Убаво е кога знаеш дека си опкружен со луѓе кои ти ја нудат својата љубов и време не очекувајќи ништо за возврат...
Никогаш не мислев дека ќе најдам вакви луѓе ама ете ги. Малку се, не се гледаме сите многу често, ама премногу вредат и премногу си ги сакам и ценам. Знам дека ме сакаат и поддржуваат без разлика на сѐ, а и јас нив. Постоеле уште.
Не се секирај, јас еве 40 и нефарбана. Има по некое бело влакно, ама незабележително. Искрено не ни планирам хемикалии да шлапам на глава.
Денес, некој успеал да ни влезе во двор, да го отвори дворчето кај што живееше најновиот ни член во семејството, да го земе и да го однесе некаде. Без никој да виде и да слушне. Не знам ни каде е, ни дали е добро, ни дали е нахрането. Сигурно е преплашено. А тоа, душичката, не знаеше ни да лае, ниту ги мразеше луѓето. Од сите очекуваше дека ќе го сакаат и ќе се грижат за него. Останав со кнедла во грлото. Немам зборови со кои би можела да ја опишам мојата болка. Нема веќе весело опавче што ми се радува, јазиче што ми јаде од рака, ангелче што сака да се гали. Само празен двор, празна куќарка, без живот...
Покварен народ. Жално ти ја разбирам болката,на мене уште порано ми украдоа куче. Форумов е голем добро би било слика да пуштиш можеби ќе го види некој.
Не можам да сфатам што луѓе се таквите Лајкот е за поддршка, се надевам ќе си го најдете или самото ќе се врати, искрено ви го посакувам тоа
Не знае да се врати самото, нема никаде шетано. Го земавме пред некое време и се плашеше да излегува... дури и од комшиските мачки се плаши. Јас овие денови цел град ќе го поминам, може ќе го најдам во некој двор, ако не е го некој однел некаде на нива...
И јас не се фарбам,иако имам и бели влакна .Се имам фарбано како тинејџерка и не ми стоеше убаво ниедна боја се е тоа вештачки
Така е за жал сите еден ден ќе си заминеме од овој свет,затоа треба да го живееме како што сакаме али ни во тоа не успеваме.
Другари од внатрешноста на Македонија што сте близу Скопје, имам прашање до вас. Работи ли нешто денес, ресторан/кафуле/сендвичарница? Штип, Свети Николе, Куманово, Велес? Би ви била благодарна доколку дадете одговор. Пишав тука бидејќи е ова најчитана тема.