Евоцирав спомени и се сетив на средно и лекцијата по економија - инфлација. Помнам дека три месеци учевме на оваа тема, секој час, со сите детали, до тој степен што главите ни беа на раб од експлозија. Едвај чекавме да дојде денот за испрашување зошто ни здосади, а и професорката ни беше бајаги забегана и загреана додека објаснуваше. Нешто налик овoj лик: Ииии...дојде тој ден. Денот на испрашување. Професоркава не почна по азбучен ред туку од најголемиот труп во класот. Tипот беше глуп ко тарабука, на испрашувања стандард не знаеше ништо. Небитно. Го вади на табла и овој распалува како пушка! Oдеднаш ги знае сите дефиниции, модуси, методи, начини... Ние цел клас во шок, ко wtf just happened?! Цели 35 минути ликов што "A" не знае да зуцне го спасува цел клас од испрашување и збори како навиен без грешка. Професоркава како на облак, ЛЕБДИ ВО ЕКСТАЗА! Го слуша, потврдува и трепери...просто свршава. Во позадина меѓувреме се слушаат чудни звуци, ама не обрнував нешто посебно внимание. И само одеднаш, при крај на часот се дешава другарот на ликов од задната клупа кој беше стонериште првокласно да ја довикне професорката и рече ,,професорке се извинувам, ама јас се ПОСРАВ!'' Професоркава нервозна ифрит. Експресно го исфрла надвор, отвара прозорци, додека ние умираме од смеење. На крај од часот кецарот добива 5 за полугодие. Е, тоа беа времиња бе! Пред десет и кусур години кога бев средношколка. Тоа беа факен времиња кои идниве генерации можеби никогаш нема да имаат прилика да ги доживеат повторно.
Сдк денес на лекар имаше гужва и не ми се чекаше и одлучив да флертувам со еден дечко кој беше вработен таму , ем ме примија преку ред ем резулатите ми ги направија многу побрзо отколку што требаше. Sorry луѓе што чекавте I had to do it , ужас ни е здравствениот систем.
Имам една другарка, иде со еден грев гревосан, ама онака стварно не знам како е можно онаква премија од девојка со онаква креатура да коегзистира. Сељак, џигерот и го јаде, очигледно си има комплекси типот дека е презгодна и прејака и дека може кој сака да го има и и има забрането се живо и диво, со нас не смее да се види, не смее сама да искача, не смее кратко да носи, same old приказна. И денеска го гледам на фб, акнал коментар со капс лок како тоа педерите биле лоши пошто ЖЕНАТА БИЛА СОЗДАДЕНА ЗА ДА СЕ САКА И ДА СЕ ПОЧИТУВА, а не за тие во чмар да се пукале. ... ...... ....... ........ ........... Некогаш сериозно се запрашувам како е можно некој толку да е глуп, онака физичка болка осеќам од шо се глупи одредени амеби. И така.
Sry ама и другарка ти не била нешто којзнае колку паметна штом го трпи ропакот Сдк .. Денес се сретнав со другарка од средно. Колку само беше вредна и мирна додека учевме заедно. Секоја 5ка и беше целосно заслужена, многу амбициозна и девојка на место. Се сретнавме на улицата каде што се дружевме после школо и ми кажа дека ќе оди во странство. Завршила факулет со просек но работи по струка некоја сосем обична работа а платата не и стига зошто никој од домашните не земаат добри плати. Душичка колку само не сака да си оди.. Едвај ги задржа солзите.. Камо да беше таа единствената во таква ситуација.
Зошто почнуваат да ме иритираат мајки кои пишуваат статуси за некоја смешна случка што му се случило на помалото дете, што му рекло на бебето. Па бебето угнало. Па како поголемиот му направил нешто на помалиот... Секако не спомнуваат имиња...
Премногу се дигитализиравме. Како луѓево порано знаеле да се радуваат? Знаеш која среќа беше кога ќе ги видевме сите блиски во живо, па исчекување, па замислуваш колку пораснале бебињата, па кога ќе ги видеш, ќе почувствуваш меко, убаво, мило бебче. Па нареден месец, колку пораснале на гости. А, сега, црц, прц, али, камера, фб, постови,. Не знам, мене сето ова ми губи чувство за човечност.
Свадба со протоколи е единствената свадба на која сакам да присуствувам! Да се донеси закон засекогаш. Најчесто сум извлечкана: срамота е да не одиш. Ај одиш, срамота е да не играш. Па оти не јадиш, слаба си дома не те ранат. Ако јадиш ти ги бројат залчињата. "Ја видовте тааа на Пецо каква беше, на ништо не личеше". Ќе ти се соберат 16 тетки шо прв пат ги гледаш да те натерат бидермаер да фаќаш. Па бацвање, гушкање со сите. Земање зет, невеста и играње на улица, адетите со пари во штиклата, не ти ја даваме невестата, зете мили зете, кумот со ќесето изгорено = . "Ај и на главче, кога ќе се мажиш, јас на твој години..." Не! Хејтер голем сум кога се свадби во прашање, ништо против оние кои уживаат. Си велам да го запросам мојот, да поминиме без играње, пеење и гости шо ја поканиле баба ти на свадба па срамота е да не ги поканиш и ти. И да, во животот никој ме нема слушнато да пеам, а имам играно еднаш со сила и траума ми е во 2 сабајле, затоа е рефератов. Со среќа на сите кои имате закажано. Барем јас имам многу познаници кои кажаа да годинава.
Ич да не ги дозволуваа. Топ си правеа една година, матично, ручек и ајт по дома. Свадбиве кај нас се циркуз кој го плаќаат најчесто родителите на младите уште долги години ама изгледа таков ни е менталитетот овде и тешко да се искорени оваа традиција. А и не дека ќе се почитува протоколот кој е донесен особено кога ќе се испијанат гостите али ок… Со среќа и од мене, ќе им треба.
Најјаки ми се оние што бараат пример гинеколог, матичен, стоматолог во групите на фб. И коментари, оваа, онаа, оној доктор, најдобар, нај ова, она. Па ги тагираат докторите и они кликаат срце, лајкче.
Жива да си за муабетов. Голем антитрадиционалист сум и јас, ништо против оние кои уживаат. Ама некои обичаи реално се ту мач. Ќе треба компромиси со дм да прајме, не дека ептен сака традиции тој, ама нели "да се помини на редот". Во случајов, less is more. Што е до мене, строго само најблиски, околу 50 души вкупно се сосема доволни. И повеќето да е забавно да се изнаиграм од мерак, а не по ора да се влечам. Ама ко народ сме ептен галамџии, уште долго ова ќе трае, шта чеш.
На тема свадба, секогаш сум сметала дека е претеран кич. Ние сме навикнати на тамбураши, музика, мерење пред луѓето кој каква свадба направил. Канење на гости од двете страни кои само тогаш ќе ги видеш и никад више. Непотребен трошок. Само најблиските на ручек и тоа е тоа. Парите наменети за свадба може да се искористат за нешто друго. Уредување на дом, одмор, купување на апарати за домаќинство или нешто сосема трето.
Јас воопшто не сакам свадби , гласна музика гужва растрчани дечишта . Едноставно бљак . Баш пред некое време нешто ми зборуваа од дома колкава свадба ќе направиме за тебе ... Не не фала јас не сакам свадба а па не уште голема . Се надевам дека ќе си се помират со време дека не правам свадба и дека нема да треба да се расправам . Зошто стварно ме е нешто без потреба само гужви и фрлање пари ми е . Само најблиските е доволно нема потреба од огромни фешти.