Од кам имам земано, нивните тортиљи. Добри се. Од оние "мексиканските" по маркетиве немам земано. Палачинки полнети е супер, ама мора да ти биде суво полнењето да не се разводнат. Тортиља може и сосче да ти поднесе. И ладна да се јаде. Тортиља со пилешко и куп салати е супер ручек за на работа. Е сега... Купечки имам јадено само полнети па печени, фаст фуд стајл со шунка, павлака, кашкавал, кечап... Појма немам каков вкус имаат живи. И знам дека не се чуваат отворени, на брзина пропаѓаат. Затоа и да земам некогаш би земала строго да се потрошат штом се отворат. Шо знам... Престанав по дома со тортиљи да се бавтам. Последно врапови бурита и чуда имам надвор јадено... Некаде пред корона дома сарма и гравче, арно ми е
Тортиљи има многу убај, она со чиа можеби меѓу најубајте. Бурито со ориз, грав, пченка, њам. Врап се останато шо прам, и општо со рандом полнења е или јас си ги викам "тортиља". И сум зависна. Гиро не е исто, скроз башка лепче е гиро лепче. Баш пита е. Не бара и исти состојки да полниш, ко тортиља. Башка лепче башка работи "влечи". Наан скроз друго лепче. Крепес палачинки трето тесто. Туку ќе велев. Од утре на диета.
Нешто ме мачеше па си пуштив музиче онака да се опуштам. Таман се релаксирав, нов проблем се избаци. Појачав тонот на музиката.
Поарно пријател кој ќе ти "врзи шамар" и ти го кажи она што треба да го слушниш, а не она што сакаш и да ти кима со главата на сѐ "мхм да да, во право си". Tough love. Понекогаш се случува да ми треба reality check ради мојава анксиозност и претеран страв од некои работи. И мило ми е многу што имам пријатели кои ме разбираат и ме сослушуваат додека се искрени истовремено, а не да ми прават филмови или да се подбиваат со мене. Не знам со што ве заслужив ама фала ви за сѐ. Додека сум жива ќе го паметам ова искуство.
Џабе да им кажеш дека грешат, на крај кога сé ќе ти се изрони и ништо не ќе можеш да напраиш! И најмалите грешки можат големи проблеми да ти донесат.
Се заразив со женава, made my day На која жемска и тмурен денов со оглед што е понеделник и што времето е такво какво што е, топла препорака да си ја погледнете со кафенце после работа.
Што значи 'редење гости' на некој дијалект? Сум го прочитала зборот и од други членки ама сум сфатила во која конотација е, ова никако не можам да го разберам