Да не ја видам од многу блиску само, нешто не ми се сигурни, те Италија, те Грција, ние таман на средина Уште тоа и фали на земјава, ракета да ја удри
Не, кружи уште. За околу 4 часа ќе падне мислам, најверојатно во Португалија. Ќе помине пак, донт бринг Следи лајв: https://orbit.ing-now.com/3dlaunch/payload/data/2021-035/
Anxiety level: што ако ми паднат остатоците од ракетата во двор? Спојлер Ни малце не се зезам кога кажувам дека првиот ден кога дознав за ракетава едвај заспав.
Зошто страв? Баш читав дека има поголеми шанси гром да те удри одколку остатоците од ракетата да паднат во твоја близина. Има и многу мали шанси дека ќе предизвика било каква штета.
Не мава гром во коприва. Гледам сите комшии ни се во ризична зона. Ништо чудно да ги промаши нив за малку - кај нас. Од друга страна па и во океан очекуваат. Неизвесност. Оти нема некој Супермен да ја спаси земјата во последна секунда? Луѓе, ќе ме затвори полицијата, полициски час, а останав во двор да гледам ракети, сателити и шо не. Плус, шо бубачки ќе беа овие во 3 сабајле не знам. Бубачка ли е, ракета ли е, огромни
За 2 саати треба да падне? Има некое ново инфо каде поточно се очечува да падне? Не можам да заспијам у пм .
Значи следев кај се движи ракетата и помислив да излезам да ѕирнам ама не ми се веруваше дека ќе ја видам. После ми се спиеше, не можев да ја чекам пак. Видеото каде што следев не е достапно и еве го објаснувањето.
Одев утрово по намирници до маркет, и се гледам со комшијата, оној со теориите на завера... Кај си комши, што правиш, арни дома... Стандард муабет. Колата пак му се расипала, по којзнае кој пат, а да го прашаш, денар нема фрлено по неа, пали - вози е. А, цело време е под неа. Ми вика: - Абе комши бев неќни татко ми да го возам на вакцина до Јане, му закажаа термин, гужва таму.... - Е како сега вакцина кога до неќни нели не веруваше во вакцини - му викам. - Не верувам уште бе комшија. Тоа Бил Гејтс сака да не чипира нас сите. Да не контролира. Се е тоа за Американците да останат на власт. Ама џабе им е, доаѓа Кинезот комши. Тие ќе владеат. Туку му викам на стариот, а не сакаше, додека има кинески, сакаш, нејќеш, ќе се вакцинираш. Не дај боже ќе се заразиш... Ризично е комши, а стар човек е. Ене, го боцнаа. Му викам, ај со лесно нека му е и втора доза, да му помине без компликации како првава. И го прашувам дали и тој ќе се вакцинира. - Не бе комши, каква вакцина. Мене вирус не ме бие, на нога го поминав тогаш, знаеш. Хе хе. Ми ѕвонел некој непознат број на телефон, 3 пати утрово. Кој ѕвони во Недела наутро? Си викам, ај хитно може е нешто. Ѕвонам. Не се јавува. Ете го ми ѕвони после пола час, тинејџерски глас: - Си мe барал. - Ти си ме барал. Затоа те барав. - Е кога сум те барал? - Утрово. 3 пати. Во 8, 8:15 и 8:45. - Аааа да, да. Тe барав. Епа добро. Ај ќе те барам неделава. Ај чао. - Чао. Кој беше, што беше, уште не ми е јасно.
Вселенски летала обично 'паѓаат' контролирано. Сега дознав дека за кинескава ракета не било така. Буквално ја пуштиле кај ќе падни-нека падни. Идиоти. Можеше во населено место да заврши.
Како што читав, да паднела само 6 секунди подоцна, ќе се срушела во населени острови на Малдивите, каде има и аеродроми
За една недела ми доаѓа трета колоквиумска, после нејзе и испитна и на крај кога ќе видам уште еден семестар завршил, а јас во меѓувреме сѐ уште ментално се наоѓам некаде во Март и не можам да процесирам колку брзо поминува времево и колку брзо ми доаѓаат пак истите стресови. Маалку поспоро барем?