600 денари дневник за книги+достава, па не знам дали сте нормални.. За тие пари ќе си купам 3 книги. Топ ми е нотесот шо си го користам..
Толку ми е празна душата што едвај дишам едвај живеам едвај функционирам. Колку би сакала да се разбудам во свет без интернет во куќата моја во креветот мој да го осетам мирисот на таткоми и мајка ми нивното присуство,животот би го дала да ми каже некој дека ќе се случи барем еден ден. Мамо и тато премногу ми недостигате и од дома заминав и спокој не најдов . Простете ми
Најтешко е кога ќе го осетиш тоа непријатно чувство дека дома со своите родители ти било најмирно. Но тешко е и кога со нив не ти е мирно. Секогаш сакав да заминам барајќи го мирот со самата себе и го пронајдов. Барам утеха секогаш во мене и во самата јас дека си сум тука и не се осеќам празно и сама. Но, сепак во твојот случај тој мир бил со твоите дома жал ми е што се осеќаш така, пробај да ги потполниш тие празнини некако со самите обврски. Среќно
Замина уште еден дел од мене,те чував цели 13 години,ке ми фалиш премногу,никогаш нема да те заборавам,имај мирно небо Спојлер
Ако заради нешто го мразам Скопјево тоа е што цело факинг време се гради и реновира од сите страни без осет за време и место. Моментално ми чука чекан од комшијата над мене, брмчат некои машини од соседна зграда и не знам од кај доаѓа еден таков одвратен звук на бормашина, од такт да те извади. Нема ништо погадно од тоа Недела сабајле кога сакаш да одмориш да те разбуди чекан над глава. Ужасно.
Очилата за сина светлина(blue light control) или пак додатокот за сина светлина на диоптриските очила се чист маркетиншки трик. Преку низа на студии утврдено е дека не помагаат за тоа шо се рекламираат.
Стварно сакам да сум оперирана од срам како овие што мислат дека е тотално во ред за време викенд, особено недела кога ти е единствениот ден за одмор, да гњават за услуга од типот СаМо дА пРаШаМ како под нозе да гори. Мислев дека врвот ми бил кога ме бараа на први јануари утрото ама еве не. Ни празник ни викенд ни одмор ни слободен ден. Едноставно мора да си им достапен 24/7 божем немам живот надвор од професионалната средина.
Од сите работи кои ми се несфатливи околу новава ера на инфлуенсизам, најверојатно најнесфатлива ми е, кога од родено свое чедо бебе се прават пари. Ми излегува спонзориран пост на инстаграм од нејзиното 8месечно бебе во не знам каква позиција, со не знам какви алишта, и си велам... какво е чувството да си ја сликаш својата малечка ќерка со намера за реклама, ја прикачуваш, влегуваш во делот за адс, и си селектираш публика, и си ставаш буџет за колку пари да ти оди рекламата со слика од твоето бебенце. Можеби треба да седнам на кафе со некоја таква мајка, па да ми ја разјасни менталната состојба за процесот низ кој поминува, а можеби и треба некоја социјална служба да биде вклучена во сето ова... Како и да е, можеби и не сакам да сфатам. И јас за некого сум несфатлива...
Песнана "Заборави" од XXL ми буди носталгични чувства за невина љубов во тинејџерските години која никогаш ја немав (возвратена) со никого. Имам приметено при слушање и други песни, како и настани кога некој раскажува како ми се појавува носталгија, иако никогаш не сум го доживеала тоа. Интересен феномен дефинитивно.
Господе боже, не ми се верува!!! Истово сакав да го напишам попладнево, една обврска ме спречи.. Во шок сум, колку сме поврзани ние луѓето, и колку приказни делиме.. Заборави сѐ, 2001 пролетта.. Мојата прва, најголема, невозвратена љубов, што ми се одрази во целиот мој развој што следеше понатаму..
Сакам различни луѓе. Не, не сакам од оние што секогаш го следат трендот, ма да било на стил на облекување, однесување, сликање за Инста, па копирање на инфлуенсери, на видеа од Тик Ток. Сакам луѓе ОРИГИНАЛ.