Јас па со душа чекам да заиграм и да се запијам на некоја свадба, ама штета шо немам ниту една во блиска иднина. Сељанка у души.
На тема свадба јас сум можеби една од ретките што ги обожавам. Секогаш ме фаќа еуфорија кога се оди на некоја свадба, играње, јадење, пиење и цела фотосесија со слики. Во денешно време сметам дека свадбата сепак е повеќе чин кој се прави за другите. Самата свадба е премногу стресна особено за невестата која секогаш е во центарот на вниманието од страна на сите и свадбите на кои досега сум била гостин сфатив дека јас кога би била невеста не би сакала такви тортури. Да, во иднина сакам свадба, ама не да се соберат 300 луѓе од кои повеќе од пола првпат во животот ги гледам. Да сумирам: за мене е рано да зборувам и планирам за свадба, ама никогаш нема да речам не за одење на свадба и веселење.
Кога сме кај свадби, и јас традиционална свадба не би сакала, не се пронаоѓам во таков вид на прослави. Би сакала нешто забавно, плажа, вечерна атмосфера.. И секако што е можно помалку луѓе. И со 10 не би ми сметало да прославам.
Јас: Се спремам за 5 дена у Охрид. Исто јас: Забораив да ѕирнам временска прогноза, се надевам ќе ме послужи времето. Времето:
Златни беа времињата каде што со 30 денари џепарлак за во школо јадевме лебче со кечап и мајонез од 10 денари. 20 денари за пирошка многу ни се видоа… *Ми текна денес дур си го јадев бургерот за ручек… Некогаш и тоа не најадувало.