Некој ќе му чади глава од работа и ќе најде време да те побара, некој цел ден ќе дреме со телефон во раце и нема да те побара. Приоритети...
Последниве денови и јас си размислувам и знам дека МОРА да бидам таква, но не успевам, едноставно не умеам да бидам таква. А и не дека е добро да се биде таков, но со оваа моја добрина само срања ми се дешаваат
Добро е добро е, инаку на глава ќе ти се качат. Ако мислиш да не ги повредиш туѓите чувства помисли на тоа како тие ги повредуваат твоите. Некогаш треба да знаеш да се одбраниш и да не трпиш.
Истите тие не почитуваат ни едно правило и прописи и надвор од форумот. И после не не бивало. Епа нема да не биде. Имај убав ден Сдк. Ќе чекаш цела работна недела викенд да дојде да излезеш од кафезот,да прошеташ во природа. И тој викенд е против тебе
Со какви психопати си имаме работа. Уште еден доказ дека воздухот го делиме со секакви умоболни мозоци. ЗОШТО БРЕЕЕ!!!? Што му згрешија невините души? Се надевам дека случајот нема да помине неказнет. Ги замолувам сите надлежни кои барем имаат малку човечност во себе да го најдат и да си го добие тоа што го заслужува.
Поклон до земја за хуманоста на семејството кое во најтажниот момент ги донира органите на нивното чедо, сочувство за огромната нивна загуба. Човек да не знае како да реагира, ми дојдоа солзи од жал за девојчето и солзи од радост за момчето.
Ми се јаде благо. Торта, чоколади, стрвулинки... И не е најлошото што е полициски час и нема од кај да си купам, а дома нема, а ја трудна, туку тоа што сме сите заразени и нема кој да ни купи и треба да чекам 20 дена до блачко. Ќе си позагинам.
Сите у маало се заразени. Ние бевме последни нечепнати и бевме тие што пазаруваа за другите. Сега сме оставени на милост и немилост сите.
Ако сте од Скопје има многу опции за достава. Секако 20 дена без намирници не може да сте, побарајте роднини или пријатели да ви испазарат. Сите сме пазареле за некој во пандемијава, сигурно ќе искрсне некој да ви се најде. Сега читам си пишала горе пак.
Не сме од Скопје. За други работи имаме испазарувано за подолг период, никад не сме се оставале без намирници, чисто за секој случај. Кризата беше за благо, ама може ќе најдам некој да ми донесе сабајле.
Зошто луѓево немаат емпатија бе? Зошто им сметаат другите? Одам со два автобуси на работа, ретко да начекам за седење, идам 15мин порано на работа, одам да си земам за јадење и седнувам ко човек да се најадам. Сето ова му смета на колешките. Само немаат лице да ми го речат, видов како ме гледаа накриво и ми отпревртија очи. Не се замарам, само сакам да прашам зошто човек не смее да јаде кога ќе стигне 15,10 мин порано? И тоа што нема работа. Алооооо, во кој век сме!