Да не знаеш што да проговориш и дали...Се плашам,се плашам понекогаш да изустам,само еден проклет збор.... Како ќе биде протолкуван.... Ма знам! Само....не сакам да дојде до тоа,а секогаш доаѓа,ха... Ја сум ви ко магнет за напатени душички,едвај чекаат да си го истурат малограѓанското бесче....Ама стварно не знам што има во мене што толку ги привлекува да ми се отвораат и да бладаат за своите сељачки проблеми.... Гроз ми е од сед сторис и све то... Гроз! Ма дај кажете нешто позитивно,доста кукавте.......Амин!
Добра Ви и убава вечер, убави феминки/ци Ја праам едно кратко чек ин, чисто да се пофалам дека расположениево уште го одржувам на некое си ок нивоУ и дека тестот кој ви го зборував минатиот пат..еве трет ден ми е успешна мисија. Друго, сум Ви кажала ли колку ја сакам мајка ми?! Уште 5 животи да имам, и пак не би биле доволни да и се оддужам за се шо напраила и праи за мене во овој... Да можам барем на еден ден да ја заменам на работа, да си ги одмори нозете, би била најсреќна на свет. Иако праам се шо можам, посакувам да можев да напраам нешто поише, само таа да е одморена, наспана и барем малку посреќна. Ама идат подобрите денови и за неа, па тоа ми дава сила да стојам покрај неа насмеана. Мајка ми, брат ми и мачката се' се што имам на овој свет.
Ајјј возбудена сум Најдов алишта од кога сум била бебе леле колку се прекрасни Многу се убави....Во мене разбудија некое ново чувство , чувство на среќа , радост нежност. Одма ги бутнав да се исперат , ке испеглам и ке ги дигнам некаде сакам барем нешто од мене утре да облечам на мое дете. Знам дека сега има тоолку многу модерна и убава облека за деца но ова е најубаво затоа што за мене представува големо богатство...
значи луѓето сите се исти...Без разлика на генерациите ако им пружеш прст цела рака ке ти ја змаат ! аман веќе имајте малку совест ! иначе ДОБРО УТРО
Каде заминуваш свету? Каде луташ плането? Луѓево ќе се убијат, ќе умрат од таа завист. Не мора да позеленуваат за да сфатиме колку завист и злоба живее во нив. Само да се наштетувало на другите. Пари, пари и само пари. Само тоа се врти во мозокот. Зошто другиот да има повеќе, зошто другиот да има помалку, на никој не му се погодува. Само за туѓиот живот да се мислело. Епа нема смисла. Кога веќе имате ваш живот, живејте го, не мора да озборувате други индивидуи, семејства. Секој со својата судбина. Ете така. Кога ќе слушнете приказни од типот тој има толку и толку пари, завртете глава. Не ме интересираат тие работи. Да не беше дома да му ги броиш парите, хм? Кој колку што има, толку
Само кога ви требам сум тука,а инаку вегетирам. Тоа го мислевте за мене? Епа извинете што ве разочарав
Знате ли зошто се убави оние пејсажи со природа? Зошто е убав Еверест на пример? Јас ќе ви кажам. Оти нема луѓе Макар што човечето ништо не остава на мира, ама нашла природата свој одбранбен систем колку толку да се брани барем од помалку упорните кои за среќа се доволно да се задржи барем мал дел од таа убавина неуништен. Пратете ме горе на планина, во шоплук, каде нема никој веќе, сама гужва ќе си правам Доведоа и струја пред некоја година за двете баби што уште живееја таму, за гласање нели. Македонија е цела покриена со уај фај Си правам филмови сега. Селфи со кокошките на фејсбук, и ги тагнувам, јас и Роза, јас со Роза и петелот Рустер, една со козата Рогуша, една со козата Бела, се чекирам на кладенецот хаштаг со стомните по вода...или ова твитер беше. Ќе му ја најдам цаката и на него, додека не подивеам. Не ми замерувајте. Sleep deprivation
Ако не ме олабават странкиве мајке ми ќе убијам некој на крај, ми доаѓаат по сто пеесет и шест наеднаш и сите во исто време зборат, сите исто прашуваат. Алоооо јас немам нерви за растурање тука по вас. Е така овде да си кажам, 4 дена пред одмор ама ми се гледаат како 44. Едвај чекам да одам на одмор и едно 3 недели да не ги гледам, очи да не им гледам. Едвај чекам и дома да си одам да заборавам на денов, да се пуштам на вежбање да ја истурам нервозава на пилатес топката, да помине само. Ми тргна со кафињата по град, вчера едно, денес едно, утре трето... Ај така побргу ќе ми помине времево.
Дали премногу се надевам, па од премногу надеж ништо не бидува... е и сега ако не бидне работава, кој ќе ги слуша другите да ми солат памет како да мислиш така лесно е, ама ај..... ќе дојде мое време...
Ангел, извини, ама не ти е тоа работа да ги гледаш и слушаш? И нас не ни е ок кога тетките како што ве нарекуваме ни се нервозни и ни се истураат, а имаме работа за завршување. Дужна почит, ама мислам дека тие луѓе не се виновни за тоа што си ја бркаат работата. Ти треба да им ја сработиш работата и уште и да имаш огромна насмевка за лицето, затоа што на крајот на краиштата платата што ќе те однесе на одмор ти е од нивниот данок. Они не те тераат нервите да си ги растураш за нив, самата си го дозволуваш тоа, должност ти е тоа да го работиш и треба да си го проголташ од чиста професионалност. Ти треба да го поставиш редот на фин начин или да си се буните да ви постават систем на воспоставување на ред со цел поефикасно да работите. Не се претворај во типична тетка од такви институции... Извини ако те навредува заклучоков, ама па нека ме негира некој дека не е вака. Претпоставувам што работиш, баш со твои колеги од друга општина си имам работа во моментов за исто нешто и верувај ми и се развикав баш заради истово затоа што си дозволи да ми се однесува арогантно и надмено за работа која е должна да ми ја заврши. И уште баш ми рече - не можам веќе да ве гледам и и реков, извинете госпоѓо се додека вие го раните вашето семејство од моите пари и мојот данок има да ме гледате до крајот на животот, ако не сакате да ме гледате мене и другите луѓе, најдете си друга работа и дајте му ја на некој кој ќе ја работи со љубов и повеќе трпение. И мене ми гори под нозе и се брзам да си завршам процедури.
^ Тргнав истото да го пишам, се потсетив на сета некултура кога се мафтав по институции, и која разлика е сега во друга држава. Не ми се случило непријателско лице да сретнам по шалтери не па тон да повиши. Дајте барем вие младите донесете ги шалтерите на едно подобро ниво, срамота е.
Љубио је љубио ... остала без даха ! Испала је пудра ... умро је од страха ! Само тоа за денес, имам работа, го слуша колегава на работа сдк не знам дали ви имам кажано дека со мажите секогаш ми одел муабетот најдобро Не трачарат, само маки си кажуваат ....
Варени јајца? Хм...не фала. Денеска Срцка реши да вари јајца.Ај што ке вари,ама појма си нема. Наместо сол да ставам во водата(нели за да не припукнат јајцата,што ти знам,бабини јајцотини...деветини де.)јас ставив шеќер.Да не беше Деде(О,мил на срцка),ке јадев благи јајца...да,да. Мамо ако го читаш ова:Па аман се ставаат ли сол и шеќер во исто кутивче,едно до друго? АМАААААА, И затоа ја сменив водата,и ставив СОЛ (не сум сигурна сто посто дали сигурно беше сол,ама сигурно беше, штом сум сигурна дека сигурно не беа благи јајцата). Туку,да продолжам даље. И така,јас ги чекам јајцата да се сварат.Сестра ми,нестрплива на мајка ми (стрелции се родениии,не знам кај ги најдовв ) писка ли вриска,си го бара јајцето.И не сум сигурна дали поминаа 5,10 минути или округло 5 минути,важно нешто над тоа немаше.И го љупам јајцето,и БЉУУУМ! Целото јајце се најде по мојте раце,и нешто од белката на лицето.Ај нека го јаде! На тој начин 2 јајца отидоа. Но,на крај ги сварив,саглам,не се шалам!Резултат: 2 пукнати,2 живи и здрави! Јас пробав залче едвај,од кое ке повратев(после БЉУМ случката,изгледа i broke up со јајцата како дечкото со крофната од рекламата за орбит),потоа се и дадов на сестра ми (појма немам како,што изела и колку,а и не ме гајле,најискрено ) а јас си земав риба конзерва,и чао поздрав *момент во кој ја пеам песната А сад Адиос или Аидос,којзнае,ама во Алекса Перич стил*.Сега кулирам со наполнет стомак П.С. За кокошкини јајца зборев.