Сфаќам,иритира.Ама,не можеме да им замериме на сите.Не знаеме како им е дома.А,и некои се такви,прегласно зборат. Завчера,во автобус еден влезе и почна да му се дере на мало дете Ромче,излези,излези,излези... Детето се исплаши и почна да вика зошто. Сите други молчеа.Никој не се бунеше,на никој не му сметаше.Дете од 6-7 години. Само тој му се дереше.Демек,штом е Ромче,мора да е и лопов. Простак!
Еве,јас. Не слушам турбофолк.Слушам рок,ама не Монескин.Не ми се допаѓаат. Пуштав,не видов подобрување и баталив.И на Евровизија имаше многу подобри. Нема да се извинам што не паѓам на рецитирање.
Времево е толку променливо, што секое стори на инста е различно, де пролетна, де есенска слика, зависи кое време сликале
Иритира, во бус имам осетено, ама ете можеш од слободно време да пишеш, како и милион други работи пишани на форум по сите теми. Реално што за некој е банално, за друг е поважно, поприметливо и сл....
OДИМЕ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВООООООООООООООООООО ТАМУ НИ Е МЕСТОООООООООООООООО Ме дрма еуфорија, пардон.
Шетам низ Џамбо за прв пат без струја. Цело Скопје е оставено така да "виси". Луѓето некако возбудени и изненадени. Продавниците сред бел ден темни и мрачни. Плус тоа она пултот за книги отворен и примамлив, па решив да си купам книга и тоа без фискална. Скопје знаеш да влееш различна димензија во секојдневното живеење само што некогаш треба на момент да "цркнеш".
Едно е да не ти се допаѓа друго е да зборува како не е музичар ало победи на Евровизија не мора да и се допаѓа ама нека остане на тоа с не да вика не е музичар и не знам што ти таму. Почитувај туѓо ако сакаш да го почитуваат своето. Simple as that .
Абе искрено јас не го ни слушам него но стварно нема потреба да зборува како он не бил музичар само затоа што не и се допаѓа на неа.
Едно е да не ти се допаѓа, ама друго е да вреѓаш изглед, да тврдиш дека нема талент, музиката не чинела, па уште "леле не знам како го сакаат сите овој". За коментари по фб уште да не спомнувам, секакви навреди па уште и смрт посакување. Не се вреѓаме ние ако не му се допаѓа на некој, ама очигледно многу луѓе се butthurt оти станаа толку популарни и сакани како група.
Го завршив проектот навреме, напишав мејл до професорот внимавајќи на сите граматички и правописни правила, содржината на текстот, формалните поздрави и сл. Потоа десет минути ги читав трите реченици за да проверам дали имам некоја грешка и на крај ја пратив пораката без да ја прикачам датотеката Е во вакви ситуации сакам да постои опција за редактирање на мејлови
Коментарите на ФБ се дно дна,ама во никој случај не е навреда да се каже дека нема талент,туку реална процена по ислушани 100-ци други музички артисти. Прашање на вкус е.Не може на сите да ни се допаѓа исто.
Прашање на вкус е дали ти се допаѓаат песните или не, а не дали има талент. Не можиш да тврдиш дека нема талент само затоа што не ти се допаѓаат песните. Има многу пејачи/ки кои не ги слушам и не ми се допаѓаат, ама не одрекувам дека имаат талент за пеење.