Нема поубаво чувство од она кога ќе вдишите воздух на плажа. Сигурно некој сега си мисли: е да бе, убаво е прашина да дишеш али ете незнам мене некако ми е најубаво и се чувствувам најисполнета седејки на лежалката, со книгата в раце, наочари, и читаш а притоа буквите силно ги осветлува сонцето.. милина Го обожавам летото и за мене не постои ништо поубаво од пријатно празнично попладне на плажа, па глетката од зајдисонцето, миризбата, *филингот е специјален.
Море кога ќе го слушнам терминот Каури од нивна страна, што во превод значи неверници, ми иде да ги испоубијам бреее. Знаат тие што е неверник а? Па кога ќе каже некој дека верата ни е лажна ееех, па што се ежам и од зборот ѓауриии аууу. Ние за нив ни еден погрден збор, тие за нас илјада и еден, кој од кој потежок, со камиони да ги товараш и тој не може да ги сноси на себе, не пак самиот кутар христијанин.
Верувам дека сите ќе се согласиме дека има и муслимани кои секогаш се внимателни и не сите муслимани не викаат каури, има и такви кои имаат морал и почитување и се пријателски настроени кон нас без разлика на нашата вера.
Се чудам на луѓето кои се усреќуваат на туѓата несреќа...Какви "луѓе" се тие,ако воопшто можам да ги наречам така.
Страшно ме иритираат мајките, чијшто муабет секогаш започнува со 'Ќерка ми си фати нов дечко и отиде за Америка'. Добро, и?!
Па добро... сите слабеат во лето, само јас се гојам. Само што облеков фармерки после долго време и пукаат на мене. На каишот животот му виси на конец. Од утре, на диета. Готово, фајронт. Ако не почнам утре, ќе го прочитам ова утре, за задутре.
На колкумина од луѓето што ги познавате им завидувате мислејќи дека имаат совршен живот? Ме нервира и смешно ми е во исто време кога некој ќе ми го каже тоа за мене и притоа ќе им искоментира „Е што, што ти фали, за што имаш па ти да се секираш?„ Молам, како за што, јас ако се смеам постојано и ги споделувам само убавите моменти значи ли дека немам свои проблеми и грижи? Секој ги има, нема некој што ги нема, само луѓето на различен начин се справуваат со нив. Јас несакам на пример да излезам и да го тупам со тоа колку ми е тешко за некој проблем, излегувам со цел да заборавам на миг на проблемите и да се опуштам во добро позитивно друштво, ако тоа значи дека треба да се смеам ќе се смеам без разлика на проблемот кој ме чека дома. Ако тоа значи дека треба да заборавам на грижите ќе заборавам барем на кратко, но тоа не значи дека сум јас безгрижан и без никакви проблеми во животот. Од каде знаете можеби таквте луѓе носат многу поголемо бреме. Периодов ми е многу опуштено и искрено не ми фали драма, тоа значи дека создреавм или стареам сигурно, се повеќе го сакам мирот. Убаво е да има и по некоја драма не викам не, ама тие од типот на Кери кога се караше со Мистер Биг и извика „You and I nothing!!!!„ веќе ми се издувани балони, ако е драма нека е некоја драстична промена, се надевам ќе ми се насмевне среќата од Септември и ќе ми се остварат соништата и плановите.
Како јас да сум го пишувала, животна желба ми е да откријам како некои слабеат во лето. Ама па озбилно еден куп сладоледи има и нашле во лето да слабеат, ма немој. Здебелена сум 5-6 кила откако почна летово. Вчера сакав да ги облечам фармерките кои ги носев за школо и небива, пола саат ги разгледував до најситен конец дали се тие фармерки. Ти си барем од секое утре на диета, а јас од понеделник, а кој понеделник? Никој незнае.
Не ги разбирам оние луѓе што мислат дека ако некој е богат автоматски е и несреќен. Богатиот може да биде подеднакво среќен или несреќен како и сиромашниот.
Каде да го продадам минатото за да ја купам иднината? На кој ѓавол да му ја дадам душата, за да можам барем една вечер со спокој да заспијам? Ме прашува мама зошто мислам дека нема да сум среќна во животот. Како да и одговорам дека се се враќа... Морам да поминам низ нечии солзи и клетви, морам да платам се и да вратам се... Е дури тогаш МОЖЕБИ ќе имам надеж дека ќе бидам среќна
Луѓе, мене ме снема малку, ама прифатив една волонтерска работа и со се времето за уживање во летово, денот брзо ми поминува, па и немам многу време за на компјутер. Волонтерската работа ми ја понудија по врски , за чудо прв пат некој мене да ме побара, а не јас да замолам некого , и интересна е, но и напорна. Она што е најдобро, е платена, и тоа солидно (иако е краткотраен проектот, се работи уште 10 тина дена отприлика). Е, сега, она што е интересно, работава е поврзана со луѓе, и има средношколци, значи не ми е по факултет, па многумина кога ме сретнат по пат, знаат подбивно да ме потпрашаат: Аааа ти Силвер работеше ваму и ваму...те завидов...ми кажаа... Добро ми влијаеше за каменување на моето его. Издржав. Но, не можам да ги сфатам луѓево...!!! Со сета почит кон хигиеничарките, и сите работници кои душата ја даваат за една мизерна плата, но кај нас не дај Боже да работиш нешто пониско (пониска позиција). Не можеме сите да бидеме на високи функции...!!! Јас со паричките битно си поминав еден дел од летово, си се подновив со некои летни парчиња. Не многу, ама благодарна сум и за толку. Догодина да сме живи и здрави, и повеќе.
Неверојатно е како една капка стар парфем може да ве врати во минатото во времето кога сте го користеле... Денес ми текна да ја отворам кутијата со спомени од сите мои патувања неколку капки истрошен парфем ме вратија на мојот престој во Париз едно од најубавите патувања
Скоро две недели се изолирав во природа, без интернет... и видов живот. Легнував порано, наутро се будев порано и првото кафе го пиев медитирајќи во двор, а во видно поле само цвеќиња и зеленило, читав книги, планинарев, бев на неколку излети, сликував реки, дрва и водопади... сон. ...nature is cheaper than therapy.
СДК дека веќе нема да ги лакирам ноктите со светкав лак, прееска пола саат ги рибав со памук и отстранувач и уште треба. Друго... Гледав некои видеа од Харков, Украина, протестите што беа пред два месеци таму... ужас, никогаш неможев да замислам дека тој дел од Европа ќе биде мета на валкана политика. А уствари, кога политиката била чиста? Битно, некој си полни сметки, а другите кој ги е**. Ми се гади од светов, само своj интерес да се гледало. Еден ден, еден...може ќе не лупне некој астероид и ќе преживеат добрите, а? Или пак тие со наjмногу пари... Иронија, иронија... Сакам куќа во некоја шума, на друга планета.
Ова ни е заедничко ептен во моментов, и јас се изнервирав последниот пат и веќе и ноктите ги испокршив стругајќи, и си реков на себе не сум чоек ако не го исполнам ветувањето дека ќе ги одморам барем месец-два од светки.
Многу се нервирам кога возрасна жена, мајка се обраќа кон своето дете со погрдни зборови, а уште повеќе кога го пцуе... Прееска надвор слушнав ваков муабет: -Што правиш ма глупачо една? Да ти се плукнам во детето, ништо не ме слушаш. Доаѓај ваму одма. Има да те испотепам дома. Глупача една...Пи**а ти материна, доаѓај! И после се чудиме од каде толку невоспитани деца. Со такви мајки чудо ќе биде да не се такви...
Само добри вести денеска. Старите соседи за две години пак ќе дојдат овде да живеат, едвај чекам. Со децата од соседството и родителите на сред улица скокавме јаже. Хепи кидс. Утре ќе ја добијам првата надница за ова лето, бре, бре, се` убаво. Дааа, и на шопинг ќе одам. )) На среќата и` нема крај, само се надевам дека времето ќе ми оди во полза.
Не знам што да кажам. Ја тепал последнава година како боксерска вреќа. После пет години врска. Плус две години брак. На никој да не каже. Додека буквално не проба да ја убие овој пуштајќи гас, чекајки да се наполни станот за да запали зипо упаљач. Го убедила да се сожали на кучето, да отвори врата да ја пушти кучката надвор пред да запали се живо со него заедно, и тој момент да го она искористи да вика по помош. Не ми има кажано ништо и ме шокира веста. Прв контакт за ситуацијата добив од полиција, со прашање дали ја знам и дали ја земам да ја пазам додека станот се среди. Мајка и била прв контакт. Мајка и! Мајка и, маме и на мајка и! Јас трет контакт. Отидев ја земав заедно со кутрето. Спие. И дале нешто. Утре ќе видиме што донесе. Ако ја донесе мајка и, јас ќе ја плукнам.