Раце да миете. Ретки се тие шо се плашеа и не си шеткаа, така да според мене брзо ќе се вратиме во нормала. Едвај чекаме ко од синџир пуштени, а за некои ништо не смена. Само изгубените животи и трајните последици по здравјето нема да се вратат, а кафани и плажа ќе има. Лонг стори шорт, само надеж дека уште малку и ќе се вратиме во таа нормала. Туку СДК не ми е за вакви теми, ги има 70. Дајте нешто повесело.
Ме потсети со ова, од нигде никаде, ми излезе на јутубето некој сумљив лик, со рецепт, лек против жуљеви (на пример). Рецептов- мешаш сода, паста за заби и незнам куркума на пример Следува рецепт против седа коса- погодувате: сода, паста за заби и незнам шо И така до недоглед Сигурно и лек против рак има од фамозната комбинација- сода, паста за заби+трета состојка , експериментирај дури не ја погодиш Сдк- не верувајте на се што ќе видите на интернет, може да е опасно по живот
Тој што ја измислил popcat алал да муе, си направи милиони.. Кој таленти во Македонија 128милиони пати кликнале на онај мачорон, народ од 1-1.5м луѓе, 128 милиони пати да кликнат, во просек од прилика по околу 70-80к кликови од чоек...
Да си се надоврзам на претходното мислење, се сеќавате кога мајките пишуваа рецепти за готвење во тетратка? Какви времиња
Пандемијава е доказ дека некоја будала со пристап на интернет во дадено време, што му текнало да шири антинаучна пропагнада може трајни и долгорочни ефекти да направи, оти луѓето си се информираат на интернет. Така некој рандом доктор со одземена лиценца му текнало дека вакцини не чинат, тоа станува теорија на заговор и пропаганда и сега со една факинг пандемија не можеме да се справиме при постоечка вакцина, зошто со сомнеж се гледа на концепти на вакцина што патем над 10 пати ја имаме примено во слична форма. Сакам да кажам, некои стварно не треба да имаат пристап до интернет. Како човештво сме доказ дека демократија не фукнционира во пракса.
Ко ќе помини оваа пандемијава, или кога ќе се вакцинирам (ако дојде до тоа воопшто), прво што ќе направам е ќе излезам сама, и три дена и три ноќи не си идам дома и има да се понашам како ко имав 18! Е, до тука ми е!
Сакам да кажам дека си ги сакам торентите зашто можам да си гледам American idol и The Voice и си читам книга напоредно
Многу сум толерантна штом комшиите над глава ми лупаат и тогаш кога се обидувам да поспијам. Нивното дете е темпераментно по цел ден лупа и тропа,сега играше топка. Стомакот ме боли и сакам малку да спијам,од детево не можам.
Леле исто. .. Ај ќе речеш преку ден во ред, дете е, не можеш да се замериш. Ама почнаа и ноќе да лупаат и стварно не знам зошто толкаво лупање во ниедно време...