Распоредување на гости Пример на свадба, редење гости е распоредување на гостите, кој со кого и на која маса ќе седи
Има денови кога мојот мозок знае да е толку креативен и да скоцка преубави мисли, да ми даде идеи и инспирации за одредени работи и да направам нешто што после убаво ми е да го гледам. Има денови како денес. Денес си ја купив една од работите што ме прави среќна, односно бурек и фатив да одгатнувам мистерии за најдобриот другар на бурекот - јогуртот. Као, зошто постои, како му текнало на некој да фати и да ферментира млеко, зошто го сквернават со секакви намалувања на масленоста коа се знае што е праф јогурт, дебел и thicc, да осетиш дека пиеш јогурт а не вода со вкус на јогурт, зашто воопшто постојат други варијанти па и ајран кога се знае кој е кралот на јогуртите... И така и погувеав едни 20 минути каде наместо за нешто паметно да ги потрошам, јас ги одгатнував мистериите на јогуртот. Сегде да сте, во мојов мозок да не сте
СДК дека после постот на @KateKane почнав да имам cravings за бурек со месо, пресен, штотуку направен.
Се мислев да го постирам како цитат од Тирион Ланистер, пошто многу го поштовам ликот, ама во реалност Џорџ го има напишано
Јас кафе ретко пијам, какао или чоколадно млеко може Туку сакав вчера да ти пишам дека сум кај тебе во Берлин. Бевме да го земеме татко ми од аеродромот , ми вика да дошол тука оти имало Корона у Македонија Па и тука има Корона бе човек. Бидејќи одамна не можам да се разберам со постарите генерации, кренав раце , па нека седи на гости колку сака , си има бугарски пасош он , нека седи сам, ние си тераме со работа. И ми вика сакал да се шета, убаво било времето. 492954770 пати му кажав дека мора да седи во карантин 10 дена, не му се чекало, па прашував во тест центрите 45 евра е тестирањето , ќе почекаме 5 дена нека поседи и одма тест за да му се скрати карантинот. Пристигна летот од Скопје Следно идење натаму обавезно ќе ти пишам , стварно немам слободни денови , на работа сум , а не сме далеко, 200 км за до Берлин. И ти ако идеш наваму, да ми кажеш ќе те носам во аква паркот Белантис Ај да одам да правам ручек сега.
Се снајде ли во новиот аеродором? Да бе доби желба пак да се вратиш тука? Пиши слободно јас и така не одам на работа до фебруари 2021. Ама дека јас со бебе ќе дојдам на посакувано место не верувам ќе мора вие да дојдете на жичарата или на кафе да ми почуваш деца малку.
Не сакам луѓе со лоша пијанка. Сакам да седам со луѓе што коа ке се опијат се смеат, кажуваат вицови, смешни дешавки и слично. А не со луѓе што стануваат насилни и се закануваат.
Лиги ми потекоа! Баш сега ми се пријаде бурек, ама полициски час е, не е фер! Честито сонце, да е здраво и живо!
Имам еден комшија... т.е. не ми е мене комшија, туку на другар ми му е. Човеков е во 40 - тите години со жена, деца, ама понекогаш пие кафе со нас, комшиско. Еден е од оние луѓе што верува дека не чипираат со вакциниве. Тоа се кажува за каков човек се работи. А, јас се прашувам зошто уште со него кафе пијам понекогаш. Од друга страна, прекумерно е суеверен, до степен да еднаш направил колона од возила затоа што не сакал да продолжи да вози откако црна мачка му го пресекла патот. Пред некој ден одам до кај другаров, го гледам овој карши во двор се врти кај колата, а колава гледам цела страна удрена. Ми вика: " Вчера црна мачка ми го пресече патот, денес ме чукнаа. Ме стигна клетвата." Си викам, те стигна кармата за сите теории на заговор што ги кажуваш. Денес, две црни мачки мене ми го пресекоа патот, па да ги прашам суеверните, дали се поништува клетвата пошто двојна негација, или се дуплира? За комшијата прашувам.
Има кај мене во населба топ бурек иако има три фурни ама само во едната го бива. Ама јас поради страв да не ми се фати купувам за други а за мене не