Изгледа работава ми е главна преокупација во животот кога не ми дава да спијам. И немаше да се жалам да знаев дека е мој бизнисот. Вака нема смисла.
Кога сте веќе тука, прочитајте ги правилата на форумот. Еве ви ЛИНК Ќе не' поштедите од пријавување, па и за безврска работи.
Преку глава ми е од луѓе што постојано се жалат за нешто, а кога ќе им понудиш помош и решение те одбиваат или не го прифаќаат и продолжуваат да си се жалат.
Сакам да си најдам девојка од приградска населба на пример Волково, шо нема да и е срам дека татко и има нива или крави или кокошки. Шо ќе сака да јаде пржен пипер со јајца или патлиџан и нема да се срами да си каже. Шо нема да и биде срам да каже дека се вози со автобус, и шо ќе биде среќна коа ќе дојдам да ја видам со Опел Корса стара 18 години што сам сум ја купил. Ми се смачи од глумење Мајами со фуфици на штикли покрај кеј или у парк секоја чест на сите останати нормални девојки без разлика од кај се
Само што се вакцинирав со првата доза Фајзер,а кај ќе споделам ако не тука Чекам во чекална 15 минути и си идам. Да ви кажам како за човек што паничи пред инекција ништо не осетив.
Ова е многу погрешно. Не секој од приградска јади пржен пипер, чува кокошки и се вози со автобус. Не дека е лошо, ама е генерализирње. А за Мајами фуфиците, ако носи штикла не значи дека нема да ти ја сака 18 годишната Корса. Пробај со друго прво. Со еден удар успеа да ги навредиш и едните и другите. Мажите и колите. Повеќе вие сте опседнати со таа мисла, отколку ние.
Јас сум градска, па се возам со автобус и многу сакам пржен пипер. Уште да има кој да го спржи, ммм И кокошки би чувала ама немам двор и страшно се плашам од кокошки Си напраив муабет Абе ова шо го бара дечково меинстрим е на запад, шо да ви кажам. Вчера колега од скандинавија, на онлајн состанокот, сиот среќен дека огреало сонце, ќе му пркнел расадот . Да умрев вчера, немаше да знам дека и во скандинавија саделе домати и крставици
Јас сум пукната за домашни патлиџани како баба ми што имаше Да имав време и место ич немаше да ми е срам да си копам и да си садам, не ни знаев дека имало некои што им е срам од родители што чуваат, јас мислев сите домашно бараат Едит: И греота што не е исплатливо земјоделството кај нас, толку плодна земја, толку сонце. Штета стварно.
Тој што го срам да јаде пржен пипер и патлиџани; пипер и јајца; пипер, урда и јајца... ... Нека си остане гладен Важно гратски бил.
Пиперки на 35 000 начини. Пржени - со јајце, со домат, со урда, со сирење, така. Печени - така, со лукче, со масленце, со оцет Полнети - со месо и ориз, само со ориз, само со месо не (оти е сакпо така ), со јајца и урда
Пипер и патлиџан, омилено. И се тоа што наброја, и таратор у прилог. Желна сум за тиквички и модар патлиџан со лукче и оцет, и некое луто пиперче, ама пуст притисок, не смеам лук.
И јас треба да изигравам диеталец, ама не изигравам. Се прам наудрена ко ќе се видам во огледало, или ко ќе не ме собират пантолоните