Чекам денес автобус. А до мене стои една жена во 60-тите, дотерана, нашминкана. Доаѓа еден дедо. И вели: - Здраво. - Здраво. - Вие медицинска сестра сте? Се сеќавате ли на мене кога го лекувавте син ми во болница...? - Се сеќавам, како не се сеќавам... И така си прават муабет, кој каде е, што прават синови, ќерки, внуци, со коронава како иде животот. Кој се разболел, кој умрел. Стандард теми. И сестрава му кажува дека веќе во пензија била 5 години. И дедово и вика: - Вие во пензија? Не изгледате така. Не ве издаваат годините. Убава сте. И женава се топи: "фала ти, фала ти". - Кога бевте помлада, на времето, уште поубава бевте... И почнува да зборува: " И жена ми многу беше убава, ама прерано ме напушти, бла, бла..." Си изнаправија муабет. Мене ми дојде автобусот и не видов што следно се случи. Опасен дедото. Опасен.
Аман бе девојки не идете со секакви и не пијте morning after апчиња како бомбони! Не се добри тие апчиња, ви штетат и се пијаат еднаш, во краен случај. Не се пијаат како контрацепција, не се користат како решение оти дечкото ви е вол. Сфатете дека машко што ве сака и почитува, плус се грижи за вашето здравје нема да ве донесе во таква ситуација. Грешки се случуваат, ама не смее да прерасне во навика тоа. Денес видов партал направени матка и јајници баш од лапање на тие апчиња како бомбони. Не си играјте играчки и не идете со мажи што не им е гајле за вас. Нив ништо не ги афектира апчето ама вас може да ве кошта репродуктивно здравје. Аман.
Седам лабаво слушам низ пенџер женски глас вика. "Застани бе застани" си реков шо се дешава. Неприметливо ѕирнав и ја гледам на телефон се расправа со дечко ѝ. И ми текна на мене кога за џабе си ја трескав главата од ѕид. Криво ми падна мацку.
Се молат, свежо печените мажи да си ги гледаат жените и бебињата да не досаѓаат со покани по фб. Или не дај Боже чат! Боже, сешто.......
Зголемено крварење, паднато железо, промена во половите хормони, силна болка во јајници која е остра и константна, плус гадење, повраќање и треперење на мускулите. Конкретно за прекумерно крварење се обратила девојката, ама испила неколку апчиња во рок од 2 месеци. Трпела болка, ама ете крварењето доста пообилно од вообичаено. Не е во ред да се испијат неколку апчиња во толку краток период. Еднаш се случува грешка, ама овие апчиња не се контрацепција. А се повеќе и повеќе девојки како бомбони ги голтаат, што мора да се намали. Подобра опција се орални контрацептиви отколку апчиња за ден после.
Не прашав за сите side effects кои може да се јават, туку како конкретно ја уништува матката и јајниците, пошто рече партал биле направени.
Денов за никаде. Моја познаничка, починала.. Имаше само 20 години. Господ ја зема прерано. Доживотна казна затвор за тој што ти го стори ова. Царство небесно, почивај во мир.
На клеточно ниво не можам да кажам пошто не сум видела микроскоп од тоа. Ама како целокупна клиничка слика има афектираност што се манифестира со сите тие симптоми. "Партал" коментарот беше за силните крварења и болка што ги развило девојчето. Количеството на крв, густината и грутките не се воопшто наивни. Исто и целокупната крвна слика, не се нападнати само тие два органи, туку цел баланс на организмот се пореметува. Какви би биле последиците доколку зема пак голем број на апчиња во толку краток период не би знаела, ама не е добро.
Млада си, не знам дали си медицинско лице, но немој да бидеш ко старите тетки сестри и докторки -партал направена од апчиња За да укажат на нешто користат вакви изрази што ниту се соодветни за ситуацијата а знак прашање и дали е заради апчињата. Партал направен орган може да се каже пример за пропаднат орган или во распаѓање а сигурно тука не е таков случај.
Па ако пишам стручен медицински термин пола од луѓето нема да ме разберат, а не ми беше воопшто поентата на муабетот тоа. Сосема друго сакам да кажам, а тоа е злоупотребата на овие апчиња, нешто со кое Македонија има голем проблем. Сам доказ на тоа е форумов, отвори во темата за апче за ден потоа ќе видиш што се случува. Ниту ми е целта да се правам докториште овде, ниту пак драматична теткица, ниту пак сакам да лупам суперлативи на здравствени состојби. И не е проблемот дали јас ќе пишам партал или не, проблемот е што огромен број на девојки за да не им се спротиставуваат на партнерите или не знам ни јас самата зошто го прават тоа, порадо би си наштетиле самите себеси отколку да го направат нештото на многу поинаков и поздрав начин. И да во право си, знак прашалник се овие апчиња. Наменети се за еднократна употреба, а не за да ги пиеш како Ц витамин секој месец по неколку пати. И допрва ќе се види ефектот од нив на сите кои го прават тоа. И не ми ни се разговара за збор кој сум го употребила за да доловам нешто што не е добро, туку за симболиката и пораката што тој збор ја пренесува. А пораката е дека не треба да се злоупотребуваат овие апчиња, затоа што може да настанат последици како оние што ги пишав погоре. Па нека проценат членките дали е соодветен или не тој збор од она што го напишав како резултат од несоодветно користење.
Кој левел на баксуз треба да бидеш за толку да се спремаш за колоквиум и на крај поради технички проблеми кои ти се јавуваат минута пред колоквиум не можеш да го полагаш?