@cresa-jagoda Тоа што некој учел, не е гаранција дека научил и дека ќе биде добар работник. Дипломата не е никаква гаранција. Работата бара трпение, посветеност, трпение, труд, време и пак трпение. Квалитетот на нашето образование е дупло голо, не се за џабе нашите универзитети рангирани на дното. Стекнување работни навики и пракса и "вистинско учење" доаѓаат со искуството, тоа не е клише туку е навистина така. Јас во своја околина имам примери за "единичари" во средно кои се посветиле на факултетот што навистина го сакале, и сега се навистина успешни во своите струки. Луѓето се менуваат, околностите исто така. пс. Стварно не се сложувам со делот дека оправдани се врскаџиските муабети само затоа што некој го бива. Не. Или си против трул систем или си против системот само затоа што не си дел од него. Нема трето.
Како не може. Еве јас имам филолошки завршено и почнав како секретарка после факултет да работам. Какви посебни способности треба да има некој и какви дипломи и школи за секретарка (со должна почит кон сечиј труд, знаење и професија)? За фотокопирање, принтање, пополнување разно-разни книги, договори, документи, фактури. Па после кога стекнав одредени знаења, правев и пресметки на плата. А немам магистратура на тема Како да не ти пушта црно тонерот? Да не се повторувам и да не труеме во СДК ама стварно е тема која и професионално ме засега. Дипломата е само почетокот. Дипломата не значи дека си на целта, туку на стартот. Аплицирај постојано, усовршувај се и ќе ти дојде редот сигурно. И не троши енергија на тоа како поминуваат другите во животот. Кога ќе одлучиш како сакаш тебе да ти биде, туѓите ситуации нема да ти тежат.
доколку некој си прифати друга работа, различна од тоа што завршил да, може да му биде во ред и прифатливо, Има луѓе кај кои дипломата дава знаења и е единствениот начин да се работи некоја работа и не ми е прифатливо ништо друго освен тоа да работам па и за плата помала од што мислам дека заслужувам (па и на почетокот)
Ти со вакво размислување далеку не стигнуваш. Преку леб погача а? Никој не ти е крив овде што не си имал услови за факс па сега се најде непрозван/а да делиш “ниски” советчиња како сме се сакале на тацна. Да,сакаме. Ние сме биле без спиење,и вие сте биле без спиење. Нема ние,нема вие. Се е исти,само не може некој со квалификации од средно школо да биде над некој со факултет. Затоа спушти се на земја, во Македонија и едниот и другиот е никој и ништо. Да бевме нормална држава се ќе си беше под регулатива. Ќе се знаеше што може да се работи со средно,а што со факс.
На пример која диплома дава, а која не дава знаење? Не ми е јасен тој дел. И ако си толку самоуверена дека дипломата ти дала неисцрпно знаење, тогаш зошто почетничка плата? Цени си го знаењето и во пракса. Едно со друго се исклучуваат. Да повторам, секоја диплома е само почеток. Да не беше така, немаше да постојат поимите стажирање, пракса, почетничка плата, минат труд во законот и слично.
Па некои баш дека мислат оти на почеток заслужуваат некоја висока плата, најчесто се без работа. За да стигнеш до некое ниво, ти треба знаење. Џабе дипломата, не ти врши ништо освен газ да си избришиш. Ако веќе реално зборуваме.
никаде не пишав неисцрпно. не си додавај ете, за да ја добијам мојата диплома и лиценца пројдов и стажирање и пракса муабетот беше дека за одредени професии мораш да имаш учено за тоа, а има и професии за кои не треба да имаш учено за тоа, можеш на самото работно место да научиш. разбра?
Мразам вакви огласи, а за жал кај нас се 95% вакви. Прва работа што он ми ја кажува со огласот е дека првенствено не му е битно знаењето или искуството туку изгледот. Ок, сфаќам, има работи кај што во преден план е оној прв впечаток кај нови клиенти, факт е дека функционира така. Ама за сегде да бараат слика?!?!?!
едно е нивото на називот на мојата диплома, завршувам и сум тоа, секако дека со тек на време ќе се зголемува платата, ќе учам повеќе, ќе се сретнувам со милион случаи, теоријата ќе си ја поврзам со праксата. мојата диплома е вредна и никогаш не би се изразила вака дека служи за тоа што напиша ти
Очигледно не знаеш како е надвор. Човек не треба да се потпира на парче хартија, каде стои неговото име и презиме. Ако ти се нуди шанса, не знаеш ништо, ја зграпчуваш можноста и учиш ново. Можеби баш тоа ќе ти овозможи повеќе поволности од тоа што претходно си учела. И не знам на што целиш со дипломата, демек денес никој нема диплома. Знаењето, флексибилноста и константното надградување и жртвување (време за спиење итн) се клучни за да опстанеш во денешно време.
Јас одлично разбрав, ама ти не ме разбра изгледа. Моето прашање беше конкретно и не беше воопшто иронично, а ти на него не одговори? Која е таа професија за која не треба да учиш? И што треба јас на пример да мислам за мојата матична докторка (ќе послужи како пример) која ги има сите десетки, дипломи, магистратури, стажирања, има своја ординација а кога ми зима крв ми искачаат хематоми? На што да верувам? На нејзината диплома урамена на ѕид или на иглата во мојата модра вена?
во ред, ајде не знам како е надвор. а мал милион мои колеги отидоа во странство и да им вреди тоа парче хартија како што го нарекуваш ти и е мноооогу платено и ценето еве лично јас, не сакам ништо друго освен ова нит да учам нит да работам, сум си одбрала нешто на кое што можам цел живот да го посветам и да имам жртвувано мнооооу од животов да го постигнам тоа што го имам постигнато. И тоа е тоа, секој нека мисли како сака за себе.
Точно, ќе ти заврши работа за странство. И што понатаму? Со вакво размислување, тешко дека ќе се снајдеш.