Толку е тешко да имаш доверба во таа што се' би дала за тебе, што долги години е покрај тебе и неизмерно те љуби? Само затоа што многу души *другари* те изневериле пред неа... И таа пати, ја боли бе човече. Ако ја сакаш, докажи и' го тоа така што ќе имаш доверба во тоа. Сонува за тој момент...
Поздрав до професорите што цела година мрчат за принципиелност, одговорност, редовност а им треба еден месец да прегледаат 30 тестови.
Точно е дека сум дете. Сакав да кажам дека сакам да ми биде овозможено да бидам тоа во целост. Некој да се грижи за мене.. Некој хот силвер дaди, шугр дади!
Сдк 1 - Мислам дека утре ќе биде убав ден Сдк 2- ќе ми фали работава, се ближи крајот на договорот... Сдк 3- уморнa сум од многу излегувања и неприбирање дома Сдк4 - смајли е многу побетер отколку да оставиш некој на "seen"
СДК, ретко сонувам, или бар ретко паметам, ама тие што ги паметам се многу чудни соништа. Еден таков имав и утрово... Со личности од мојот живот, одеднаш во сонот бевме мали деца, и направивме "шатор" од кебиња под столовите, како кога си игравме како мали. Кога излеговме од "шаторот" одеднаш бевме постари деца, играјќи си на улица и гледајќи како едно дете малтретира кученце. Го спасивме кученцето и започнавме "војна" со детето и неговата дружина. Одеднаш се тоа се префрли во зима, па снежни топки фрчеа од едниот до другиот шатор, удирајќи во платното. И сопреа. Излегов од шаторот веќе возрасен да видам што се случува, и гледав околу себе разрушен град, пискотници, врискотници, војници. И некој рече, бегајте, доаѓа бомба. И повторно се пикнав во "шаторот", криејќи ги и другите личности со мене додека се наоколу се тресеше. Заврши и тоа. Преживеавме. Излеговме од "шаторот" заедно со кутренцето и наоколу се беше убаво, зелено и сончево. Се разбудив. И уште сум во недоумица што значеше сонов...
Не знам дали некогаш сум сфатила дека единствената работа поради која сум на островот е среќата. Среќна сум и покрај сите проблеми,падови и подеми. Среќна сум и кога не треба да сум. Среќна сум кога одам на плажа…и многу други примери. И така сега си идам дома иако сеуште не сум купила кола,ќе биде и тоа еден ден.
Или изгледа многу предлабоко имаш замислено како изгледа војната во Палестина па си гледал бомби и војници
Ако успеам да се извлечам од анксиозноста овој пат, ќе го посветам животот на тие кои страдаат од неа. Би отворила центар со сместување и еден куп прекрасни активности и програми, оти на анксиозните најмалку внимание се посветува, а истите сметам дека страдаат повеќе од било кој болен човек на планетава. А ете состојба е велат. Ама многу болна состојба! Ве гушкам сите кои страдате од неа!
Среќен #Pride2021 и бидете најсреќни, најисполнети и радвајте се дека од година во година се движиме малку понапред по ова прашање. И бидете горди за то. Because you are doing it besties and should be proud of what you do and who you are. ❤️ #loveislove Ко ја видов сликава морав да ја додам. Стварно. Не треба многу напор да сме малку поотворени и полни со љубов кон другите. Поќе љубов. Помалку омраза. Поз. ❤️
Со исти мисли сум ја сум пред крај на ова патување и колку сакам сите во групана анксиозност да ги изнагушкам и да им кажам дека се борци и дека бог е со нив и има светло на крајот на тунелот , и благородно е после вакво искуство да можеш да помагаш