Ќе ти реплицирам нешто: Секој си има свој живот, се додека не го осетиш мирисот на своја бебка. Моментот кога ќе ти потече солза без да плачеш, додека го гледаш стуткано како нанка безгрижно до тебе и до маж ти, сето ова што се го напишала ќе изчезне. Сама ќе се будиш да провериш дали треба да се менува пелената, дали е гладно, дали е покриено, дали му студи, дали му е жешко итн. п.с. Сето ова што си го пишала, ми ја потврдува само една мисла, тоа е дека сите жени се опасни, т.е. сите жени се змии , само се делат на обични и кобри Немојте ова да го сватите за навреда Само се обидувам да и доловам моменти од вистинскиот живот кога не си веќе сам
Убаво е кога ќе се разбудиш среќен и весел и ќе потпевнуваш по дома. Иако не сум наспиена, добро ми тргна денов. Cheers.
Јас би додала + лепињи за гиро и донер. @nextredstyle Начинот на подготовка на сите тестенца е различна и тоа е она што ме буни. На пример класичните тортиљи кои се купуваат од маркет мене ми се крајно невкусни. Кисели и чудни. Додека лепчето за гиро - уште попознато како ,,пита" ми има фин медитерански вкус. Слични се да, ама сепак различни.
Не знам дали си сериозен ама вакви срцепарателни мисли никој не натерале да ја промени одлуката за немање деца. Не сме сите толку емотивни према деца. А нема ни потреба да се преобратува нечија желба и став.
Па не ми е исто. Бурито си е мексички специјалитет, а врапот ми е буквално било каква тортиља/палачинка наполнета со нешто. Пример, врапот може да биде со туна, а буритото не Споредбата ми е како гиро и врап, на пример.
Тешко ми е за сите гумени бонбони што ги изедов вчера, донат, мафин, ресани, кока кола... Што убаво е кога човек здраво се храни ама се уште не можам да се контролирам доколку купам да не ги изедам. А да не купам можам да се контролирам ама демек гумените, донат, мафин беа за дете, а ресаните за маж ми...кока колата дека на акција...
Абе ве трпам јас , ама го чекам денот кога ќе ми се качите на глава и ве отерам у три лепе. Ненормални едни , ќе експлодирам готово.
Не е исто. Секое бурито е wrap, ама не секој wrap е бурито. Бурито е специфично по состојките. Месо, ориз, грав.. и ред други работи.
Па... Тортиља од бело брашно воглавно е и бурито и врап, онака стандард... Е сега, врапови прават и од интегрално, 'ржано, безглутенско, од марула место леб, нори алги, свашта. Ама воглавно, ако збориме за стандард бурито и врап исто е. Тортиљи од бело брашно сѐ и двете. Сум правела домашни тортиљи од интегрално, никакви се, искрено
Што си се мачела со интегралното? Да знаев, со време ќе те советував да идеш у маркет да купиш од "мексиканските". Да видиш ти што е ружноќа. Никад више нема да ти текне за бурито/wrap. Е да, да не заборавам. Ако ти се јадат у иднина ќе земеш мини тавченце, смеса за палачинки (стандардна - млеко јајца зејтин и бело брашно), и ќе ги печеш на medium-low и дур се топли ќе ги сролаш, и ќе пазиш да се мекани, тврди никако.