Ќе не караат дека е СДК, поентата моја беше дека кога се оди на пракса во стручните училишта, се работи сѐ, значи елементарни работи се тоа. А ако докторите не учат ставање инекции, тогаш сериозно се фалат тука некои луѓе со знаењето што го стекнале? Тоа е добар образовен систем?
Го прават во средно зашто комотно можат да работат со средното, не им треба факултет, на факултет одиме и ние со гимназија иначе, ако не ние да се отпишеме. Низ сите прекомплексни предмети и практични работи што се учат на факултетов(за секој предмет има практична настава), редовно читам како некој се фаќа за вадење крв. Ти гледај матичната да не е глупа за основни работи и дијагнози, не за нешто што се задолжени сестри и лаборанти, не знам каков бенефит ќе имаш ако знае совршено да ти извади крв а на пр. ти препишува превентивно антобиотици и не знае да те упати кај соодветен специјалист.
Ти се пиша и погоре ставање инјекција и венепункција е сосем различно( плус различни задолженија се за различни профили) читајте, едуцирајте се потоа критикувајте.
па повеќето и онака се лечат за секој случај со антибиотик, дома, добиен некаде на црно ама тоа е друга тема
Јас не се лечам на црно. Кој се лечи на црно? За шо да идам у болница? Сестрите да се вежбаат на мене?
Јасно е тоа, ама пред да стигнам до одредено звање поминувам пракса. Се надевам дека ако некој одлучи да биде инструментарка одбива да учи све останато, сигурно не функционира така. Или може функционира и затоа лошо ни оди.
Јас сум едуцирана да правам разлика меѓу глаголи и именки, а вие очигледно треба малку со игла да повежбате, за да нема колатерална штета. Или поважно е што ќе се докажуваш со мене, на анонимен форум и ќе ме учиш што е венепункција, а што ставање инекција. Поентата на муабетот е дека знаењето во клупа очигледно не е доволно, за сите професии без исклучок.
Види и шијачки работат со игла, еден прибор многу професии, се измешаа на темава работиве Дали ни оди лошо или било како не би да дискутирам ти објаснувам што на кого му е во опис на работни задачи. Јас лично на твое место ако мојата матичка сака да ми вади крв од вена ќе ја прашам дали е со средно смер лаборантка, сестра и колку искуство има па ќе одлучам дали ќе дозволам да ми вади крв, јер кога пружам рака сум се согласила на тоа што прави. Да повториме матична докторка нема обврска да вади крв, за нешто нејасно слободно прашај си, а не ми наметнувај твои заклучоци кој што учел, одбивал и како одело.
@Angie1432 Крв од вена е мој психолошки проблем, и редовно наидувам на неедуциран медицински персонал кој не знае да вади крв. Им се извинувам на пребожествата докторски што воопшто си дозволив да спомнам дека они требале да знаат крв да вадат. А за антибиотици и специјалисти, изгледа само јас им верувам на докторите и не ја пребарувам нивната дијагноза по интернети и по стручни медицински книги и сметам дека учеле и се труделе и им го ценам знаењето.
Не, слободно кажи си што си приметила дека ми фали, јас не патам од его трипови и спремна сум да ги исправам своите грешки.
И јас, на 43 години, од форумов научив дека било нормално доктори да не знаат да ставаат инекции, земаат крв и да пуштаат инфузии. Мислев тоа се учи на факултет како основа. Што ако си приватник и сестрата ти е отсутна? Ако ти колабрира пациентот, што ќе правиш ако не знаеш инекција да ставиш, или инфузија?
Абе ич не е до егото, до одбивањето да се научи е, од која причина е тоа его трипови ли, кои врагови се во прашање твој проблем, убава ноќ.
А само за тоа ли? Венепункција веќе усвоив што значи, мислев нешто друго да не си ми нашла некој недостаток, недајбоже некој глагол да сум сместила на погрешно место. Тоа би бил ептен пех. Лека ноќ и тебе, немој игли да сонуваш
Како не разбираш, друго звање е тоа, друг опис на задачи, прекомплексно е за објаснување. Заклучок, да гледам матичната да ја сменам или како што ме советуваа тука докториве, само сестра да ме боцка, на доктор пружање рака више не, па колку сака дипломи нека му висат.
Јас со Ани правев муабет за иглите, тебе нешто те боцна изгледа и улета "со клизачи". Ако не веруваш, прочитај си редоследно мухабетите.