Можете женски и јас не можев. Ама кога видов колку ме прават будала да не речам, ќе им застанам и ајт. Работете на себе, јачајте се!
Во век со злоба,љубомора,алчност,лицемерие. Ви посакувам пријатен лет,во 21век. Ставете ги вашите појаси полетуваме.
Жално е што сме толку напредни во се,но во чоештилук не. Барем старите генерации да ни бидат пример. Со дедо и баба ко ќе праам муабет се чудат. Имаат по 80 год и до ден денес се почитуваат со пријателите.
Имам почит кон постари но не би земал пример од старите генерации од многу х причини. Имало дружби да ,но дали биле и тогаш искрени. Оговарање да не ти зборам. Сите работат еден е газда на парите. Прашај го дедо ти дали живее со тоа дека во нивно време твојата мајка требало нозете да му ги мие на свекорот. Тема што секогаш му ја набивам на нос кога ќе кажува приказни од минатото. Сума сумарум исто било дури и бетер. Биди своја остани човек тоа е доволно. Слушај музика и не се замарај. Добра ноќ.
Изгубени се сите вредности,немаат срам,немаат чувство за ништо,само љубомора,да наштетат и потсмев.(Освен ако немаат некоја корист од тебе). Посебно ако си подобар нешто од нив,на секој чекор сопки ке ти прават.
Човек што го знам само еден месец, нема ни толку како го знам. Највеке ми беше потребна помош, не се осудив од никого да побарам тоа што ми требаше од пусти срам, и страв да не ме одбијат, пошто се случува и тоа. Тој мене ми помогна највеке кога ми требаше, тоа што го побарав ми го даде, со цело искрено срце ми помогна, и не ме остави на цедило. А јас до вечност ке му бидам благодарна, посакувам да е жив и здрав, тоа што го направи денеска за мене, нема никогаш да му го заборавам, едноставно човек со добра душа и срце. И драго ми е што сеуште има добри луге, бидејки ретки се таквите денеска. Господ нека му даде све што ке посака, од све срце му посакувам све најубаво. Знам дека имам пријател вистински до мене во секој момент. Да успеам да излезам од све што ме мачи, ке се потрудам да ја остварам својата најголема цел во животот...Тоа го сакам највеке а мојата мајка е таа што ме охрабри денеска, без неа сум 0 од човек. Фала ти дедо боже што имам мајка како мојата, нека ми е жива и здрава секогаш Патем и сестра ми нека успее во тоа што го сака амин
Ок значи језиво ми е кога дете на 15 години ќе дојде на гости прв пат во живот па фати да ми буричка по сите соби, особено по спална. Отварал фиоки со долен веш, буричкал по накит, новчаници, ташна, отварал кутии од се што имам, отварал бебешки работи (за вешот и за нив ми е најјезиво). После тоа доаѓа да ме гушка. Не знам, ама прв пат морници ме полазија од толку млада особа.
Најубав е оној ден после победа на Барса, кога ќе се разбудиш и знаеш дека ја крунисале годинава со трофеј, нема поубав почеток на денот. Долго време се немам вака радувано за нив, ми недостигаше ова чувство.
СДК - Ако не се наспијам не можам да функционирам. Изминативе 4 дена беа дојдени на гости сестра ми фамилијарно со детето и мажот и. Поради короната не сакаа да идат Македонија и да се замараат пак со карантин , па затоа дојдоа да прошетаат тука во Лајпциг источна Германија на гости и сите заедно шетавме и правевме слики за фејсбук ( друга апликација не ни користиме ) Се убаво, АМА едно големо АМА морам да искоментирам нешто. Внучето е мирно, друштвено, сака да се гушка, се во ред тоа, АМА цело време бара внимание. Значи се буди сабајле кај 6 :30 , во текот на денот спие само 1 саат дремка и после до вечер до 21 :00 часот е цело време будно и активно и цело време мора да го дружи човек , да му збори, максимално секоја минута сака внимание , мора да има до него човек и едно 4791394790496 МИЛИНОНИ пати да му се смени пелена. И како капак на се бидејќи сеуште му немаат излезено сите заби , навечер плаче, го боли изгледа кај што ќе му излегува запче и живо се дере на полноќ, цела зграда ечи иако му ја мачкаат цуцлата со гел да не го боли жлебината и пие растворено апче против болка. И сега мојот проблем е што јас ако не се наспијам не можам да функционирам и станувам агресивна како живо животно и цел свет го мразам и се ме живцира околу мене и главата ме боли и дупло пцујам и сум напната. Само можам да им симнам капа на тие што имаат деца и ЖИВЦИ околу тоа дете цело време. Јас не би можела така , па тоа 549745794973 МИЛИОНИ пати менување пелени. Немам ниту сила, стара сум, добро де 35 години, но не можам да си го замислам животот со додатни обврски и стресови, па да се чудам што му е, да одам по него по цели денови. Не фала. Значи да повториме по 678 пат ,,,,,,јас ако не се наспијам не можам да функционирам и сум ОПАСНА по живот за ОКОЛИНАТА. Си се знам каква сум, мажот ми е знае да ме смири, он ме осеќа со поглед не морам да изустам збор, но сум страшно незгодна и во такви моменти не сум културна и фина па ако сака и свети Петар да ме замоли да треба да глумам за пред луѓе дека сум РАСПОЛОЖЕНА. И така сфатив дека сум ја донела најбитната одлука во животот дека не сакам НИКОГАШ да имам деца , за мое добро и за добро на тоа дете да не го УБИЈАМ поради недоволно сон. Оти АКО ЈАС НЕ СЕ НАСПИЈАМ, сум многу АГРЕСИВНА , бетер од некое ОТРОВНО животно. Тоа е се што сакав да кажам .......мирен живот, мажот ми покрај мене, мирна глава , мирен сон. Добра ноќ
Нема кој не е агресивен кога не е наспан.Нема таков.Само се учи човек без сон.Јас едно 5 години не сум спана асално,оти имав и несоници.Ама функционирав со 3 шолји кафе некогаш и викам,ама пијам б комплексче,пошто тука нема дијазапмче.
Не е, сосем нормално е, посебно кога не се работи за твое дете. Си има свој тек на животот, навикната е на свој ред, сега за 4 дена треба магично да се промени и да и е ок неспиење и слушање плачки постојано? Не е мајка на тоа дете да е загрижувачки.
Агресијава е загрижувачка. Речников... Да се смири малку човек наместо да дивее, не е лошо. Е тебе ако ти е нормално, ок.
Знам точно што ти е загрижувачки, тоа што некој не може да трпи мали врискави деца а вие млади мајки веднаш си поврзувате со вашите деца па сфаќате ко личен напад. Плус, како некој може да не сака деца, и пак, слика од вашето дете се појавува кое нели, е најмило на цел свет, па на некој сигурно нешто мора да му фали штом има вакви чувства.
Не знаеш. Си кажав што ми е, а Бога ми, загрижувачки ми е и твојава потреба да се караш со сите. Една позитивна реплика да имаше...
Исто и јас ако не сум наспана сум толку нервозна и агресивна. Тогаш ако ми згреши некој нешто тешко него. Јас и така сум слаба со нерви а па не кога не сум наспана.