѓе кои се плашат од смртта, се плашат од смрт на најблиските и никако ама никако не можат да го прифатат фактот дека еден ден сите ќе умреме. Сакам да кажам смислата на животот е да живееш. Кратко и јасно. Чунки животот е краток и не знаеш што може да те снајде. Го пишувам постот и во позадина свири песничево, а надвор дожд врни
Како ме болеше глава вчера ,мислам крајот ми беше дојден.Чувајте се и грижете се за себе и своите сакани
Од машки домаќински муабети е сликава? Да ти кажам право, го крадам некогаш моб на мм да гледам што има. Барем си се смеам за разлика што на истата група за спротивен пол, секој втор пост е амин, икона, благослов.
Една од работите што ги донесе пандемијата, а мене највеќе ми се допаѓа се големиот број вебинари со предавања и дискусии од професори или студенти и членови од невладини организации на најразлични теми. Се наоѓа за сечиј вкус по нешто, а притоа е квалитетен начин за тепање време. Се надевам дека ќе продолжат со исто вакво темпо и по завршување на пандемијата.