Не сакам ни деца ниту бебиња и никогаш не сум се глумела пред родителите нивни , едноставно не ми се слатки и не мора секој да сака бебиња и да се лигави и тоа е во ред.
Сакам да кажам дека многу ми беше денеска убаво со тебе Фала и за книгите.Жал ми е што не можеше да останеш бар до 19.00. Сега ќе ми е тешко малку да душичкава
Да бе имам за учење, али ти текнува на онаа серијана што последен пат ја гледав пред 2 години и се колнев дека никогаш нема да ја пуштам пак? Абе некако интересна е, сеа гледам..
Ме фрустрираат огласите за работа во кои задолжително се бара работно искуство (како со искуство да се раѓаме) Забораваат работодавачите дека пред прв пат да се вработат и тие биле без работно искуство. Ама имале среќа, читај имале врски, па се вработиле. Па стигнале до кај што стигнале. Сакаат квалитетен работник, ама не сакаат да си губат време да те насочат практично во работата. Ме фрустрира и тоа што аплицирам на огласи кои за ,,среќа" не бараат задолжително работно искуство, ама никој ме нема исконтактирано и повикано на интервју. Ги објавуваат ради реда огласите или за да му го продолжат договорот на некој кој веќе работи или да си вработат свој човек. Епа не можам веќе да издржам, губам време во листање огласи, аплицирање, а без никаков резултат. На моменти се чувствувам како неспособна да сум кога гледам некои се вработуваат, а си немаат поима од животот, а не па од работата. Некој ќе рече како можам да знам за другите. Епа кога си учел заедно со некој во средно или на факултет можеш многу добро да го оцениш, зашто добар дел од времето поминуваш со него. Ама нормално ќе се вработат кога имаат кој да им помогне... Некои па стварно не можам да ги сфатам кога ќе ми речат што брзаш да се вработиш, одмори малку по дипломирањето. Епа јас не можам да си го овозможам тој луксуз како нив, зашто моите родители немаат доволно финансии како нивните па да ми ги исполнуваат сите мои желби и потреби, а јас да не работам и да одмарам.
Работата на никој не му е подарена, секој почнува од некаде. Ако ти си се фокусирала да дипломираш навреме и сега тешко ти е да најдеш работа тоа е твој проблем, зошто повеќето што лично ги знам се вработија на средина на нивните студии, па откако ќе завршат целосно и ја добијат дипломата бараат нешто посериозно. Не значи дека секој што работи келнер или продавач за време на студирање се некојси простаци што треба да бидат деградирани, може му требаат пари, па и тоа е искуство. Не очекувај ако имаш какво било звање дека се ќе ти биде подадено на тацна. Не знам во каква фантазија се замислувате со оваков начин на размисливање.
До негде си во право, но не сите се вработиле со врски. Јас после факс, кога видов како функционира вработувањето, се дообразував за сосем друга област од факсот и отворив свој бизнис и така се вработив. Еве трета година веќе, и корона преживеа бизнисчето и луѓе плата земаат од тука и сеа пошо сум работодавач ти ме ставаш во кошот со сите дека сум се вработила со врски? И да, претходно работев на две работни места кои ме примија без работно искуство и се осеќав ко теле првата недела дури влегував во шема. И од денешен аспект сфаќам зошто е важно работното искуство.
Остај ги деструктивниве коментари под тебе. Само кај нас е прифатливо да си вложил 4 години и пари од животот во едукација и надоградување и некој препотентен да ти каже работи како келнерка, твој проблем е што сме отепано општество со висок степен на невработеност и што нема работа за 90% од кадрите. Не се обесхрабрувај. Би ти советувала да почнеш да бараш и огласи за пракса во твојата сфера, а и да аплицираш и на сите тие огласи кои бараат искуство. Реалноста е дека за да влезеш некаде, најмногу зависи како ќе се претставиш на интервјуто, така што биди упорна и пробувај си ги шансите. Не ти ја знам струката, но за некои има и можност за хонорарна работа, која после исто така се цени при интервјуа, па исто е ок како привремено решение.
@cresa-jagoda Нормално е да бидеш фрустрирана, но за многумина ситуацијата не е лесна. Она што го верглам по сите теми е: Аплицирањето не е никогаш губење време. Не постои човек на кој му се посреќува од прва и со една апликација да се вработи. Ако не можеш да најдеш по струка, ќе се обидеш да најдеш надвор од струка. Ако си студент ќе пробаш ворк&травел или слична програма. Нешто ќе упали, кога тогаш. пс. Не се однесува лично на тебе, но во темиве врзани за работа и вработување често провејува интересно размислување. Луѓето се незадоволни од системот само ако не нашле начин да се упикаат некаде, да бидат дел од него. Ако се внатре во кругот, чини. Ако не се, не чини, сите се со врски, животот не е фер и слично. Многу интересно.
А што лошо и кажавме јас и СуперДевојка? И кажавме како е реално, нејзин проблем е што не почнала со барање работа порано. Вие сите мислите дека се ви е подадено на тацна ако искочите од факултет, па мора да се измачите малце да видите како се работи во нашата држава. Со оваква лажна надеж никаде нема да стасате во животот.
Прилично сум сигурна дека под "со искуство" не мислат келнер, туку во областа на шо аплицира. Ко јас са одам викам "здр психолог сум, со искуство", и на прашање искуство во шо враќам: "аптека". Нема смисла.
Членката само го изрази своето незадоволство, и до некаде е во право. Колку пати тој што е компетентен за одредено работно место седи дома а некој што нема поим од животот се вработил на таа позиција. Такви примери ги имам еден куп. Патем, не секој факс дозволува работа и учење у исто време.
Не ми се троши време да се објаснувам со луѓе што девалвираат нечиј друг труд и се однесуваат како врска да немаат во какво општество живеат.
Кај реков јас такво нешто? Да, искуство е. Ама не во струката. Таквото искуство никој не го цени. Туку ти бараат да имаш искуство стрикно за работното место за кое аплицираш. Работа во кафич/продавница е колку да имаш пари, да не зависиш од родителите. Не реков да ми биде дадено на тацна, не реков работодавачите сами да ме бараат од дома да ме викаат за работа. Туку кога аплицирам за работа да не биде пречка тоа што немам работно искуство во струката. Затоа што сум учела и сум вложила труд за да завршам. И сакам тоа да се цени. И не сум некоја нежна што бара работа само со струката од факултет. Туку највеќе аплицирам за огласи според струката од средно. Ама тоа е проблемот, што ако не си отворела свој бизнис и ако не си се дообразувала, џабе ти бил факултетот кој си го завршила. Не си можела да се вработиш. Не знам што си се вработила, ама колку што сфаќам си била без завршен факултет, па работата била нешто кафич/продавница што нема врска со тоа што си го учела. Туку нешто што може секој да го работи колку да се рече дека работи, да не биде без пари. Знаејќи како функционира за жал нашево општество, нема да ми биде криво за некој што се пикнал со врски, ама ако стварно учел, има знаење, го бива. Ама не може бе некои да држат работни места кои не се соодветни за нивните знаења и способности. Еве на пример не може бе некој едвај завршил средно хемиско, со врски се пикнал да работи административна работа во приватна фирма. Па после колегите не го сакале, му наоѓале грешки во работењето. Па нормално дека ќе ти наоѓаат грешки кога работиш нешто што не си го учел. Или не може бе некој бил слаб ученик да се вработи по струка само затоа што има врски, а некој што учел и што навистина има знаење дома да седи или да работи било што колку да не биде со празен џеб. Така да, јас не барам со врски да се вработам и да викам после како сè е супер и чини. Туку барам кога аплицирам изборот на кандидати да биде праведен. И фирмите да бидат подготвени да нè вработат и насочат во работата и нас што сме без искуство во струката.
Јас те разбирам многу добро и мене тоа ме нервира најмногу. Ама во голем број е за жал така и затоа после ништо не функционира, се е закочено, за еден документ ќе се бркаш со недели. Затоа се поголем број на луѓе се иселуваат, оти ти ќе се трудиш, ќе учиш, ќе завршиш, а некој со врски и на факс нема да се појави, или без образование ќе ти го земи местото. За свој бизнис, оти јас имам лично искуство, исто и другарка, за неповратен кредит шо даваат за да отвориш нешто и таму е со врски исто за да ти го доделат кредитот. Не знам дали си од Ск, ама во Ск можиш многу побрзо да најдиш работа, отколку во било кој друг град. Јас гледам кога и да се отвора нешто во градот тука, никогаш нема оглас за новото шо се отвора, секогаш се најдени предвреме. Знам дека е многу разочарувачки, ама не се демотивирај уште од почеток, можи баш кога не мислиш ќе излези нешто.
само тој што вложил време, пари, труд, свој личен и знае што вредат парите од родителите кои се чесно заработени ќе те разбере. Многу ми е жал со коментарите погоре напишани што ги прочитав. во Македонија не се цени високото образование, за жал и одма ќе почнат па што секој завршува факс во денешно време(да, голем е бројо) НО, само тој што стекнал знаење, бил посветен, се откажал од многу работи низ студиите за да ја заслужи дипломата ќе му биде тешко, ти го разбирам револтот. и мене ми се случува исто (не барам работа, меѓутоа кога гледам кој се се вработил и колкави плати зима) ти посакувам среќа од се срце!
Утре ќе биде долг ден, ама денес сум горда себеси и на работата што ја завршив. Конечно се ослободив од еден од моите најтешки стравови што ме кочеа долг период.