Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    ^
    ^
    Епа сега, секој со своето. Не е тој виновен што имал услови па си го купил, па и ако се пофалил, негова работа, ниту пак е виновен затоа што некој нема леб.
     
    На stetoskop, imelda, cat250 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    16.999
    Значи слични сме :) земјени знаци,его набилдано до даске ни е :D по мое и точка :D
     
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    17.211
    Пол:
    Женски
    Да бидеш нечиј идол е тешка и сериозна работа. Моите некогашни идоли кои сум ги имала некогаш, сега се станати толку мали во моите возрасни очи. Единствениот идол кој никогаш досега не ме разочарал е мојата МАЈКА!

    Love you mom, you made my day! :* :inlove:
    [​IMG]
     
    На eliesaab, Elennaa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Имал пари купил ќе си се фали зошто да не?
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски

    Добро, на кинески пишувам или што не е јасно? Претпоставував дека ќе ме праша некој вакво нешто.Види, немам проблем што имал пари, па купил, драго ми е ептен, но ми е мака кога ќе видам како некој нема леб да јаде, згора на тоа болен и сл.Сакам да ја кажам иронијата на нештата...Одма се фаќате за она што вам ви е на мисла, а зборот не ми беше за тоа воопшто, ама изгледа мене од наопачки ми се појавува таму тоа што го пишувам, може од десно накај лево или од надоле па нагоре е пишуваното...
     
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    ^
    Така напишано има едно значење, а првобитното друго. Во првичното мислење, не разбирам зошто на тој што си купил мотор треба некој да му врзе една, во врска со што да се освести? За тоа што ако си ги заработил парите може да си ги троши?
    Го напиша како тој да е виновен за тоа што некој нема леб.
     
    На Nana19 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.707
    Допаѓања:
    8.678
    Пол:
    Женски
    Многу глупав муабет сврте сеа :|
    Ако е така ај да не се смееме бидејќи кој знае колку луѓе има што плачат, ај да не одиме на одмор затоа што кој знае колку луѓе се без кров на глава...
    Ако го купил од сопствен пот, пари кој што чесно ги зработил и те како има право да се фали :!:

    Не оправдувам фалење со парите на мама и тато, ама ако сам си заработам и си купам, нормално дека ке бидам горда, па макар и најмала ситница да е, не па мотор :)

    А ова за гладниве деца, без разлика колку и да се помага колку и да се дава, а секогаш ќе има гладни и боси.
    Крај краева ниту ти па не се откажа од одморот за да им обезбедиш кров над глава на тие деца.

    Проблемот повеќе лежи во тоа што повеќето и не сакаат да работат. Конкретно кај нас, раѓаат по 5-6 деца и ги испуштаат сами на улица да се снаоѓаат како што знаат и умеат и после државата е крива. Колку ти е долга чергата толку ке си ги испружиш нозете.
    Ако не живеам сиромашно ама и моиве да направиле 7 деца нормално дека со оваа плата што сега ја имаат ќе бидеме и ненајадени и необлечени. Не можеш бе ти да имаш 10-члено семејство ако финансиски не можеш тоа да го поднесеш.
    Подобро ќе имам две деца на кои ќе можам да им обезбедам нормални услови за живот и за школување не да имам седум и сите да бидат на улица препуштени сами на себе.
     
    На Lella и Lovely93 им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски

    Сосем јасна бев, ако читаш тоа што ти сакаш да прочиташ, тоа си е твое, твоја мисла, не моја, не дека не ме разбра, ама ајде.
     
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Убаво те разбрав, ама споредбата е бесмислена.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    16.999
    Како викаат The Doors..People are strange.....особено се изрази ова фалењево преку социјалните мрежи..порано мож толку не беше заприметливо...Фалење ама до граница,е сега ќе кажам јас еден пример...Се јавува чичко ми ( на мајка ми 2 братучед од Македонска Каменица) едната ќерка ја омажи СК,а другата-помалата таму студира сеа при крај е....и кога ќе има се ново одма крева мобилни и се јавува по роднини за да се пофали како братучеда ми била трудна,па како и ја опремиле куќата,па како се собрале со сватовите,па како другата ќерка е многу интелегента,првенец на генерација...па како биле Италија па не знам ли што уште не...тоа ти е КАД СЕ СЕЉО ПРОМАНГУПИ ПА НЕ ЗНА ШТА РАДИ....а братучеда ми одма си стави слики на ФБ,со прасето на маса,со сите како слават за куќата,па сликани со мажот и во спалната соба,па тој ја држи за стомак...па слики пред веридба,за веридба,по веридба...Не ми смета мене,ама не е убаво воопшто...оти пример кога се јави чичко ми,не ја праша мајка ми што прави помалата за работа?Како е во Прилеп? Како сте?
    И арно рекле стари на покријан г*з никој не плука
     
    На RockNroLLGirL и Nana19 им се допаѓа ова.
  11. Lella1

    Lella1 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    85
    Eх, сега да се караа некои 12-13 годишни тинејџерки ќе речевме ајде, деца се и се караат. Ама вие на 20+ години, стварно сте ми не разбирливи.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    ^Мислам дека Горде сакаше да каже само дека не е убаво некој да си мисли дека е фраериште затоа што има скап мотор,и да се фали на сите како да е нешто над другите и со тоа да ги омаложува оние кои немаат леб да јадат.
    Горде,извини ако сум грешно протумачила,ама секогаш пробувам подлабоко да влезам во речениците на другите,што некогаш е точно-некогаш не. :D
    ----------------------------------------------------------------------------------------------------
    Сакам само да кажам дека криво ми е накај оди светот,многу ми е криво... :doh:
     
    На Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755



    Не сакам со никого да се расправам само ке се надоврзам на вашиот пост...
    Пред некој ден кога напишав дека многу деца трпаат од глади поради нивните родители бидејки седат дома по фб сите ме нападнаа..Но очигледно ти го делиш мислењето со мене.
    Најчесто оние што имаат голем број деца не се ангажираат за ништо , со прст не мрдаат ама ич да им дозволат нешто на своите деца.
    Се задоволуваат со тие пари што ги зимаат за 3то и 4то дете но тоа не е ни малку од доволно :fubar:

    Колку и да се помага на други секогаш ке има и боси и гладни.А затоа се виновни самите родители.
    Некои луѓе се толку не совесни што неможам да ги замислам.
     
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Може не фалам и јас уште на целиов оф топик, ама тука ќе се вмешам. :D Па што ако сакале да се пофалат? Секој човек сака да ја сподели среќата со блиските, па и со секого кој му е во близина. Како фалење може да го гледа само некој на кој му е криво, а правите роднини заедно се радуваат на среќата. Сигурно не се фалел за на некој да му биде криво со тоа што кажал дека братучетка ти била трудна, па не е тоа некој успех што никој друг не може да постигне, ама за секој лично за себе и за саканите му е најголем успех и радост во животот. И ти кога ќе се вериш со саканиот ќе сакаш да вриснеш цел свет да дознае, а не па на ФБ да објавиш. И ти кога ќе дознаеш дека носиш плод на вашата љубов и кога секојдневно со маж ти ќе му се радувате на мешето, ќе ти се јави желба можеби и по некоја слика на ФБ да објавиш. Не секој објавува вакви работи, точно, меѓутоа јас не сум никаков ФБ зависник па многу ми е мерак кога ќе си објавам убава слика со дечко ми, како што ми беше и мерак кога се ставивме во врска. Тоа не значи дека јас се фалам што сум во врска и заљубена, божем единствена сум, ни прва ни последна. Но секој од нас сака да ги сподели среќните моменти и баш и не ја гледам иронијата во ова. Напротив, јас се радувам кога ќе видам такво нешто на ФБ или било каде и се радувам за туѓата среќа, па и ич да не ги ни знам што се вика. Широко ми е срцето, сакам среќни луѓе околу мене, сакам и да ја споделам мојата среќа. Замисли ако се радувам за туѓинци, за сопствена братучетка да замерам што наводно се „фали“ што е трудна или што се верила. Напротив, тоа ќе биде и моја среќа, ќе се фалам и јас. :) Еј знаете што? Ќе имам внука од братучетка. Да, не сум ни прва ни последна. Но овојпат ми се случи мене и не можам ниту да ја сокријам среќата. Зарем со тоа правам нешто лошо? Зарем не е вака за се што ќе доживееме за прв пат на своја кожа во животот? :)

    И не ми е јасно, што ја мешаш поговорката „покриен гз никој не го плука“ со споделување на среќата со блиските? Викаш не ти смета воопшто, а всушност ти смета тоа што се јавил да се пофали за нешто а за тебе не ни прашал како си. Епа повели ти прва јави му се пофали се за нешто. И да нема нешто за фалење, јави се онака. Еден ден и ти ќе имаш радосна вест, сакаш ли вака да гледа тој на споделувањето на твојата радост? Не значи дека веќе не е битно како сте, туку тој е носителот на новостите во моментов и тој е на главна тема на муабет, природна работа мислам....

    Се извинувам за оф топикот.
     
    На eliesaab, Lella, Daydream и 8 други им се допаѓа ова.
  15. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    Најтешкото прашање '' опиши се себе си '' :lol: :lol: незнам од каде да почнам , со што да почнам и во моментот кога некој ќе ме праша тоа прашање мозокот како да ми се блокира :D си стојам замрзната и си се чудам како ова смајли '' :| '' никогаш неможеш да ја погодиш точната придавка што комплетно ме објаснува ..и најмногу мразам кога ќе ти ги постават ова прашање во важни настани како на интервју за на работа или не дај боже да пишуваш состав на ова нашколо :rofl: :rofl: не да незнаеш како да кажеш , ама пак ти е страв да кажеш погрeшно да не те сватат :D a и 85% шанса е дека погрешно ќе те сватат |(

    исто така сдк дека има едни луѓе македонци што се во истиов град каде што сме ние во америка .. значи само се фалат на фејзбук [​IMG] , не викам да не се фалат ама се фалат за нешто што е за плачење ама е представено како прекрасно ..само слика до слика е бре луѓе и не ме нервира тоа , нека си постираат слики колку сакаат , ама под сликата напишано е лаги :!: , значи јас ги знам луѓето лично и секоја ден се жалат како не им чинело нешто , и другата ден ќе видиш на фејзбук објавено слика , сликана на некое убаво место и под неа пишано еден цел реферат од фалбаџиски глупости.. тие самите си знаат како им е , знаат како е, се знаат тие , ама намерно се фалат на фејзбук за другите да имаат јако мислење за нив.. [​IMG]
    ама ај it's them, not me, so whatever.

    сдк 3 [​IMG] си ја суредив собата конечно [​IMG] и денеска пишував на едно ливче вежби , поминаа околу 1-2 сати одам назад да вежбам , листот нигде го нема , некаде го фрлив и се мислав 5 мин каде го оставив , никако да ми текне.. и ајде почнав да го барам .. цела соба пак е превртив и пак хаос е се за едно ливче .. и кај го најдов ? зад гитара паднато [​IMG] моја среќа таа е [​IMG]
    yallah
     
    На DoReMi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Сакам да каЖам За многу години Рамазан Бајрам на сите муслимани на форумов...нека донесит мир,благосостојба и поЧит во сите домови.. Убав помин,па и бујрум на баклава
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Ако се однесуваш со почит кон мене, ќе те почитувам засекогаш и нема да те повредам.
    Ако ме третираш како ѓубре, еден ден, кога најмногу ќе ти биде потребна помош, е тогаш јас ќе те третирам како воопшто да не постоиш.
     
  18. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    За многу години Бајрам и тебе :*
    Баклавата е спремна,после ке се руча па гости ке идат. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Cookie.22, Elennaa, Adina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски

    Нема зошто да се извинуваш :) многу добро ме разбра, токму и тоа беше суштината.Благодарам на разбирањето :)

    А светот, светот е таму каде што е, тоа е...
     
    На Srckata28, Someonespecial и nevermet18 им се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    16.999
    Значи ако почнеме да дебатираме нема да запреме со постовиве...мене не ми е криво,ако ми беше криво немаше ни на свадба да појдам,ни да се изнаиграм,ни да ги видам,ни да се пофалам дека си бев во најубавиот ресторан што го имам видено досега...јас не сум човек што сака да се фали и да се истканува многу...значи да да се јави братучеда ми.во ред разбирам ама едноставно како да не постоиш за некого,јас лично ко се запознав со нејзе значи не ни се обиде да ме праша нешто..само ми кажа дека конечно заминала СК со дечкото дека ОН е заболекар а таа завршила на ФОН,па знаеш вака па он зима најнов мобилен,па новиот џипот...Да скратам некој сака да биде центар на внимание тоа е цел муабет,јас и никој друг... поговорката...има луѓе кои имаат многу постигнато па неможиш ни да разбереш дека се толку успешни,а има некој што постојано се фали или сакаат другите да го фалат и сака да изиграваат МОЌ.Неможам да пишувам повеќе..како и да е....