Претешко ми е. Доживеав тешка анксиозност пролетва во странство каде сум во брак со сопруг кој многу го сакам, но анксиозноста не ми дава да бидам мирна таму. Се вратив кај моите оти очекував дека ќе бидам подобро тука. Но, не сум. Родниот град повеќе не го чувствувам за тоа. А ниту местото каде сум мажена ми е дома. Родителите ми се веќе со уништено здравје од премногу работа и лошите услови за живот овде. Јас сум без работа и без некое солидно образование, оти во младоста одбирав да бидам "принцеза" секогаш на грбот од партнерите. Ме мрзеше да учам и да работам оти се замислував за премногу посебна за да правам било што такво, а и додуша од дете бев анксиозна и со многу фобии и најлесно ми беше да се чувствувам заштитено од некој партнер, обично повозрасен шугр дади кој ќе ме пази како дете. Сега имам 34 год, имам напола уништено здравје од опијатите кои ги користев долги години. Љубителка бев на дроги. Сега сум пред хипертироидизам. Лом хормони. Без седатив не можам да спијам. Измачени родители кои дополнително се несреќни што ме гледаат ваква. Сопруг кој прави сѐ за да ме спаси, но прво искуство ми е да сакам некој со кој треба да бидам самостојна и да живеам во странство, и сето тоа претешко ми паѓа. Изгубена сум тотално. Очајна и безнадежна. Ве молам давајте сѐ од себе да бидете самостојни уште во младите години. Ве преколнувам, никогаш не зависете од партнери-спонзори. Работете и како хигиеничари, ниедна работа не е ниска! Колку и да е тешко овде, прифатете било каква работа додека најдете подобра. Ве молам, не сте свесни колку е тешко на 30 и некоја да се разбудете како мене до гуша со егзистенцијални и здравствени проблеми и без имунитет и средства да се носите со истите. Ве молам! Колку и да ви е тешко, сетете се на оваа очајничка со погрешни искуства и не се потпирајте на ничиј грб ако имате шанса да заработите на морален начин и за парче леб. Така стекнувате имунитет и морал кој многу продуктивно ќе ви се одрази низ животот.
СДК дека ми е преку глава што за секое едно треба да се објаснувам на луѓе и што за секое едно прашуваат. Па мајке му нит прашувам нит ме интересира нит бутур. Кога ќе научат луѓето дека треба да си се гледаат себеси и да не берат гајле за други. Затоа и се повеќе се повлекувам во самотија, не дека сакам туку така си го наоѓам мирот и ратот.
Едно утро ќе се разбудиш и нема да се препознаеш себе си. А тоа нема да биде утро после пијана вечер. Ќе биде сосем трезно, али вие ќе бидете пијани од сопствената трезност. За да не доживеете вакви утра, вложувајте во вашиот развој и не срамете се од било која работа ако истата е чесна. Не бидете како мене.
12.06, тоа е моја дата и денес ми е роденден. Годинава ми ја одзема највлијателната личност во мојот живот, жената која ме чуваше од раѓање и ме израсна да станам човек. Бабо, ова е прв роденден што го славам без тебе и бескрајно, неопишливо ми недостигаш. Знам дека ме гледаш од горе најмила моја. А, ти животе, биди малку пофер и те молам барем чувај ми го семејството. Само да сме сите на број. Ништо друго не барам, ама баш ништо. Повелете, од мене. Да сме живи и здрави!
Пред се нека ти е среќен роденденот А за другото напишано ми се насолзија очите,бидејќи јас секој ден стравувам за моите баби да не отидат на тој свет си ѓи сакам преммогу. Нека почива во мир баба ти,сега те гледа одозгоре.