Со една песна сега се потсетив на едно време, куп спомени. Ме врати неколку години назад. Памтам во вторник навечер неколку девојчиња од класот нетрпеливо чекавме да почни Love songs на Антена 5 и слушавме дури не заврши. Тоа ни беше рутина. Времиња
Престани да измислуваш ,да си правиш лоши сценарија,се трујаш секојдневно со негатива , ајде олабави малку знаеш дека нема такво нешто, престани веќе, доволно е.
Стануваш рано, во соба црна темница. Се средуваш, отвораш прозорец и те дувка свежо ветре однадвор, неколку сончеви зраци срамежливо ти ја осветлуваат собата. Има некоја посебна убавина утринското ветре. Толку многу релаксира. Уживаш така неколку минути пред официјално да почнеш со дневните обврски. Или па навечер, најчесто доцна во ноќта, надвор е мртва тишина. Не гледаш движење, не слушаш никакви звуци, само улични светилки, по некое куче негде во далечината и небо полно ѕвезди. Гледаш нагоре, не знаеш каде попрво да се загледаш, колку е убава глетката. Ноќна хипноза. Само ти и небото над тебе. Нема поубаво.
Комшијава дома девојче донесол. Јас искачам во двор и си го барам мачево, го немаше си влегов дома. Еден од моиве ми кажува како сум требала да бидам пристојна, дојдена била, срамота било. Како убиство да извршив ме нападнаа. Оке, од сега ако треба и нозе ќе ѝ бацувам. Свое дете да нападнат туѓо да поддржат. Јадно. Али се навикнав више, да не ме мислите.
Шо сте се научиле вие младите со то 'токсично'? Токсично ова, токсично она. Ме нервира зборот, пошто за се' се користи. *вие имате забелешки за изразувањето наше, јас за изразувањето ваше... и така
Не ми е јасно зошто ја уништија женственоста, кај гардеробата зборувам. Значи не може човек да најде нешто што ќе нагласи женски облини. Баш вчера шетав по ситимол, значи се е широко, пренатрупан материјал, како вреќа да имам облечено. Кај отиде женственоста? Во спротивно, машката гардероба, тесни фармерчиња, тесни блузичиња. Ме нервира ова. Сакам да си истакнам облини, сакам да си ја негувам женската енергија, од кога почна тоа за невкусно да се смета? И ако знаете од кај можам да најдам некои поженствени парчиња, па со чипка материјалче, струкче да се истакне, не зборам за деколте и голотија на изволте, ами нешто што суптилно го истакнува женското тело. Не ми е јасно ова што се случува, а почнува да ме нервира.
Залепи неколку слоја салотејп на камерата, матно да биде таман да можеш да си потчитнуваш по мацку. Кога сме веќе тука, на еден факултет им рекле во една точка да гледаат. Купи си од кај машкиот дел, никој нема да знае освен ти и касиерот.
И' кажвам на ќерка ми за финтава и ми вика: Да бе. Ти не знајш? Ами од кај да знам вие шо глупости прајте Да ве фати чоек, да ве здрви од маање!
Дали сте знаеле дека во Шведска, на кандидатка за премиер и била одземена кандидатурата пошто откриле дека со службена картичка купила Тоблероне. Тоблероне... Добар ден.
Па и овде исто за Тоблероне би одзеле кандидатура. Мислам, би им кварел просек тој шо би купил чоколадо, во сите меса од срни, од елени, чуда, врагови, некој купил чоколадо...брука жива.
Тоа маање е од љубов, се мисли на гушки бацки. Мам не е лоша, си ја сакаме пуно со ќере нејзино, мене ми паѓа полу сестра чинам?