СДК2: Смртна казна и посебно место во пеколот за оние што си ги тепаат родителите од чиста мира. Само шо слушнав викање на жениште "Дарио застани ќе те тепам" немаше 2 секунди се слушна детско вриштење.
Еве како македонските граѓани реагираат на вест дека затвореник e силуван од двајца други затвореници. Језа, страв, нелагодност, срам и уште х други негативни чувства осеќам кога ќе видам колку психопати на метар квадратен има државава. Па не знам колку треба да си болен во тоа црпката за силување да ти е смешно, нечие одвратно страдање сатисфакција да ти носи. Запомнете ги добро тие имиња. Видете си да не ви се во пријатели. И ако се сретнете некако со нив бегајте колку што ве држат нозете.
Истите тие на секоја споделена фотографија од манастир,црква,икона... Пишуваат коментар: Амин. Дека се верници,и побожни.
Ова се истите тие што за силуваните, тепаните и психички малтретираните девојки/жени велат дека сами си го барале. Ова се истите за кои не постои силување во брак/врска. Гарантирам дека истите говеда биле членови на 'Јавна соба'.
Толку разбираат. Не ни знаат дека е во прашање кривично дело, а не 'сеир'. Епа драги мои ... и ваквите гласаат. И ваквите одбираат власт. Затоа велам: Каков народ, таква држава. Не заслужуваме поарно. И многу ни е ова!
Не знам кој ја смислил брилијантната идеја двете главни сесии на факс да се во периоди кои едноставно не се створени за блеење над книга! Зимска сесија во ек на најубавите празници кои траат еден месец. Летна сесија на плус 50 степени кога се размислува на коктелчиња и плажи а не на испити од 1000 страни! Зошто на пример зимската сесија не е во ноември, а летната март/април? Океј, така би биле веќе пролетна и зимска, ама па шојма врска.
A кој рече дека демократија е добар систем? Дај кажете некој систем кајшто треба критериум да исполниш за да гласаш. И кајшто мора да си стручен за да носиш одлуги за другите. Тоа технократија го бива ли? Вака интересно звучи Или некоја друга кратија
Таман се пожалив дека не можам да најдам соодветни материјали за семинарската, од небо ми падна книга од 700 страни што ја обработува токму таа тема. Епа, тражила си, сад очи нека ти излезат од читање.
Кога сме веќе кај одвратните коментари, еве уште, но овие се за веста за претепаното дете од Кочани. Крадело, па заслужило да биде претепано. Боже, Боже, што нема да прочитам! Детето е од дисфункционално семејство, алооо! Мајката по излегување од затвор не сакала да се грижи за него. Ќотекот бил излезен од рајот, а не од пеколот. А знаете зошто е излезен од рајот? Затоа што ако бил добар, немало да излезе од рајот. Како смее некому оваа појава да е смешна? За другарка прашувам. Депресијата и анксиозноста се појави за кои МОРА сериозно да се разговара. Детево можеби не станало депресивно поради тепањето, но тоа сигурно уште толку му ја влошило состојбата. Имињата нема да ги скријам зашто заслужуваат да бидат овде! Запомнете, ќотекот НЕ е решение!
Си пуштив инструментална музика за медитација, затворив очи и си направив неколку црни сценарија во глава.
Вчера ја завршив Twin Peaks - сосе филм, додатната последна сезона и сè - и се опседнав, не знам како досега сум живеела 24 години без да имам гледано вакво класика ремек-дело. Ах, (филмска) уметност... too dreamy indeed...
Сум размислувала, да ти кажам и мислам дека нема поарно решение од социјал-демократија во моментов. По дифолт сме со 'грешка'. Сите луѓе. Кој и да го ставиш да одлучува, има шанси да ја 'посери' работата. Прво и основно поради нагонот за self-preservation. Од него произлегува коруптивноста. Ова според мене. Некој попаметен од мене, може знае поинаку
Ја би го пробала Берни Сандерс чисто да видиме Селф-презервејшн мај ес. Нешто не им се во ред синапсите, мора да е тоа
Не за муабетот со коментарите, туку општо. Што е прво и основно што не води? Зошто фаќаат врски луѓето? Зошто крадат политичарите? Оти најбитни сме си самите прво... после се' друго.