Се осеќам толку очајно и бескорисно. Почнав со факултет, не го завршив, го оставив. Почнав да возам, завршив со часови, а врска немам од возење, нит знам правец да држам ни ништо. Што и да почнам што и да фатам се оди наопаку. Не можам веќе, преку глава ми е од се. Најголемо разочарување у фамилија.
И главниот град стана како село, секој се знае со секој, неможеш ни анонимен да се чувствуваш на мира.
Уплатив 2010та, возачка зедов 2017та. Се запишав на фах 2015та, само 11 предмети имам положено моментално сум одличен возач и знам сѐ од факултетот којшто многу го завршија со препишување додека јас регуларно си учев. Насмевка, амбиција и лабаво. Ќе си биде сѐ. Никако негативности.
Од лоши типови на луѓе, посебно лоши ми се оние со кои имаш 2-3 реда муабет што се вели, и ти идат, и те прашуваат: "Брат ќе ми дадеш ли 500-че на заем? Ти го враќам на 1-ви од плата, обавезно." И секако, никогаш не ти ги враќа. Оваквите во корен ги сечам. Ама сега, колку се изненадив од една случка што ми ја раскажаа... Просто не ми се верува дека може таков човек да постои... Имено, типов сите го знаеме у населба. Беше нагоре нешто, работеше, и сега се врати овдека. Се договорил со другаров, демек да се видат на кафе, се немаат одамна, а ниту се преблиски, ниту ништо... ама ете, сакал со него да се здружи. Кафето, кафана се сторило, и овој рекол демек ќе части од париве што ги земал, па почнал да порачува секакво јадење, пиење, сметката, боли глава. Кога требало да се плати, побарал кеш, демек нема, и дури и бакшиш му оставил на келнерот. Иии си заминал, и ниту пари вратил, ништо. Од тој да части, него го частеле. Денес, еден друг познаник, ми ја кажува истава случка, со истиот дечко, на истиот начин и него го зезнал. Изгледа му е разработена шема. Па добро мајко му, бива ли толку долни луѓе да постојат? Зар до ова дојдовме?
И како сега да се пуштам на девојка кога насекаде го гледаат и разговараат пејачот на Монескин? Кафичи, на работа, на интернет, исто насекаде. Не постоиме ние другите машки. Постои само Монескин.
Сакам да кажам преку глава од овие Монескин, со кој и да излезам само тоа се збори Додека не помине хајпов, ќе си седам дома и ќе си читам книга. Ај чао