Затоа се знае уште од почеток им се покажува каде им е местото. Никој ама баш никој не трпам ако ми стапне на нерви одма им покажувам каде им е местото.
Епа мене ми е без везе дека навредувам, во стил неподнослив/а си, иритираш, правиш лоша енергија(мислејќи на провокациите) ....
Ова Секој треба да знае каде му е местото, не си должна да толерираш @Anie93 . Секако не оправдувам навреди ама треба да се има граница. Треба сама да ги поставиш. не дозволувај да бидеш нечива играчка која ќе биде испровоцирана само за да на некој му биде поубаво.
Ако не пишуваше КАНАЛ 5 ќе мислев цело време дека кога ми стига известување од темата има пост за НАПУШЕНИ а не НАПУШТЕНИ. Во дел од секунда додека ја сватам варката си реков браво фемина имало тема и за браќата кога се напушени да си права филмови во посебна тема отворена за нив.
Како изминува времето секогаш си се покажуваат кој ти биле пријатели и биле тука за тебе ,а кои не. Доста од лажни пријатели бришка не ми требате.
Емоциите прават чуда, со кој збор да ги опишеш? Со која музика да ги споредиш? Колку лесно може од најгоре, да те дрецнат најдоле. Денес за нешто се радуваш, утре за истото плачеш, фала му на бога што постои надеж, да се залажуваш.
Зборувам со една другарка... И правиме муабет за разлика во години. Ако женското било 25 а машкото 35,демек имале исти приоритети во животот, пронајдување на себеси. А ако таа имала 30,а он 40. Веќе разликата се заприметувала, имале различни приоритети, таа за градење кариера, а он за женење. И реков, дека ако некој може и на 35 да е зрел и да се жени, а некој да е незрел и на 40 и да не сака да се жени, или да е зрел а да сака кариера а не брак. Различни гледишта...... Многу длабоко сум повредена од нејзина страна, за мојата врска кога ми рече да се спасам од некој 40 годишен и да сум си посветла на себе внимание. Никако да почнувам врска или мажам за него оти ќе сум нанижела само проблеми и проблеми.... Фала ти. Знаеш дека се борам со психичка состојба. Сепак фала.
И јас воопшто не сакам лето . Освен што надвор да искочиш преку ден е прежешко а навечер е секогаш гужва и галама.
Плус комарци и сите летечки срања. Оси пак многу мразам. Да седнам на балкон и да пијам кафе веднаш штом видам оса ми се гади, и губам желба да пијам.
Ќе идам, и тоа у странција, и ќе си се преселам таму, и ќе си се самоцитирам "во право бев многу ми е убаво".
Налетав на тема од 2010 под клуч ама дискусија имаше со реферати.Ќе речеш крив е фејсбукот се научивме на пишување кратки статуси а не пишување романи.Брзо време,малку пишуваме, малку или воопшто не читаме.Тоа е.
Сакам да кажам дека ако до сега имавме пандемија на Ковид, од Јули ќе имаме пандемија на психози. Една од нив сум и јас. Многу, многу тешко ми се одрази по психата оваа морбидна година!
Еве денеска прскаат те слушнале Инаку шо е финтава со прскањево последниве години. Порано се пуштаа 4 авиони у 5 сабајле и за пола саат беа готови. Сеа пуштаат едно авионче ене го брчи веќе 3 саати никако да заврши. Бар недели да спиевме... Штедат ли што е?
Луѓе, не знам за вас, ама веќе почна да ми фали полицискиот час Се враќаш од работа, знаеш те чека убав сон, нема пискотници, врева од мотори, музика и врева до сабајле. Можеби дека стареам, па веќе се почна да ми смета
Да имаш “corona puppy” односно куче кое си го земал за време на корона пандемијата, значи истото да ти ги крие маските кога гледа дека се спремаш да излезеш надвор и да ти го блокира излезот со своите 40 кила оптегнати пред врата.