Имам забележано дека луѓето чии родители имаат постигнато некаков успех, повеќе во смисла на стекнување слава, имаат некој си чиден комплекс. Како да немаат свој идентитет, односно немаат они самите ништо стекнато па се потпираат на успесите на родителите или живеат во нивната сенка. Зошто јас имам сретнато такви луѓе многу пати. Може ќе правиме моабет за некоја рандом тема и одма умешуваат успех на мајка им или татко им, не знам дали бил уметник, музичар, па дури и професор на факултет. Како воопшто не знам да реагирам со таквите луѓе. Мене не ме интересира за твоите дај кажи нешто за себе?
Ахх..лето. Омилено време ми е, време кое ме полни со среќа кога гледам друштва, долги ноќи полни со смеа, длабоки разговори, љубов, музика, незаборавни случки... Но некако, ми пречи тоа што ги обзервирам сама од страна. Има периоди кои "другарки" со кои мислев дека сум блиска, се појавуваат, ме викаат на излегување, once in a blue moon, па потоа ги снемува подолго време, си искачаат со милион други лица, па немаат време за тебе, или наоѓаат триста изговори, лаги.. И пак, ќе се појават кога им е потребно нешто од мене. За врски, немам зборови.. одсекогаш сум сакала да имам врска, или пријателство, во кое е застапена искреноста, а не не нивната потреба за да ме искористат емоционално до максимум.. Секоја пролет се надевав дека ќе поминам лето со блиска личност, ама ги снемува одеднаш, па се пропаѓа баш во најубавиот период-летото.. Изгледа пак ќе си го поминам сама. Шо знам, преку к*р ми е од лицемерие.
После 5 години возење еден автомобил, сменив друг и првиот пат ми беше претешко мислев нема да ја научам...ептен бев во маки... Ама денес после 4ти пат беше одлично и сум среќна!
Прееска правев муабет со дм и другар ми (во живо) како сакам некогаш лимон да насадам, отворам пред малку фб и оп, реклама за садници со лимон. Creepy af, gotta admit.
Пресмешен ми е како огромен број мажи и жени не можат да го прифатат фактот дека цел свет се пали на слаб нашминкан маж у штикли. Лечете се.
И јас не сакам. Некои едвај чекаат да искочат да прошетаат на сонце а мене депресија ме фаќа од самата помисла да сум излезена во жешкото .
Не грижи се, отпрвин малку ќе чувствуваме потопло додека се навикнеме и аклиматизираме. Така е и ладното кога почнува.
Памет немам веќе другари. Ме збудеалеа клиентиве. Доаѓа денес една - plus size модел, го исчашила колкот додека каскадирала и ми вика - ,,абе јас со здравје не сум добра, ама не ме интересира тоа, љубовта ми е во лер". Стајлингот и бил лош. Жолтата маица со сиви копчиња не знаела дали е in, и дали да комбинирала со Prada. Букирала во Италија пансион за 4 000 евра, не знаела дали да оди иако платила. Па, муабети за несреќни љубови, сексови, величина на ку*ови. Глава ми зовре. Прееска се вклучив на чет малце да отпуштам мисли, и одлучив сите VIP клиенти од Македонија и дијаспора да ги префрлам на телефон. Нема веќе гледање со луѓе наредни 3 години! Со мојата социјализација е завршено засекогаш. R.I.P.