^ Ма ве разбирам бре џенцки, затоа јас овде пишувам, затоа што не сакам ним да им се истурам. Скраја да е, странка досега не сум навредила, не се они криви што мене ПМС ме дрма, што не сум се наспала синоќа, што имам еден куп нервози на глава. Па за да не ме слушаат они како пиштам овде си кажувам Инаку Бриџитке, многу е лесно да работиш кога платата навистина ќе биде онаква каква што треба, кога нема да работиме за џепарац место за плата, те разбирам бидејќи мм разлика од мене работи за плата и навистина му е мерак да си ја работи работата. Јас сум била и од оваа и од другата страна, значи и како странка, и сега како административец, знам што значи пољубени врати, што значи лош однос, затоа внимавам со странките да се однесувам онака како што треба, а не онака како што се однесувале кон мене Е сеа кога во ист момент ќе ми влезат 20 пензионери кои сироти не се виновни што не разбираат, ама навистина ништо не разбираат, а јас сакам да им завршам работа затоа што ќе отидам на одмор па ќе им останат предметите во вис, е тогаш настанува хаос, алергични се на зборот ОДМОР. Не можеш секогаш да бидеш од двете страни, некогаш се спојуваат фитиљите со искрите и почнува да ти чури од сите страни Ќе помине
^Платата не е изговор, ако си се нафатила да работиш и без пари да е треба да работиш како треба. Со сила таму не си нели?
У право си, баш ко машки се однесуваат а за трачарење, има и такви мажи шо трачарат, не можеш ни да ни надзбориш се знаат и за комшијата, фамилијата негова, се, уште и извод од книга на родените што им знаат
Финансиите и те како можат да бидат мотивација за зголемување на квалитетот на услугата. Недостигот на нормална работна атмосфера, плата неадекватна на образованието и обемот на обврски, странка со афинитети кон повишување тон и неспособност да го прифати дадениот одговор...доведуваат чeсто само до квантитет.
Не ме апаат, не ме апаат. И еве сеа уште 3 нови комарци ме изапаа. Па со усул бе малку, мајката. Цело време си правам такви крстчиња со ноктите, џабе. Чеша братчеее. Не знам каде попрво да се чешам. Па не сум навикната, бе. Тука кај нас го нема ова. Ја не знам, не сум од тука... у подрум бев. Сеа сљетив на кроф и оп, комарци. Само коцка мраз помага. Ама што... ќе извадам едно коцкиче, 6 коцки долу ќе ми паднат. Све измислија, некоја подобра техника за замрзнување вода не можат да смислат?
Е има Горде Цвете комшијата знае за цел град која со кого и каде, ама не знаел сиротиот дека жена му цела вечер пулсот му го мерела на докторот И јас не знаев се додека не ми кажа другиов комшија Онака у слободно време во двор кај нас на кафе. Дознавам се што не знам а не ме интересира. Ама оди уста затвори некому.Во крвта им е. Него дечкиве мои не се текви, дека се мои не ги издавам бе, само ги слушам у слободно време уз кафица, колаче не смеам мака мачам да ги симнам овие што ги начукав на одмор... Па ги карам скрите храна да не гледам. За да ме собере фустанот за на свадба. Леле заличив ко Цвете наш. Па секој бар еднаш заличува е не. Како и да е убав ден нели ова е сдк и оф топик не е страшна работа.
Измислиле, само дали има каде да ги најдеш. Лезет за коцки правење. Полниш ќесето вода, има неповратен отвор за откако е полно,замрзнуваш, вадиш и теглиш од сите страни, пукаат тие преградите и сите коцки останат во ќесата на купче.
А ја не реков дека не ја работам работата, за илустрација само, денес покрај моите странки ги примам и странките на уште три колешки, а дневницата денес ќе ми биде само една, не по 3. Не се жалам, и за моите предмети кога ќе си идам некој ќе се грижи, ама потруди се да се ставиш во моја кожа, тебе те вади од такт една тетка на шалтер која вика, додуша ја сум во канцеларија, е замисли јас денес примив преку 50 странки кои викаа на мене, ми се закануваа со бркање од работа, со бомби и со давење, па морам да ги смирам и испратам на местото кај што треба. Ако не седнам на интернет да го одморам малце мозокот на крајот од денов со нервен слом ќе си отидам. Епа нека ми даде мене плата институцијава како што работам па да видиш како ќе истрпам се, а дотогаш можам само да си кукам на СДК
^^ Ти може да си незадоволен од работата и платата и атмосферата, но кога работиш со странки не смеат тие да трпат. И да не работиш со странки, општо работата не смее да трпи. Незадовоството и фрустрациите се решаваат на друг начин. А и колку што знам под капата на владата е, колку може да е лоша платата? Ja читкам јас Ангел, лаком гз е, се и е малку Небитно
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... EN4hcZutO0 Затоа вие девојчиња се сликате и се воодушевувате на Нутелата како најврхунско достигнување во животов... *флајс ту д планет оф емоушнс*
Бриџитке, 300 евриќи многу плата се викаш? Не а? Не сум под капата на владата, под капата на локална сум. Странките фала богу си ги чувам и си ги пазам, ако не беше така денес немаше да ме бараат ко да нема друг да прашаат. Ич не сум лакома, само мислам дека 300 евра и не се некоја плата за оваа одговорност е богами и школото што сум го завршила
Се качувам сабајлево во автобус за на раобота и дамла ме мавна. Што ќе видам внатре цела геријатрија дошла, ми текна лелелел Вторник. Со колички за на пазар, кошници, торби ,абе среќа што е лето жива хулахопка нема да остане. Нејсе: Мајсторееееееееееееее пушти клима.......Ти мори дома клима да не имаш, мене ми дува главата ме боли, а јас патам од реума. Од друга страна...Дете стани да седнам имам вештачки колк. Им велам, па добро бре луѓе (пензионери) , што не одите малку подоцна, аа сега додека е поладничко. Ај истрпев, се симнувам од автобус и влегувам во аптека оти глава ме здоболе (малку доцнам на раб). ИИИИИИИИИИи ред внатре како за млеко за време на комунизмот. Во рацете по милион рецепти, згора на тоа ми велат уште невлезена, овде има ред ќе чекаш. Море глава боли нека боли вратата одвај ја најдов и бришка да ме нема. Забелешка: немам ништо против пензионери ама барем нека одат во некое нормално време. Цел ден размислувам дали пешки да се вратам од работа, отѕи цел ден шетајќи во Манго, Боди лајн, Теранова, се измориле па време е за поладневен одмор, мора да си одат дома во 16,30
Ма каква плата само за сметки не стигаат, а не пак за друго. Ќе речете некој е задоволен и со помалку, прашајте го како врзува крај со крај.
Ангел, еве да речеме те разбирам, но се уште останува на истото - работа ти е и не треба на прво место да те вадат од такт дури и испади да ти прават. На крајот на краиштата и тоа е делот од работата кој треба да го засакаш и да го гледаш како предизвик да научиш да не тенчиш нерви. Кој знае зошто баш ти треба да ја работиш таа работа и што треба да научиш од тоа. Кои сме на работа, тие сме и во секој сегмент на животот и се што се работи треба да се работи со многу љубов, внимание и професионалност. Работата е во тоа дури и да не се празниш на форум, да не дојде до степен да размислуваш така и да ти пука филмот затоа што на крајот да, ти ја зимаш платата од парите на тие луѓе и ти постоиш за нив таму, а не тие за тебе. Ќе бидеш и психолог и аналитичар и архитект и референт и се. Може едноставно не си за со работа со странки и штом така те полудуваат барај да те преместат во бекофис и готово. Затоа што години и години се во прашање кои ќе ги поминуваш вака. Јас те разбирам, ама не ти ја одобрувам воопшто и мислата и емоциите и тоа што си се олеснуваш на форум. Едноставно сметам дека не смееш така да си дозволиш да се чувствуваш од принцип и одговорност и да си признаеш себе си дека можеби ете ти не си човек кој би можел да работи со странки. Да се разбереме, кога аплицираш за одредена работна позиција особено таква обично во оглас пишува - комуникативна и вешта за работа со странки, што значи - да има нерви ортоми. Поработи на комуникациските вештини и смени го погледот према тие луѓе и едноставно не создавај емоција и одвратност према настаните. И нив нешто ги мачи, па ти се истураат, ама пак ти си таму за нив, а не они за тебе и ти си таа која треба да ги сфати нив, а не тие тебе. А за платата пак луѓето не одговараат, туку твојот работодавец те државата. Некој и за толку плаче. Ако ти е малку, ако ти е нервозно и одговорно, дади отказ работи нешто што ти е по ќејф... најубаво, искрено.
Сите предходно наведени фактори биле пресудни за да ги извршувам САМО обврските предвидени во мојот работен договор и опис на работно место. Во мојот секојдневен контакт со странки се случувало да обавувам екстра услуги за кои не сум била платена и не биле дел од моите работни обврски. Но само кога сум имала разбран човек пред себе сум го правела тоа и кога сум била задоволна од својот работодавец, во спротивно сум го упатувала на вистинската врата. А односот ми варирал соодветно со оној на странката кон мене.
Муабет со другар: Како си? - Добра. Мило ми е. Со него? - Па со него е то доброто.. Сума сумарум на мојот месец. Уште да сфатам зошто..
На почетокот на распустот толку ми беше досадно што добив една луда идеа - да се вработам како дадилка Сега, кога се вратив од Скопје некако не ми изгледа како добра идеа. Престојував кај тетка ми што има едногодишно дете што проодува. Заклучок - би чувала деца само ако не проодуваат, а ако се многу енергични не ги изнесувам надвор Не ги сфаќам малите деца, од каде им толку сила да удрат? Од каде им толку глас да вриштат? Од каде им толку енергија да се движат? Значи, ништо од таа работа. Единствено дете што без проблем ќе ги причувам е првиот братучед што ќе полни 3 годинки, син на чиче. Тој е како мене, мирен Да кажам, помалку енергичен Толку е паметен што од 2 години веќе ја знае англиската азбука, да брои на англиски и македоснки, да чита помали зборчиња (на латиница), боите на македонски и англиски и некои зборчиња на англиски, уште на мал го интересира се, што не е ни чудо има татко со надпросечна интелигенција додека ова од Скопје не го интересираат ни песнички Како и да е, мајка ми вели дека од сите деца што ги познавала на 1 година јас сум била најпаметна Додека братучедите и сестра ми не знаеа да покажат една година со прстот, јас тоа сум знаела и звуците на сите животни да ги имитирам, да играм на детски песнчки и по нешто да кажам, а веќе на две години да рецитирам песнички И мене да ме учеле или да сум имала играчки од кои учиш англиски можеби ќе сум знаела само тогаш немаше такви работи. Затоа знаев да рецитирам и многу песнички и приказни
Бриџит, не се работи за лаком г’з, туку за реална слика. Во денешно време “нема џабе ни код бабе“. Ангел пред се се цени самата себе си, свесна е за своите квалитети и смета дека во однос на образованието што го поседува, не е доволно платена и јас не гледам ништо лакомо тука. Кога ќе размислиш дека постојат и такви што не знаат да се потпишат, а по некоја линија работат пример на бензинска пумпа, па имаат плата од 30 000 ден., а таа е дипломиран архитект, а зема 18 000, воопшто не е сеедно. Не да те демотивира, туку сумата те фрла во депресија. Секој со својата среќа, ама не секогаш, звањето или работната позиција што звучат атрактивно, нудат и атрактивна плата. А колку што прочитав, работата не трпи, таа примила странки и од колешката, кои културно можела да ги изигнорира, не биле нејзини и точка. Сите работиме за пари, никој за благи колачи. А тие што се пријавиле доброволно да волонтираат, не го прават тоа од длабоката хуманост што ја поседуваат, туку поради надежта дека утре кога ќе се распише конкурс за тоа работно место, тие ќе имаат некаква предност да влезат на тоа работно место, нормално за плата, да не се залажуваме дека некој е до толку посветен на добротворни цели. А како почнало, не ќе биде лошо да почнам хонорарно да флаширам крстена вода, за добротворни цели де, оти многу светици има на форумов, м?
Gea Ангел отпосле напиша тоа што го напиша, во првиот пост направи лоша слика која многу од нас ја гледале и сеуште ја гледаат по институциите. Значи се правиме светици затоа што се бара еден нормален однос кој треба да се подразбира од лице вработено во такви места? Зборувам општо не мора да е за Ангел. Не ти го разбирам ова нема џабе ни код бабе. За џабе работи таа и другите или земаат плата? Кој не е задоволен од платата нека оди на пумпа па нека зема 30 000 по твоја логика, ама никој не е должен туѓи фрустрации да трпи. Платата е иста за сите, дали треба да е таа оправдување за односот на сите вработени по институции, шалтери? Или кога ќе имаме потреба да прашуваме кој зема поголема плата па на неговиот шалтер да одиме да свршиме нормално работа. Што се однесува на твојата идеа за крстена вода, слаба смисла за хумор некако.
Официјално се наоѓам во баклава hell. Не знам дали сум кажала друг пат ама имам еден куп комшии муслимани, некои од Мк, некои од други краеви на светот ама важно сите славаат Бајрам и кај сите има баклава на дневен ред а јас не обожавам ништо со шербет ама нели во духот на добрососедски односи јадам баклава и сега си трпам мака невидена. Сопругот прв пат кога проба баклава ме праша дали сум сакала да го ставам во шеќерна кома , сега имам чувство како самата да сум на чекор од шеќерна кома, малово е хиперактивно а и како и не би било со толку шеќер во организмот, игра брејкденс како да е хај и нема спиење за мене. Добро е што само еднаш годишно па се издржува некако. Да продолжам на темата храна. Во неделата бев со in laws на ручек во фенси ресторан, три мишелин ѕвезди и некој си откачен шеф кој е сега моментално so in. Ми носат предјадење, го гледам, гледам и си мислам ово само за бебево во стомакот или има и за мене нешто, носат после главно јадење, парче месо колку ноктот ама битно било некое најквалитетно и најскапо телешко во светот, колку сака нека е квалитетно, скапо колку ноктот ми е, носат десерт исто некои вакви такви техники, изгледаше преубаво ама еден залак беше. Не сум изгледа јас за такви фенси места, не оспорувам дека храната беше прекрасно, превкусна ама си излегов гладна, мене ми требаат по 10 такви порции па можеби и ќе се најадам. Друго на запад ништо ново децава си растат, бебево кое сеуште издржуваме да не го дознаеме полот си расте и тоа, се спремам полека, полека за првиот роденден на Константин, после иде и на Матео роденденот и се надевам дека терминот ќе го надминам затоа што крајниот термин ми е на Матео роденденот и не би сакала децата да ми делат ист роденден, кога веќе ќе имам три деца сакам и три роденденски забави да организирам.