Македонска државна институција не е тоа тоа ако внатре не е зачадено од цигари, нема во некое ќоше решо, филџани од Браво и запикано радио од кое се слуша македонска, свадбарска музика, а кога отвораш врата се плашиш да не ти остане кваката в раце. Да не зборувам за тетките што со саати куцаат 3-4 бројки откако си ги чекал да си го довршат кафенцето. 3 пати денес се вратив и отидов бидејќи не беа тука. ПаУзА Де. Ај што им заврши самоволно продолжената пауза, влегов за печат мислејќи ќе начекам само една, собрани беа ко на гости со кафе пред нив, уште баклавче да им принесев. Се смеат, се зезаат, ни ме забележаа при влегување ни па изреагираа на Пријатно. Ех Македонија.
Е вака со трудничкиов мозок. Ги гледам луѓето ко теле во шарена врата добри минута- две опдека укопчам што ми зборат. Една проста реченица ми е тешко да поврзам.
Најтешко ми паѓа кога ќе ме видат моите расплачена, во случајот денес татко ми. И се трудиш од петни жили да објасниш дека не е ништо озбилно, само ти се собрало се' и пукнало. Ама не брате, упорно се редат прашања дали е се во ред, дали си се скарала со некој, не се плачи така од ништо итн итн.. И оди ти расплачена, во липање објаснувај шо е работата. Понекогаш стварно сакам да беа бесчуствителни, плачеш, епа плачи. Не е моја работа. Па колку и да звучи сурово.
Културни луѓе, почитуваат личен простор Да не знаеш што е полошо, да имаш дете што си липа нон стоп и не кажува зошто т.е тврди дека не е ништо или родители што те гледаат како плачеш и не ги интересира зошто
Не знам шо е поарно, ама кога сум во таков муд најмалце сакам да ме гњават со прашања. И онака мнооогу ретко пуштам солзи пред други па кога ќе се случи тоа нека не ме прашува никој ништо, сакам насамо да си липам.
Па не знам, немам дете, а јас ретко липам и кога липам имам причина. Знам дека липањето нема да го реши проблемот, но ете, ми олеснува.
Зошто мора да му давате на некого лажна надеж, лажна поддршка а не можите да го исполните тоа што го ветувате?
Се сликала со братичедките и бап на стори, после тоа земала со "најбоља" другарка видео стаила. Мене кој ме врти. Епа нареден пат сами да си ги решавате проблемите, со мене НЕ. И малечката може да биде безобразна. Лагано.
Само едно прашање: што е со новиве македонски приказни на канал 5? „ Направи ѝ детенце, може ќе ѝ дојде умот, ќе те остави на мира.“ Дали сте сериозни? Баш се загледав да видам што глупости ќе чујам, и претходно имаше вакви „интересни“ елементи, ама ова од денес беше врвот.
23-ти април, Светски ден на книгата Духовната храна е подеднакво потребна како и земската Конзумирањето литература од индивидуалната листа е вкус за свое задоволство.
Некој ми пиша во лп како тоа фино лепо сме се почитувале со родителите и имало некоја фамилијарна хармонија. Епа брат нема да ти вратам на лична порака, туку тука ќе го пишам постот во јавна категорија. Поминаа 5 дена како е дојден на гости татко ми и таман ќе си помисли човек дека животот си течи мирно и ОП ете го пак почна со неговите критики. Имам веќе пишано во другата тема дека не сум блиска со моите родители бидејќи они имаат конзервативни сфаќања и нема шанси да се разберам со нив. На млади години Господ ми е свдок како сум ги трпела да ги слушам и почитувам во се што ми беше забрането и што ми ја полнеа главата со глупости. Откако се иселив тие продолжија да трубат , но јас еднаш у неделата само се слушав ради реда. И правени се милиони муабети ДА ПРЕСТАНАТ ДА МИ СЕ МЕШААТ ВО ЖИВОТОТ оти јас си терам моја шема и не може тие да ме контролираат. И ете го денес почна со неговите срања : требало секој жив човек секој ден на тренира како ненормален за да биде во фит форма - за него фир форма било 50 до 60 кг,не дај боже да имаш 61 кг одма се рачуна дека си била ДЕБЕЛА, јадење лајна околу пријателства оти му е чудно како бе така у Германија ладни , никој не си одат на гости , не одат на кафе шема, телефони да ѕвонат, па продолжи муабетот дека у Штип некој искоментирал на моиве : абе што прават ќерките твои по Германија, едната со дете, другата што чека ? Еј од кожа ме извади со тој МАКЕДОНСКИ МЕНТАЛИТЕТ И МЕШАЊЕ ВО ТУЃИ ЖИВОТИ. 452975050577057050057205 МИЛИОНИ пати е правен муабетот, НЕ САКАМ ДА ИМАМ ДЕЦА И ТОЧКА, со мажот ми се решивме на мирен живот Ама нееееее, морало да се спомне.....и ко ќе умрете двајцата , на кој ќе ги оставете тие пари ? Ти ич да не се мешаш како ние живееме и зошто не сакаме да имаме деца и ич КУРОТ да не те боли што те прашала таа особа што толку се интересира ЗОШТО НЕ СУМ ИМАЛА ДЕЦА Да ви се плукнам у менталитетот , мислам дека цел живот ќе го критикувам тоа кога некоја трета особа се меша во одлуките на други. И нормално се испокаравме , мажот ми застана на моја страна , но татко ми упорен дека МОРАЛО да се има деца и некои други ситни глупости што споредуува со Македонија. Му реков : ако продолжиш да се расправаш, ќе ти купам карта оди на гости кај сестра ми , мислам дека сум доволно јасна и знам зошто сум ја донела одлуката НИКОГАШ да немам деца. Баш пред некој ден и на форумот ја читав таа тема, ама не искоментирав бидејќи скурчено ми е се некој од Македонија да ме прашува абе зошто чекате, зошто немате деца ? Извинете на негатива, но морав и јавно да напишам пост дека стварно никогаш нема да се разберам со моите родители оти они имаат други сфаќања и очигледно живеат за она што ќе речел народот. Ма ич кур не ми чуе кој што ќе рече, народот таму нон стоп зборува, не можеш да му затвориш уста, но се исфрустрирав страшно што морав да се тргнам на страна да се смирам. СДК на никој па и на најголемиот душман не му посакувам да има татко како мојот. Исто и мајка ми знае да критикува ама одма и ја затварам устата, ама татко ми е тешка категорија на традиционален човек и поголем инат од него не постои на овој свет. Алал да ви е на тие што си имате родители полни со разбирања , што не ви се мешаат во живот, не ве тераат нешто на сила , дека така требало. Ехххх цел живот умирам за родители со кои ќе можам да се разберам,,, жими се најмило, мене свекорот и свекрвата толку не ме критикуваат колку што тоа го прават моите. Се велам постари да попуштам да ги сожалам , ама не заслужуваат оти додатно ме напнуваат со тоа што требало у животот да се прави да се раѓа деца и такви работи. Преку куров ми е од тој муабет за деца. Бре значи , човек на раат да не е. Здравје ако дојдам накај Македонија убаво ќе и објаснам на таа што прашала зошто ќерка ти чека, зошто немаат деца. Пичка и лепа материна
Ај па ти што се нервираш. Прашала оти и било досадна. И мене вчера ми рекоа “ Оти мор држиш диета биди си дебела” за после да слушнам “ леле внука ми колку е дебела никако да ослаби”.
Наизглед убаво да мирен живот без деца убавини вечно млади,но секогаш во приказната има едно големо Но.Срека што твоите не размислувале така,па сега ти постоиш,за жал правото и некој друг да постои нема да го има она исто право и срека која ја имаше ти,секако твоја крајно егоистичка одлука на која имаш право,зашто некој друг да постои па и згора на тоа да се грижиш за него да одиш жртва како за тебе што оделе твоите родители зашто кога веке постоиш ти зашто да постои и друг,љубовта е жртва и без неа нема Љубов само егоизам за привремен мирен живот кој секако и тој брзо ке помине док си реко пиксла,кога ке се свртис позади себе ке видиш само сенка,живот исполнет со егоизам и без никаков плод од него.Само некоја сенка која некогаш егзистирала само како сенка и ништо повеке од тоа,ниту ти како болна старица кон некој ке имаш чувства,ниту пак за тебе на некој ке му биде гајле па да оди жртва за некоја осамена и болна старица жедна за мало внимание ништо повеке од тоа да ги даде неговите 5 слободни и скапоцени минути на неа,не апсолутно не,нема да ги добиеш.
Како не ви е мака со срцепарателниве постови жити очи. Те праша за совет негде девојчето? Толку да сакавте деца ќе сфатевте дека тие што не сакаат деца подобро е да ги немаат.
Ги жалам оние кои се толку небитни и несреќни па за да се осеќаат дека вредат нешто и среќно изиграваат судии, се дрзнуваат да осудуваат нечии лични одлуки кои не штетат никому. Нема да ви помогне тоа, нема ниту да сте посреќни ниту ќе ви помогне да се чувствувате дека вредите.
Знаев дека вистината понекогаш боли но не и дека е срцепарателна.Таа ја кажа причината зашто не сака деца поради мирен живот но тоа е кукавички и буквално дефиниција за егоизам.